Нарилник
Term | Main definition |
---|---|
Нарилник | Внимавај што зборуваш на јаве, не ги доверувај своите тајни секому. Што значи да сонувате нарилник?Ако гледате нарилник во сонАко во сон гледате нарилник, тоа е знак дека ќе направите нешто против вашата волја. Можно е да дојде до промени во вашата фирма, па ќе мора да им соопштите лоши вести на некои колеги. Ќе ви биде многу тешко, но ќе преземете одговорности што ги подразбира вашето работно место. Многумина ќе ви замерат што не сте се зазеле доволно за нив, но ќе имате чиста совест затоа што знаете дека сте се обиделе за сè што е во ваша моќ. Ако сонувате дека носите нарилникКога сонувате дека имате нарилник, тоа е опомена да внимавате што зборувате. Често сте имале проблеми поради вашата искреност и луѓето погрешно ве сфаќале. Главно се водите од изреката „што на ум, тоа на друм“. Меѓутоа, ќе се најдете во ситуација во која најдобро ќе биде да го задржите своето мислење за себе. Доколку го изнесете, личноста за кое е наменето ќе се навреди и ќе го прекине контактот со вас. Ако некој друг носи нарилник во сонСонувањето дека други имаат нарилник укажува дека некој ви ја премолчува вистината. Родителите отсекогаш сакале да ве заштитат од лоши вести, и тие ќе продолжат да се однесуваат така и кога ќе бидете возрасна личност. Многу пати сте се соочиле со суровата реалност неподготвени, но и тоа ќе ви биде подраго отколку да живеете во лага и под стаклено ѕвоно. Толкувањето зависи од контекстот во кој се одвива сонот и од чувствата и деталите што го придружуваат. За време на ваквите соништа, обично може да почувствувате вознемиреност, непријатност, гадење, страв и болка, а поретко олеснување и радост. Ако ставате нарилникДоколку сонувате дека некому му ставате нарилник, тоа значи дека ги криете вашите вистински чувства кон некого. Можно е да чувствувате приврзаност кон пријател или деловен колега, но се плашите да му/ѝ го признаете тоа. Од друга страна, овие чувства можат да бидат и негативни. Можеби „трпите“ некој затоа што тој е дел од вашето пошироко семејство или круг на пријатели. Долгорочно гледано, оваа нетрпеливост ќе излезе на површина кога-тогаш, па затоа би било најдобро да му/ѝ се обратите насамо и да го кажете тоа што го имате. Ако вам некој ви стави нарилник во сон, можно е да претрпите критики од професор, шеф или постар член на семејството. Ќе се чувствувате како дете затоа што ќе знаете дека сте погрешиле, а ќе ви биде срам затоа што сте се довеле во таква позиција. Ако ништо друго, барем ќе научите што треба да правите за да не се повтори. Ако вадите нарилникСонувањето дека вадите нарилник значи дека ќе признаете на блиска личност сè што ве мачи. Без разлика дали станува збор за пријателски или емотивен однос, конечно ќе одлучите да кажете сè што ѝ замерувате на таа личност, подготвено прифаќајќи го ризикот вашиот однос да се промени целосно. После тоа ќе се чувствувате големо олеснување. Кога сонувате дека некому вадите нарилник, тоа ја симболизира потребата да заштитите некого за кого сметате дека е загрозен. Најчесто ваквите соништа ги сонуваат родители кои се загрижени за своите деца. Мора малку да се опуштите и на работите да гледате од друг, посветол агол. Сон во кој некој ќе ви го отстрани нарилникот укажува на потреба за поддршка. Минувате низ тежок период, а ви се чини дека немате со кого да разговарате за тоа. Имате впечаток дека сите се окупирани со своите грижи, па затоа не сакате да ги оптоварувате со своите проблеми. Вашиот пристап е потполно погрешен и ако сте подготвени да слушате, тогаш сигурно имате некој во своето опкружување кому можете да му се доверите. Ако купувате нарилникКога во сон купувате нарилник, тоа е знак дека ќе се посрамотите во поголемо друштво. Ќе учествувате во разговор за тема за која многу малку знаете и, во намера да се вклопите, ќе кажете нешто што ќе предизвика потсмев кај присутните. Ќе сфатите дека често е подобро да се молчи отколку да се кажете нешто „туку-така“. Тоа ќе ви послужи како добра лекција за во иднина. Ако продавате нарилникСонувањето дека продавате нарилник укажува на проблем во комуникацијата со членовите на семејството или со колегите на работа. Во последно време сте доста раздразливи и многу бурно реагирате на секоја критика. Со своите зборови честопати ги повредувате луѓето околу вас, дури и без да бидете свесни за тоа. Ќе мора да ја „спуштите топката“ и да ги преиспитате причините за ситуацијата во која се наоѓате. Ако подарувате нарилникАко некому во сон му подарите нарилник, тоа значи дека ќе го запрете ширењето озборувања за себе. Некој ќе се обиде да ве дискредитира со лаги, но вие ќе користите добра тактика за да му ја „затворите устата“. Ќе покажете дека ништо не може да ви го уништи угледот и дека „ситните души“ не можат да ве поколебаат во вашите цели. Ако добиете нарилник на подарокДоколку во сон некој ви подари нарилник, тоа значи дека ќе мора многу да се докажувате за да ја задржите својата позиција во фирмата во која работите. Имено, добивте „опасна“ конкуренција која нема да се двоуми преку вас да напредува во работата. Затоа ќе мора да вложите многу волја и работа за да покажете дека сте поспособни од него/неа. Нема причина за паника, само задржете ја мотивацијата и високото ниво на самодоверба, така што резултатите нема да изостанат. Нарилник за кучињаКога во сон ќе видите нарилник за кучиња, тоа подразбира дека ќе решите проблем што ве мачи долго време. Во тоа ќе ви помогнат пријателите и членовите на семејството, од кои ќе добивате и голема поддршка. Ќе им бидете благодарни за тоа и ќе најдете начин да им се оддолжите. Нарилник за коњиАко сонувате нарилник за коњи, тоа значи дека вашиот труд нема да се исплати. Ќе вложите многу време и енергија во работа што ќе донесе профит за другите. Тоа ќе ве фрустрира и ќе ве натера да посакате да бидете „свој газда“. Ќе бидете свесни за ризиците што ги преземате, но сепак ќе размислите да започнете сопствен бизнис, за конечно да ги почувствувате придобивките од својот талент, работа и вештини. Нарилник за биковиДоколку во сон видите нарилник за бикови, тоа подразбира дека ќе мора да се откажете од храна што не одговара на вашиот организам. Веројатно веќе некое време чувствувате симптоми кои ве загрижуваат. Кога конечно ќе одлучите да посетите лекар, тој сигурно ќе ви каже да ги промените навиките во исхраната. Тоа тешко ќе ви падне, но ќе бидете свесни за сите лоши работи што би можеле да се случат ако не промените нешто. Воведете повеќе физичка активност во својата дневна рутина, тоа благотворно ќе дејствува на вашето тело и дух. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе нарилник или сте го купиле за вашето домашно милениче, тоа ви оставило впечаток. Дефиниција за нарилникНарилник е посебна направа која се става на муцката на животните за да не можат да касаат. |