Несвестица

Term Main definition
Несвестица

Паѓање во нессвест предупредува да се откажете од започнатата работа, загуба, а да гледате друг во несвест значи дека среќата ви се насмевнува.

Што значи да сонувате несвестица?

Ако несвестицата во сон е поврзана со вас, тогаш ви порачува да преиспитате некои одлуки и да посетите лекар, а ако е поврзана со други, ви предвидува поволен период.

Ако во сон паднете во несвест

Доколку во сон паднете во несвест, тоа е предупредување да се откажете од започнатата работа. Можно е да сте уверени дека вреди да се инвестира во нешто што, досега, не се покажало како профитабилно.

Ќе сметате дека вие, за разлика од другите кои не го увиделе потенцијалот на споменатата инвестиција, ќе успеете да се збогатате.

Друго значење е да одите на редовна контрола. Веројатно сметате дека сè е во ред со вашето здравје додека не се појават проблеми за кои не наоѓате јасни причини.

Премногу сте зафатени за да размислувате за себе заборавајќи дека мора да бидете добро и поради доброто на драгите луѓе кои ве сакаат и кои зависат од вас.

Ако сонувате дека некој друг паѓа во несвест

Кога сонувате дека некој друг паѓа во несвест, тоа укажува дека среќата ви се  насмевнува. И во вашиот случај, ќе се покаже точноста на изреката: „додека на еден не му се стемни, на друг не му се разденува“. Може да се случи вашите желби да се остварат затоа што конкурентите ќе бидат спречени да ви се спротивстават.

Ќе уживате во триумфот, но ќе бидете свесни дека сето тоа е променливо и краткотрајно.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте паднале во несвест или сте виделе како некој друг паѓа во несвест, тоа сигурно ви оставило  впечаток.

Дефиниција за несвестица

Несвестица е пореметување на ориентацијата кое е придружено со нестабилност, гадење и сл.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg