Наследство

Term Main definition
Наследство

Очекување: ќе се ослободиш од грижите и неволјите; добивање: сиромаштија; губење: смртен случај.

Што значи да сонувате наследство?

Наследството во сон има, главно, негативно значење и е поврзано со проблеми и тешка материјална состојба, додека чекањето наследство се однесува на верувањето во подобра иднина.

Ако во сон очекувате наследство

Ако во сон очекувате наследство, тоа укажува дека ќе се ослободите од грижите. Можно е дека ќе спроведете во дело тешки одлуки за кои долго време размислувавте. Ќе сфатите дека не постојат пари што можат да го купат вашиот мир, па затоа ќе се откажете од луксузот кој и онака не ве направи среќен/а.

Ако сонувате дека сте добиле наследство

Доколку во сон добиете наследство, тоа означува сиромаштија. Веројатно ќе ви останат обврски кои некој од членовите на семејството не ги платил, поради што ќе влезете во сиромаштија. Сепак, најважно за вас ќе биде да ја зачувате честа и образот, додека пари ќе заработите кога-тогаш.

Ако во сон изгубите наследство

Кога во сон ќе изгубите наследство, тоа подразбира дека сами на себе ќе си го искомплицирате животот.

Вие сте личност која честопати нема мерка, па не умеете   да се запрете на време. Во состојба сте да ги потрошите сите пари без да размислувате за иднината и за последиците што може да настанат.

Ако сонувате дека присвојувате туѓо наследство

Ако во сон присвојувате туѓо наследство, тоа означува заблуда. Може да се случи некому да му завидувате за врска или за работа што ја има, но кога и сами тоа ќе го стекнете, ќе сфатите дека работите не се такви како што сте ги замислувале.

Ќе ја откриете и другата страна на медалот, која нема да биде особено блескава.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте добиле, сте изгубиле или сте присвоиле наследство, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за наследство

Наследството е имот кој најчесто се остава на членовите на семејството.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg