Кајче

Term Main definition
Кајче

Набљудување: долг пат; празен: не донесувајте избрзани одлуки; полн: ќе ги надмудрите непријателите.

Што значи да сонувате кајче?

Ако сонувате како гледате кајче во сон

Кога во сон гледате кајче, тоа симболизира долго патување. Ќе имате можност да одите на патување што ќе ви го промени животот од корен. Без разлика дали станува збор за службено патување или програма за работа во странство додека студирате, ќе сторите сè што е во ваша моќ да останете таму. Ќе бидете воодушевени од можностите што ви се нудат и ќе ја искористите секоја шанса на најдобар можен начин. Ќе добиете деловни понуди кои ќе бидат далеку поперспективни од оние што ги имате сега. Ќе ви недостасуваат семејството и пријателите, но ќе донесете одлука што е најдобра за вас.

Ако сонувате празно кајче

Ако сонувате празно кајче, тоа е предупредување да не избрзувате. Немате навика добро да размислите и да се консултирате со некого пред да донесете важна одлука. Честопати постапувате непромислено, па освен вас последиците ги сносат и оние кои немаат никаква врска со вашите грешки. Можно е колегите или пријателите да се налутат и да бараат да станете сериозни и да преземете одговорност за вашите постапки.

Ако сонувате полно кајче

Сонување полно кајче е знак дека ќе ги надмудрите непријателите. Никогаш не започнувате конфликт први, но кога ве напаѓаат, не останувате должни. Ја следите изреката дека одмаздата е јадење што се служи ладно, па затоа враќате кога ќе помине одредено време. Свесни сте дека можете секому да му го загорчите животот само кога имате доволно силен мотив за тоа. Многумина слушнале за вашата репутација, па затоа претпочитаат да ви се тргаат од патот.

Ако сонувате градење кајче

Доколку сонувате дека градите кајче тоа значи дека вашата креативност конечно ќе дојде до израз. Веројатно вашата моментна работа не ја бара таа дарба, но ќе ја пренасочите кон хоби од кое може да се роди профитабилен бизнис. Сепак, ќе мора да имате многу трпеливост затоа што успехот и заработката нема да дојдат преку ноќ.

Ако сонувате дека некој друг гради кајче, тоа подразбира дека се восхитувате на упорноста на некоја личност која штотуку сте ја запознале. Можно е таа да ве воодушеви со својата волја за живот, и покрај сите тешкотии низ кои минала или минува. Ќе сфатите дека понекогаш залудно се нервирате околу ситници и ќе се потрудите повеќе да се радувате на животот и сè што тој носи.

Ако сонувате кршите / уништувате кајче

Кога сонувате дека кршите /уништувате кајче, тоа симболизира загуба. Можно е да направите грешка при изборот на автомобил, недвижен имот или скап апарат за домаќинство. Ќе увидите дека сте дале многу пари за нешто што нема толку голема вредност. Долго тоа ќе ве мачи, но сепак ќе сфатите дека од сè сте извлекле добра поука. Понекогаш вреди да се слушаат советите на објективните набудувачи, а не да се прават избори само по сопствено мислење и желби.

Доколку во вашиот сон некој друг урива кајче, тоа значи дека ќе ве шокира сознанието за колега од работа или шефот. Веројатно ќе слушнете некои „мрачни тајни“ од минатото или до вас ќе ви дојде некоја „зачинета“ гласина. Во секој случај, не треба понатаму да ги ширите тие  информации, пред сè, затоа што тоа би можело да го наруши вашиот интегритет доколку се покажат како невистина.

Сон во кој гледате уништено кајче подразбира разочарување од вашите способности. Можно е сами на себе да сте си го поставиле скалилото на очекувања премногу високо. Сега се борите да го надминете, но тоа тешко ви успева. Затоа многу ве фрустрира кога обидите ќе завршат со неуспех. Ќе мора да сфатите дека за некои работи не е доцна и, наместо да се нервирате, обидете се да ги намалите сопствените очекувања.

Ако сонувате палење кајче

Ако сонувате дека палите кајче, тоа значи дека ќе го прекинете секој контакт со некој што ви значел многу во животот. Од една страна, можно е да го направите тоа намерно, затоа што повеќе не ви се допаѓа да се дружите со него/неа. Од друга страна, постои можност дека тоа ќе се случи сосема спонтано. Едноставно животот ќе ве насочи на различни патеки, па и блискоста што ја имавте еден ден ќе исчезне.

Кога сонувате дека некој друг пали кајче, тоа симболизира олеснување. Можно е да откриете дека нешто за што долго време се борите конечно ќе заврши во ваша корист. Доколку имате некој нерешен спор би можеле наскоро да добиете вест дека е донесена пресуда во ваша корист. Овој сон може да значи и дека ќе слушнете дека вашето работно место не е доведено во прашање или дека лицето за кое сте биле загрижени сега е добро.

Ако во сон видите запалено кајче, потсвеста ви порачува што побргу да се ослободите од порокот. Можеби сте почнале да претерувате во консумирање пијалаци или цигари. Свесни сте дека тоа ви штети, но не можете да најдете начин да престанете. Ако сами не гледате излез од оваа ситуација, посетете стручњак.

Ако сонувате купување кајче

Сонот во кој вие купувате кајче ја симболизира потребата за релаксација. Веројатно посакувате годишен одмор, дури и ако само што се вратиле од него. Чувствувате дека машината на секојдневниот живот безмилосно ве меле, а вие немате сила да ѝ се спротивставите. Спасот би можеле да го најдете во некое хоби. Вратете се на книгите што сте ги заборавиле или отстранете ја правта од велосипедот кој долго не сте го возеле.

Ако сонувате продавање кајче

Ако сонувате дека продавате кајче, тоа значи дека пријател би можел да ве праша да му позајмите пари. Ќе му/ѝ излезете во пресрет свесни за ризикот дека повеќе нема да ги видите своите пари. Сепак, сметате дека е ваша должност и обврска да им помогнете на оние за кои се грижите.

Ако сонувате подарување кајче

Кога сонувате дека некому сте подариле кајче, тоа симболизира невозвратена љубов. Не мора да станува збор за романтична љубов помеѓу две лица. Можно е и да сметате дека во односите со други луѓе секогаш вие давате повеќе отколку другата страна. Ќе почне да ви пречи тоа што сте секогаш на услуга и на располагање на секој што го очекува тоа од вас,  а многу често имате впечаток дека тие не се тука за вас.

Добивање кајче на подарок

Доколку сте сонувавле дека некој ви подарил кајче, тоа значи дека ќе ве воодушеви нечие добро дело. Ќе сфатите дека на луѓето навистина малку им треба за да бидат среќни, па и сами ќе започнете да се однесувате во склад со тоа. Ќе се трудите да се радувате на мали нешта и да им помогнете на другите кога и да имате можност.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе кајче во живо или на телевизија, тоа веројатно ви оставило впечаток, што од јаве сте го пренеле на сон.

Дефиниција за кајче

Кајче е помал вид пловен објект со различна големина, форма и градба.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg