Одбројување

Term Main definition
Одбројување

Веројатно се наоѓате на некоја пресвртница и потребно е да одлучите што и како понатаму.

Што значи да сонувате како одбројувате?

Ако одбројувате секунди

Ваквите соништа симболизираат некој вид на страв од последици кои би можеле да ви се случат поради погрешна одлука. Веројатно се наоѓате на некоја пресвртница и потребно е да одлучите што и како понатаму. Во тој случај стравот е сосема нормален и оправдан, но немојте да ве парализира затоа што така ќе пропуштите некои прекрасни работи во животот.

Ако одбројувате минути

Доколку сонувате дека одбројувате минути, тоа значи дека ќе морате да бидете многу трпеливи за да го остварите она што сте наумиле. Употребете ги своите тактички способности и немојте да влегувате во нешто за што не сте сигурни дека има позитивен исход.

Мудро однесувајте се спрема луѓето кои можат да ви помогнат во процесот на остварување на вашите цели и не дозволувајте емоциите да ви преовладаат над разумот.

Ако одбројувате часови

Кога во сон одбројувате часови потсвеста ве предупредува дека е време да се заземете за себе. Предолго на прво место ги ставате оние кои ви значат. Сега сте ги навикнале на тој факт, но вие сте сè помалку задоволни од начинот на кој живеете.

Верувајте дека не е доцна тоа да го промените и дека не треба да се плашите како околината ќе реагира на таа ваша одлука. Вие подеднакво заслужувате да бидете среќни и задоволни, колку и луѓето околу вас.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg