Лавиринт

Term Main definition
Лавиринт

Талкање по лавиринт: грижи и проблеми; ако излезете од него: сè има крај, и добрите и лошите работи.

Што значи да сонувате лавиринт?

Ако во сон лутате низ лавиринт, тоа означува грижи и проблеми. Можно е да не  знаете како да се поставите во некоја ситуација поради што ќе го менувате мислењето и нема да бидете доследни на самите себе. Збунетоста е најадекватен збор кој ќе ве опише во наредниот период, што ќе ве направи заборавни и деконцентрирани.

Сонувањето дека сте излегле од лавиринт подразбира дека сè има крај. Може да се случи многу да се потресете за работи што нема да се одвиваат како што посакувавте, но многу брзо ќе увидите дека не постои ништо што не може да се поправи.

Како што лошите работи еднаш завршуваат, така и добрите имаат рок на траење и завршуваат пред да бидеме подготвени да се збогуваме со нив.

Кога во сон гледате други во лавиринт, тоа укажува дека вашата помош ќе биде одбиена. Веројатно ќе сакате да помогнете на блиска личност која е во безизлезна ситуација, но што и да му/ѝ предложите, тој/таа ќе го направи спротивното. Ќе се чувствувате немоќно и одговорно за тоа што не го препознавте проблемот на време и не направивте нешто за да го спречите.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе, сте залутале или сте излегле од лавиринт, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за лавиринт

Лавиринт е цртеж или простор кој нуди голем број патеки, од кои многу немаат излез и се користи за забава.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg