Лекар

Term Main definition
Лекар

За болните значи заздравување; за здравите: да чуваат деловна тајна, болест; разговарање со лекар: вашата желба нема да се оствари.

Што значи да сонувате лекар?

Ако сте болни, а сонувате лекар, тоа симболизира оздравување. Можно е дека ќе се изборите со здравствен проблем кој ве мачи подолго време. Моравте да паузирате со многу активности што го сочинуваа вашето секојдневие за да ја откриете причината и да ги сузбиете сите последици.

Доколку сте здрави ,а сонувате лекар, тоа укажува дека би требало да чувате деловна тајна. Без оглед на вашата професија, дискрецијата е нешто што би требало да биде ваш императив. Исто како што не сакате другите да зборуваат за вашите работи, така и ни ним не им е драго што сите знаат зошто ви се обратиле.

Сонување дека разговарате со доктор подразбира дека вашата желба нема да се оствари. Веројатно ќе си зацртате да направите нешто за што не сте физички, а ни психички подготвени, па затоа ќе добиете наредба да станете сериозни и да се откажете од таа намера. Честопати не сте свесни дека на тој начин би можеле са си нанесете штета, поради што би имале последици цел живот.

Кога во сон вие сте доктор, тоа значи дека сте многу ценети. Вие сте личност која на сите им влева доверба и без многу зборови успевате да ги убедите луѓето да ве слушаат. Вашето мото е дека убав збор и железна врата отвора, поради што често го користите и бележите многу подобри резултати отколку ако некому сте препишале лек или друго средство.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе или сте разговарале со лекар, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за лекар (доктор)

Лекар е здравствен работник кој лекува луѓе. Што се однесува до науката, доктор  е највисок степен на образовни титули.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg