Најденче

Term Main definition
Најденче

Сонување најденче предупредува на неверство во бракот.

Што значи да сонувате најденче?

Најденче во сон има негативно значење, а во зависност од контекстот може да претставува страв од осаменост, напуштање, неправда итн.

Ако во сон гледате најденче

Ако во сон гледате најденче, тоа означува неверство во брак/врска. Може да се случи во наредниот период вие или партнерот/ката да бидете во искушение на кое  нема да одолеете. Иако ќе ве гризне совеста, ќе ви годи чувството на заљубеност, што ќе ве мотивира да ги решавате секојдневните обврски со насмевка, додека за штетата ќе размислувате дури кога и ако нешто се дознае.

Ако сонувате дека вие сте најденче

Доколку во сон вие сте најденче, тоа укажува дека се чувствувате отфрлено. Можно е да сте доживеале траума во минатото, која е поврзана со одвојување од саканата личност. Иако од тогаш поминало многу време, сепак, не успевате да се опуштите и да поверувате дека околината ве прифатила, туку постојано барате докази што ќе ги растераат вашите сомнежи и стравови.

Ако сонувате дека се грижите за најденче

Кога во сон се грижите за најденче, тоа подразбира дека вашите намери ќе бидат погрешно протолкувани. Вие сте филантроп кој би сакал да им помогне на сите ставајќи се себе на последно место. Меѓутоа, некои во тоа ќе видат потреба за докажување и хранење на егото поради што ќе ве нападнат и ќе ве доведат во непријатна ситуација

Ако сонувате дека тепате најденче

Ако во сон тепате најденче, тоа означува срам. Веројатно ќе се однесувате лошо кон некој што не може или не сака да ви возврати со иста мерка, поради што луѓето околу вас ќе ве осудат. Можно е и вие некогаш да сте биле жртва на неправда, но бидејќи не можете да го истурите бесот врз односната личност, ќе се трудите да му/ѝ најдете замена.

Ако сонувате дека се извинувате на најденче

Кога во сон барате прошка од најденче, тоа укажува дека имате грижа на совест. Веројатно се обвинувате себеси што не сте направиле сè за пријател, партнер или член на семејството. Вие и понатаму живеете во минатото, мачејќи се поради  ненамерна грешка на која ѝ дозволувате да ви ја уништи сегашноста и да ја загрози иднината.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе или сте се грижеле за најденче, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за најденче

Најденче е најдено дете на кое не му се знаат родителите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg