Облека

Term Main definition
Облека

Доколку во сон гледате облека, тоа подразбира дека не сакате да се врзете. 

Што значи да сонувате облека?

Доколку во сон гледате облека, тоа подразбира дека не сакате да се врзете. Не размислувате за брак и семејство, туку се трудите да уживате што е можно повеќе во животот.

На тој начин ги повредувате луѓето кои би сакале да имаат сериозна врска со вас. Ќе ви биде жал за тоа, но сметате дека сте искрени и дека не сте му ветиле никому она што не можете да го исполните.

Ако сонувате дека перете облека

Кога во сон перете облека, тоа укажува дека ќе имате корист со нечија помош. Веројатно ќе се држите до личност која ќе напредува на работа. Ќе процените дека неговото/нејзиното време допрва доаѓа, па затоа ќе го/ја поддржите надевајќи се дека тој/таа ќе ви возврати со иста мера.

Ако сонувате дека соблекувате облека од себе или од некого

Ако има еротска конотација, ви мачат некои грижи што треба да ги споделите со блиска личност. Ако не, претерано работите, потребен ви е одмор.

Ако во сон изгубите или облека

Доколку во сон ја изгубите облеката, тоа е предупредување дека ќе се срамите. Може да се случи да направите нешто со што нема да бидете особено горди.

Да биде работата уште полоша, ќе дознаат луѓе кои не се дискретни и кои нема да ја пропуштат можноста да ве потсетат на некој непријатен настан.

Ако сонувате дека купувате облека

Кога во сон купувате облека, тоа укажува дека ќе го заведете партнерот/ката. Се трудите да ја освежите вашата врска/брак со ситници. Свесни сте дека вашите чувства не се исти како на почетокот, но правите сè за да избегнете да дојде до заситување.

Ако сонувате валкана облека

Ако во сон гледате валкани алишта, тоа означува расправија. Можно е членовите на вашето семејство да не го ценат вашиот труд, затоа оставаат работи насекаде низ куќата. Тие се во состојба да создадат хаос за неколку минути, за кој вам ви е потребно многу време да го средите.

Честопати си велите дека нема да одите по нив  и да кревате, но не можете да трпите неред.

Ако сонувате чиста облека

Доколку во сон гледате чиста облека, тоа симболизира љубовно доживување. Може да се случи да бидете интимни со личност која одамна ви се допаѓа.

Нема да размислувате многу за тоа што ќе се случи понатаму и дали ќе останете заедно, туку ќе уживате максимално во секој момент.

Ако сонувате нова облека

Кога во сон гледате нова облека, тоа укажува дека ќе сретнете стари пријатели. Веројатно ќе се договорите со нив да одите на пијачка и да разговарате за тоа што ви се случило во меѓувреме. На овој начин ќе направите пресек на еден период од животот што, и покрај сè, може да го сметате за успешен.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, купиле, переле, соблекле или сте изгубиле алишта, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg