Гардеробер
Term | Main definition |
---|---|
Гардеробер | Празен гардеробер во сонот предупредува дека треба да избегнувате да се задолжувате по секоја цена, додека полн симболизира материјален успех на работа. Што значи кога сонувате гардеробер?Ако сонувате празен гардероберАко во сонот гледате празен гардеробер, тоа ви е предупредување да не се задолжувате без потреба. Можеби имате нереални барања кои ќе ви создадат големи долгови. Постојано ќе бидете во минус и ќе имате чувство дека претурате „од шупливо во празно“. И покрај тоа, нема да бидете спремни да се откажете од луксузот, меѓу другото и од страв да не бидете отфрлени од друштвото кое сиромаштијата и скромноста ги сметаат за главни непријатели на успехот и карактеристики на неспособни луѓе. Вашите обиди да ги импресионирате и да ги оставите без текст ќе мора да ги финансираат и членовите на семејството кои немаат доволно ниту за основни потреби. Ако сонувате полн гардероберАко сонувате полн гардеробер тоа симболизира благосостојба. Веројатно ќе бидете многу задоволни од резултатите кои секојдневно ги постигнувате во сите можни аспекти на животот. Кога ќе се свртите зад себе со задоволство и гордост можете да кажете дека не постои нешто што би промениле или пак за кое жалите. Најголемо богатство ви се луѓето кои ве опкружуваат, додека нештата кои имаат помала материјална вредност не им обрнувате внимание. Со останатите луѓе несебично го споделувате сето ваше знаење и се чувствувате корисно додека помагате некому кој не се наоѓа во поволна ситуација како вас. Ако сонувате дека ставате нешто во гардероберДоколку во сонот ставате нешто во гардероберот, тоа имплицира дека би требале да поработите малку и на самодовербата. Дури и најмала можна критика ве навредува и погодува и наместо да научите нешто од неа, полесно ви е да мислите дека сите се свртеле против вас. Ако не сте стекнете доволно самодоверба и ако не се ослободите од длабоко вкоренетите комплекси, животот нема да ви оди како подмачкан. Ако сонувате дека вадите нешто од гардероберотСонот во кој вадите некој предмет од гардеробер укажува на проблеми во комуникација со пријател или пријателка. Ќе сфатите дека не се согласувате околу некои прашања, па во иднина ќе избегнувате да дискутирате на тие теми, за да не си го влошите односот дополнително. На ваков начин само ги туркате проблемите под тепих, но не ги решавате. Можеби сепак треба да изберете некој друг пристап. Ако сонувате нов гардероберДоколку во сонот гледате нов гардеробер тоа значи дека и покрај годините кои се зад вас вие се уште сте прилично наивна личност. Во суштина сте голем оптимист и секогаш го гледате само доброто. Иако поради ваквиот начин на размислување неколку пати сте се „изгореле“ бидејќи слепо сте верувале некому, тоа и понатаму не ве спречува да им верувате на луѓето и да си терате по старо. Секогаш настојува во се да пронајдете нешто добро и не верувате дека некој човек може да биде лош, дури и кога ќе се докаже дека не сте биле во право. Ако сонувате стар гардероберДоколку во вашиот сон гледате во стар гардеробер тоа имплицира дека сте прилично штедлива личност. Умеете да ги распоредите парите дури и во моменти кога ги нема многу. Луѓето ви се воодушевуваат поради оваа ваша особина и поради се она што сте го постигнале со помалку средства од останатите, но вие самите едноставно знаете како да располагате со средствата коишто ги имате. Не сте личност која сака да ужива во луксузни нешта и не фрлате пари наоколу туку си го штедите она што си го поседувате. Најверојатно оваа ваша скромност е причина за се она што сте го постигнале досега во животот. Ако сонувате дека правите гардероберВаквиот сон укажува на преселба. Можеби ќе ви се пружи прилика да се преселите во куќа или во некој стан, кој ќе ве воодушеви и кој многу брзо ќе почнете да си го нарекувате свој дом. Купувањето на нови нешта, па дури и самата промена на местото на живеење веројатно претставува начин да започнете нов живот, далеку од лошите спомени и луѓе кои ве повредиле или разочарале. Ако сонувате дека купувате гардероберСонот во кој вие самите купувате гардеробер е предвесник на финансиска криза. Веројатно ќе потрошите повеќе отколку што сте требале, па следната плата едвај ќе ја дочекате. Причината поради тоа веројатно ќе биде вашето уживање во купување и вашата најомилена активност разгледување низ бутици и продавници. Кога ќе видите дека нешто многу ви се допаѓа вие воопшто не се двоумите, туку го купувате дури и ако ви се заканува дека ќе ви го зголеми минусот на картичката. Вие не сте класичен купохоличар, но едноставно понекогаш не можете да им одолеете на новите нешта. Ако сонувате дека продавате гардероберДоколку во вашиот сон продавате гардеробер тоа имплицира дека се наоѓате во нова фаза од животот. Веројатно имате сфатено дека е дојдено времето да се воозбилите и да созреете. За таа цел ќе се ослободите од многу лоши навики и ќе воведете нови правила до кои се држат возрасните и созреаните личности. Колку и да ви паѓа тешка оваа промена, ќе знаете дека кога-тогаш мора да се случи. Ако сонувате дека некој претура низ вашиот гардероберДоколку сонувате дека некој ви претура низ гардероберот тоа значи дека во вашиот живот има некоја личност која упорно ви се меша во животот. Најверојатно станува збор за постар член на семејството кој се навикнал „да ги држи сите конци во своите раце“. И покрај тоа што сте прилично самостојна личност, тој/таа секогаш има потреба да ви глуми ментор, што прилично ве иритира, но не знаете како да му/и го кажете тоа. Не постои рецепт за такво нешто. Едноставно кажете му/и дека е време да ве остави сами да се соочувате со тешките ситуации и да учите од сопствените грешки. Ако сонувате дека претурате низ туѓ гардероберКога сонувате дека всушност претурате низ туѓ гардеробер совеста ви порачува да не го преиспитувате секој гест или збор што ќе го изговори вашиот партнер. Поради сопствената несигурност би можеле да си ја загрозите врската или бракот, а штом еднаш се расипе довербата, тешко може да се вратите на старо. Ако сонувате дека средувате гардероберСон во кој средувате гардеробер значи дека конечно ќе си го организирате животот за да постигнете некои цели. Ќе сфатите дека е време да направите листа на приоритети и полека да почнете да ги решавате. Можеби конечно ќе сфатите дека залудно сте си го трошеле времето на нешта кои не ви донесуваат радост и задоволство, а ќе ви донесат некои промени. Истите нема да бидат воопшто едноставни и лесни. Но, барем ќе знаете зошто го правите сево ова. Ако сонувате дека фрлате гардероберАко во сонот фрлате гардеробер тоа имплицира дека конечно сте подготвени да се ослободите од сите луѓе и нешта кои ве прават несреќни. Долго време сте се залажувале дека животот ви изгледа онака како што би сакале. Сега кога конечно сфаќате дека тоа не е така и сте си признале дека сте незадоволни, брзо ќе постигнете се што навистина го сакате. Поука од овој сон ви е никогаш да не се откажувате од своите соништа. Ако сонувате дека сте затворени во гардероберДоколку сонувате дека сте затворени во гардеробер и не можете да излезете од него значи дека треба некому да ги откриете вашите чувства, без разлика дали се позитивни или пак негативни. Не смеете во себе да чувате, бидејќи таквото однесување лошо влијае врз вашата психичка состојба. Значењето на овие соништа можат да бидат многу поедноставни. Доколку пред скоро време сте виделе гардеробер, тоа сигурно ви оставило силен впечаток кој од јаве се пренел на сон. Дефиниција за гардероберГардеробер е просторија или плакар во која се чуваат парчиња облека. |