Магионичар
Term | Main definition |
---|---|
Магионичар | Ако видите магионичар на сон значи дека ќе ве измами личноста од која најмалку го очекувате тоа. Што значи да сонувате магионичар?Ако видите магионичар на сонАко видите магионичар на сон тоа предупредува дека ќе бидете измамени. Вашата несигурност ќе дојде до израз во многу ситуации, па некои луѓе ќе го злоупотребат и искористат тоа со цел да ви наштетат. Ќе подарите доверба некому кој е слаткоречив и кој ќе ви ветува кули и градови. Со текот на времето ќе увидите дека е добар/добра на зборови, а од неговите дела нема ниту трага, ниту глас. Ако сонувате дека вие сте магионичарКога сонувате дека вие сте магионичар тоа имплицира дека околината има преголеми очекувања од вас. Можно е на работа или дома да се однесуваат кон вас како да имате магично стапче и како да сте семоќни. Очекуваат да постигнете на сите страни и да им пружите сè, додека за возврат добивате многу малку, или скоро ништо. Ако видите магионичар како изведува триковиАко сонувате магионичар како изведува трикови укажува дека ќе имате среќа во љубовта. Доколку нештата се изјаловат ќе знаете дека имате кому да се ослоните. Едвај ќе чекате да ги завршите дневните обврски и дд се одморите во негово/нејзино друштво и да ги наполните батериите за новите предизвици. Ако разговарате со магионичарДоколку на сон разговарате со магионичар тоа значи дека ќе решите проблем кој ве мачел долго време. Конечно ќе можете да се опуштите бидејќи ќе го симнете товарот од плеќите. Ќе бидете многу порасположени за дружење и со елан ќе прифаќате нови предизвици. Слободното време искористете го за дружење со семејството и пријателите кои сте ги запоставиле поради обврските. Ако во ваш сон некој друг разговара со магионичар тоа имплицира дека ќе мора да ја пропуштите венчавката на вашата драга личност. Деловните обврски нема да ви дозволат да му/ ѝ го разубавите денот со вашето присуство. Ќе ви биде жал, но ќе најдете начин да му/ ѝ се одолжите во некоја друга прилика. Ако се расправате со магионичарКога се расправате со магионичар на сон потсвеста ве предупредува да се откажете од некоја ризична или нелегална зделка. Поради пари сте одлучиле да прифатите деловна понуда за која не сте сигурни дали е во склад со законот. Сепак, можеби би требало повторно да размислите дали ризикот е вреден за парите кои ви се ветени. Сон во кој гледате дека друг се расправа со магионичар значи ќе го одбраните пријателот од некој кој ќе се обиде физички или вербално да го нападне. Бидејќи сте сигурни дека е невин/а, ќе сметате дека е правилно што го/ја браните. Сепак, постои можност ниту тој/таа ниту вие да не сте во право, па затоа пред да се степате или скарате, потрудете се да дознаете за што се работи. Ако се тепате со магионичарАко сонувате дека се тепате со магионичар тоа укажува дека сте во трка со времето. Многу нешта мора да завршите во краток рок, што ви создава дополнителен стрес. Понекогаш ви се чини дека стоите во место и дека губите драгоцено време на непотребни работи, но тоа воопшто не е точно. Станува збор за паника која самите си ја создавате. Обидете се да испланирате што и колку долго ќе работите секој ден. Држете се до планот и потрудете се да го „префрлите“ за да си направите „залихи“ и порастеретено да влегувате во новиот ден. Ако во вашиот сон некој друг се тепа со магионичар тоа имплицира дека сте незадоволни од емотивниот живот. Партнерот не ви посветува доволно внимание и поради тоа честопати се расправате поради ситници. Можеби и двајцата сте уморни поради работите што ги извршувате. Обидете се да издвоите барем еден ден месечно кој ќе го поминете сами и во текот на кој ќе работите нешто што и двајцата го сакате. Така ќе си го подобрите односот. Ако убиете магионичарКога сонувате дека сте убиле магионичар тоа значи дека пред вас се големи промени. Можеби ќе добиете понуда за работа во друга земја или ќе одлучите да започнете заеднички живот со партнерот. Во секој случај наредните неколку месеци ќе се навикнувате на новонастанатата ситуација. Ќе има и денови кога интензивно ќе размислувате дека сте погрешиле при донесување големи одлуки, но со текот на времето ќе сфатите дека така било најдобро. Сон во кој некој друг убива магионичар укажува дека ќе бидете обвинети за некое злодело кое не сте го направиле. Можно е колегата од работа да помисли дека се обидувате да го саботирате или вашиот партнер ќе ве обвини дека сте неверни. Немојте премногу да сес правдате. Доволно е еднаш да објасните како стојат работите и со тоа да ставите точка на целата ситуација. Ако водите љубов со магионичарКаков било интимен однос со магионичар симболизира потреба за љубовна авантура. Веројатно вашиот однос со партнерот не е на завидно ниво. Можеби сте се одалечиле или вашата комуникација е лоша, па често замислувате како би ви изгледал животот со друга личност. Ако долго време сте сами можеби ви недостасува љубов и внимание. Ако видите магично стапчеКога на сон гледате магично стапче тоа симболизира носталгија за минатото. Можеби често размислувате за некои безгрижни и посреќни времиња. Жалите за некоја пропуштена прилика или што не сте донеле посмела одлука. Ако пронајдете магично стапчеАко на сон пронајдете магично стапче пред вас е еден многу убав период. Сè ќе ви оди од рака. Ќе бидете задоволни и среќни на работа и на емотивен план. Зрачите со позитивна енергија која плени внимание каде и да се појавите. Ако скршите магично стапчеДоколку сонувате дека сте скршиле магично стапче веројатно ќе се покаете поради нешто што сте рекле или направиле. Можеби со вашите зборови или дела ќе повредите некого кого го сакате. Ќе се обидете да го поправите односот, но нема да оди лесно како што сте си замислувале. Ова е важна лекција која ве учи да внимавате како се однесувате кон другите луѓе. Ако украдете магично стапчеАко сонувате дека сте украле магично стапче тоа значи дека добро ќе се снајдете во неволја. Ќе успеете да се извлечете од проблемот без големи последици. Ќе сфатите дека сте имале среќа и повеќе нема да се играте со ѓаволот. Ако видите магична куглаСон во кој гледате во магична кугла укажува дека би требале да се обидете да ја промените животната перспектива и да почнете нештата, проблемите и луѓето да ги гледате од друг агол. Ако скршите магична куглаАко на сон скршите магична кугла тоа значи дека сте креативна личност, но таа своја дарба не ја искористувате доволно. Почнете да се занимавате со некое хоби. Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте гледале претстава со магионичар, тоа сигурно ви оставило впечаток. Дефиниција за магионичариМагионичари се луѓе кои користат илузии за да ја извртат реалноста. |