Невеста

Term Main definition
Невеста

Гледање: радост, среќа; бакнување: веселба на свадба или крштевање; играње со невеста: брак во блиска иднина; водење до олтар (матичар): ќе ти се исполни желбата.

Што значи да сонувате невеста?

Ако во сон умре невеста, тоа значи дека ќе се венчавате двапати. Можно е да влезете во првиот брак без искуство и свесност за тоа што значи живот за двајца. Нема да бидете подготвени за компромиси кои се неопходни за успех на една заедница, поради што ќе заминете и добро ќе размислите пред повторно да стапнете на лудиот камен.

Сонување дека вашата невеста бега, подразбира дека се сомневате во чувствата на  партнерот/ката. Веројатно мислите дека вие сте тој што се труди повеќе за вашата врска/брак да успее. Правите сè со цел да ја израдувате саканата личност, но имате впечаток дека ништо не е доволно за него/неа. Ќе се обидете да разговарате на таа тема, но таа вешто ќе ја избегнува.

Кога во сон ќе изгубите невеста, тоа укажува дека не сте сигурни во вашиот избор. Може да се случи да се запрашате дали сте постапиле добро и дали сте ја избрале вистинската личност со која ќе го поминете остатокот од животот. Ќе ви паѓаат на памет пропуштените можности што ќе ги идеализирате и ќе ги вивнете во sвездите, додека кај партнерот/партнерката ќе наоѓате само мани.

Ако во сон гледате невеста, тоа симболизира радост. Можно е да слушнете добри вести поврзани со блиска личност. Ќе бидете навистина среќни за него/неа и ќе сакате да учествувате во подготовките со еднаков ентузијазам како да ви се случува сето тоа вам.

Сонување дека бакнувате невеста означува веселба на свадба или крштевање. Веројатно ќе бидете поканети на прослава на која, на почеток, нема да ви се оди, но неочекувано добро ќе си поминете и ќе се вратите полни со позитивни впечатоци.

Друго значење е дека сакате личност што ви е забранета. Можеби сè уште се надевате дека ќе бидете со него/неа, но ќе се уверите дека тоа полека станува невозможна мисија. Сè повеќе ќе наидувате на докази дека нема смисла да се борите за таа врска, затоа што односната личност одамна тргнала по својот пат и го заборавила минатото.

Кога во сон играте со невеста, тоа укажува дека наскоро ќе се омажите/ожените. Може да се случи во следниот период сите коцки да се наредат и да започнете да планирате заеднички живот и брак со саканата личност. И за двајцата тоа ќе биде остварување на сонот, па ќе имате трема дали сè ќе излезе како што сте замислиле.

Доколку во сон однесете невеста пред олтар, тоа подразбира дека вашата желба ќе се оствари. Веројатно е поврзана за вашиот емотивен живот затоа што личноста што ви се допаѓа подолго време конечно ќе обрне внимание на вас. Отпрвин ќе ви се чини дека сте замислиле сè, но луѓето од околината ќе ја потврдат точноста на она што го зборувате.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, бакнувале, играле или сте воделе невестакон олтар, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за невеста

Невеста е личност од женски пол која се венчала или ќе се венчава. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg