Љубовна афера

Term Main definition
Љубовна афера

Ако во сон имате љубовна афера, тоа укажува дека некој ви се допаѓа.

Што значи ако сонувате љубовна афера?

Ако сонувате дека имате љубовна афера

Ако во сон имате љубовна афера, тоа укажува дека некој ви се допаѓа. Веројатно се работи за личност која неодамна сте ја запознале и која според вашите критериуми е идеална за вас. Ќе го направите првиот потег и ќе му/ѝ дадете до знаење дека сте заинтересирани.  Нестрпливо ќе чекате повратни информации, но нема да брзате за да не згрешите.

Ако сонувате дека други имаат љубовна афера

Ако во сон други имаат љубовна афера, тоа значи дека сте осамени. Можно е вашите пријатели и колеги да се во долги врски или бракови, а вие да сте единствените без партнер или партнерка.  Се чувствувате непријатно на забавите бидејќи ви поставуваат недискретни прашања и полека ја губите надежта дека ќе ја пронајдете вашата сродна душа. 

Ако сонувате дека криете љубовна афера

Кога во сон криете љубовна афера, тоа значи дека имате врска без обврски.  Веројатно се гледате со личност која ви се допаѓа, но свесни сте дека не можете да имате ништо сериозно со него/неа.  Ви одговара што не морате да му/ѝ полагате сметка и што не очекувате ништо еден од друг. 

Ако сонувате дека вашата сакана личност крие љубовна афера

Ако во сон вашата сакана личност крие љубовна афера, тоа значи дека се плашите да не бидете измамени.  Можно е во минатото да сте имале лоши искуства кои ви оставиле трага и не ви дозволуваат да се опуштите. Несигурни сте и постојано проверувате дали партнерот/партнерката е искрен/а со вас. Вашето однесување воопшто нема да му/и се допадне, па ќе започнете сериозен разговор кој ќе ја одреди иднината на вашата врска. 

Ако сонувате дека пријател крие љубовна афера

Ако во сон пријател крие љубовна афера, тоа значи дека ќе заштитите некого. Многу е веројатно дека блиска личност ќе ви се довери и ќе ве замоли никому да не ја кажувате неговата/нејзината тајна. Иако поради ова ќе имате непријатности, ќе го одржите ветувањето и ќе бидете подготвени да ги поднесете последиците. 

Ако сонувате дека сте прекинале љубовна афера

Кога ќе раскинете љубовна афера во сон, тоа покажува дека ќе донесете тешка одлука.  Можно е да се дистанцирате од личност која долго време ја познавате, но во чие друштво повеќе не се чувствувате удобно.  Ќе му/и кажете како стојат работите и покрај притисокот нема да се предомислите, туку смело ќе тргнете напред. 

Ако сонувате дека саканата личност раскинала љубовна афера

Ако во сон саканата личност раскине љубовна афера, тоа значи дека ќе му простите за изневерувањето.  Веројатно ќе размислите добро и ќе одлучите да се борите за вашата врска/брак.  Ќе го оставите минатото зад себе и ќе се трудите да не се грижите за работи што не можете да ги промените. Ќе зборувате повеќе за проблемите за да не ги повторувате истите грешки во иднина. 

Ако сонувате дека пријател/ка прекиналл/а љубовна афера

Ако во сон вашиот пријател раскине љубовна афера, тоа значи дека вие ќе му бидете рамо за плачење. Можно е да има љубовни проблеми и да побара совет од вас како да ги реши. Ќе му/и кажете што искрено мислите, иако ќе бидете свесни дека многу работи нема да му/ѝ се допаднат.  Ќе имате чиста совест, бидејќи ќе ја направите вистинската работа.

Ако родителите имаат афера во вашиот сон

Проблеми во семејството, нестабилност и кавги.

Ако сонувате дека сте откриле нечија љубовна афера

Овој вид на сон обично значи дека не треба да се мешате во туѓите животи.  Вие сте многу љубопитна личност, имате голем круг на познаници и често зборувате за други луѓе.  Не ви е проблем да откриете нечија тајна, а ваквите ваши постапки ги ставаат во неволја другите луѓе.  Замислете како би се чувствувале доколку слушате како луѓето кажуваат лаги за вас и престанете со таа грда навика.

Ако сонувате дека вашата љубовна врска е откриена

Ако сонувавте дека другите луѓе дознале за вашата љубовна афера, тоа имплицира дека ве гризе совеста за постапки од минатото. Веројатно сега се каете што сте кажале или направиле. Не можете да го вратите минатото, но можете да извлечете важни лекции од него и да не ги повторувате истите грешки. 

Ако сонувате дека вашиот партнер или партнерка ја поддржува или одобрува вашата љубовна афера

Кога сонувате дека вашиот сегашен партнер т.е.  партнерка ја „благословил/а“ вашата афера со друга личност, тоа значи дека чувствувате одговорност за тоа што вашата сакана личност не е среќна во вашата врска. Веројатно ќе преземете големи ризици и жртви за да ја одржите врската. 

Ако сонувате дека сте го поддржале партнерот, т.е. партнерката во неговата/нејзината љубовна афера

Сон во кој го „благословувате“ партнерот, т.е.  партнерката во неговата/ нејзината љубовна афера со друга личност е знак дека сте имале многу среќа во изборот на животен партнер. Покрај вас имате личност која ве сака и почитува и е подготвена да се жртвува за вас во секој момент. 

Ако сонувате дека партнерот/партнерката ве оставил/а поради љубовна афера

Ако сонувате дека вашиот партнер односно партнерка ја раскинал/а врската со вас затоа што сте имале афера со друга личност е знак дека се плашите да не го/ја изгубите. Недостатокот на самодоверба и доверба во вашата сакана има негативно влијание врз вашата врска. Престанете да го/ја обвинувате дека не ве сака кога знаете дека тоа не е вистина. 

Ако сонувате дека сте го напуштиле партнерот/партнерката поради љубовна афера

Ако сте сонувале дека сте ја напуштиле вашата сакана личност затоа што имала љубовна афера со некоја друга личност, тоа значи дека треба да се трудите повеќе да ја одржите вашата врска или брак. И двајцата целосно се опуштивте и чувствувате дека нема потреба да работите на вашата врска. Ваквите ситуации на крајот доведуваат до целосно дистанцирање, што предизвикува големи проблеми. Ако не сакате еден ден да се разбудите и да сфатите дека сте несреќни или дека саканата личност е несреќна покрај вас, мора во таа врска, т.е. бракот да вложите многу труд. 

Ако сонувате дека имате љубовна афера со пријател/пријателка

Љубовна афера со пријател или пријателка покажува дека премногу сте се врзале за таа личност. Станува збор за некој кому сте му ги довериле сите ваши тајни и стравови и во кого имате апсолутна доверба. Верувате дека никогаш нема да ве изневери или повреди. Меѓутоа, понекогаш мислите дека не е паметно што сте ги „избркале“ сите други луѓе од себе и дека некако зависите од тој пријател/пријателка. 

Ако сонувате за љубовна афера со поранешен партнер, т.е. партнерка

Кога сонувате дека имате афера со поранешниот сопруг, момче или девојка, тоа значи дека се каете за нешто и дека одвреме-навреме се прашувате што би било доколку сте останале заедно. Тоа исто така значи дека не сте целосно задоволни со вашиот сегашен живот и дека ви треба промена. Можно е врската со сегашниот партнер, т.е.  партнерка да не е таков каков што сте си го замислувале дека треба да биде. Таквите работи се решаваат само со искрени разговори. 

Ако сонувате љубовна афера со колега, т.е. колешка или шеф/шефица

Таквиот сон значи дека сте „венчани“ за вашата работа и дека таа е вашиот прв приоритет. Го жртвувате приватниот живот за доброто на вашата кариера. Последиците ги чувствуваат вашите родители, партнерот, децата или пријателите. Често немате време да се дружите со нив, но ја сакате својата работа и не гледате ништо лошо во тоа во моментот. Можеби подоцна ќе зажалите за ваквиот начин на размислување.

Ако сонувате дека имате љубовна афера со славна личност

Сонот во кој сте во тајна љубовна врска со славна личност покажува дека имате тајни што сакате да ги скриете од другите. Верувате дека вистината може да ви го загрози односот со некои луѓе, па се трудите со сите сили да не излезе на виделина. Друга можност е дека фантазирате за вршење јавна работа (глума, музика или политика), но стравот од јавно говорење ве спречува да го правите тоа.

Ако сонувате дека имате љубовна афера со оженет маж или мажена жена

Ако сонувавте дека имате љубовна афера со оженет маж или мажена жена, тоа симболизира фрустрација поради неуспешните врски од минатото.  Вашите љубовни избори честопати биле погрешни. Досега сте се вљубувале во луѓе кои подоцна ве разочарувале, па потсвесно мислите дека зафатена личност е подобар избор, бидејќи некој веќе го избрал за животен сопатник. 

Ако сонувате љубовна афера со проститутка

Кога сонувате дека имате љубовна афера со проститутка, тоа значи дека сте свесни дека врската во која сте има рок на траење, но дека сепак се надевате дека ќе останете со таа личност до крајот на вашиот живот. Сè повеќе сфаќате колку сте различни и дека немате заедничка иднина, но сепак верувате дека работите ќе се променат на подобро. Друга можност е дека ќе почнете да се занимавате со ризични, па дури и нелегални работи. 

Ако сонувате љубовна афера со странец

Доколку сте сонувале дека имате љубовна афера со личност која не е од вашиот град или земја, тоа значи дека ќе имате можност да соработувате со влијателни луѓе. Ќе се најдете во ситуација секој да сака да го искористи тоа и на тој начин да ја покаже својата моќ. Ќе мора да ги искористите сите дипломатски вештини што ги имате во себе за да можете да профитирате од тоа. 

Ако сонувате дека имате љубовна афера со личност од ист пол

Ако мажот сонува дека има љубовна врска со друг маж, тоа значи дека ќе може да и помогне на друга машка личност. Веројатно ќе имате можност да излезете некому во пресрет, но со тоа ќе го прекршите ветувањето што си го дадовте себеси.  Кога жената сонува да има афера со друга жена, можно е да доживее убави моменти во женско друштво. Сигурно ќе организирате дружба или излегување со вашите пријателки или женски членови од семејството и одлично ќе се забавувате.

Дефиниција за љубовна афера

Љубовната афера е љубовна врска со кратко времетраење.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg