Фрлање
Term | Main definition |
---|---|
Фрлање | Како фрлате ѓубре: се уверивте во неискреност на блиска личност; пари: не сте сигурни во себе. Што значи да фрлате нешто на сон?Фрлање ѓубре во сонАко во сон фрлате ѓубре, тоа подразбира дека ќе се уверите во неискреност на блиска личност. Долго ќе се сомневате, но нема да сакате да прифатите дека партнерот ве изневерува. Иако сè укажува на тоа, ќе реагирате дури кога ќе најдете несоборливи докази. Тогаш ќе го исфрлите од важиот живот и засекогаш ќе ја завршите таа приказна. Во почеток ќе имате страв дека нема да успеете сами да се снајдете, но ќе ви биде многу подобро од порано. Сонување дека фрлате париКога сонувате дека фрлате пари, тоа значи дека не сте сигурни во себе. Ќе имате впечаток дека пријателите ве викаат само кога имаат потреба од вас. Доколку сте богати, ќе ве мачи мислата дека со вас се дружат само поради парите. Тоа ќе го мислите и за партнерот, па е можно да го тестирате за да ги видите неговите вистински намери. Фрлање бисериСонувањето дека фрлате бисери опоменува дека нема да цените нечија верност. Можно е дека лекомислено ќе го сфатите пријателот кој бил покрај вас кога и да ви било потребно. Ќе слушате непроверени трачеви кои ќе го уништат вашето пријателство. Кога ќе сфатите дека сте направиле греша, штетата веќе ќе биде направена. Фрлање фотографииДоколку во сон фрлате свои фотографии тоа значи дека сте незадоволни со својот изглед или со животот воопшто. Некои одлуки сте ги донеле поради други луѓе, но сте сфатиле дека биле целосно погрешни. Од друга страна, можеби би сакале да промените нешто кај себе, да ослабете или да се здебелите, а тоа никако не ви оди од рака. Наместо што кукате над својата судбина, би требале конечно да преземете одговорност и навистина да се потрудите нешто да промените. Ако сонувате дека фрлате фотографии од некој кого го познавате, веројатно таа личност ќе ве разочара. Можеби ќе одбие да ви помогне или да ви даде совет кој би можел да ви наштети. Во секој случај ќе сфатите дека тој/таа не е таков/ква како што сте го/ја замислиле. Сепак, имајте предви дека е можно оти сте го/ја идеализирале и дека во суштина не се променил/а туку таков/ква бил/а отсекогаш. Кога сонувате дека фрлате фотографии од непознати личности тоа значи дека би можеле да запознаете некој кој ќе ве импресионира со своите ставови и начин на размислување. Во него/неа ќе го видите сето она што вие не го поседувате. Ќе сфатите дека дружењето со него/неа би можело да ви помогне да ги остварите сопствените цели. Кога сонувате дека некој друг фрла фотографии тоа значи дека мора да внимавате што зборувате. Опкружени сте со луѓе кои се во состојба да ви напакостат само затоа што сте им дале прилика за тоа. За тајните и плановите разговарајте со оние на кои навистина им верувате и потрудете се да не давате повод некому да ве загрози. Фрлање картиНеостварена желба на емотивен план. Долго размислувате за личност која ве привлекува. Сонувате за тоа да воспоставите контакт кој би можел да изроди и нешто повеќе. Се плашите да го направите првиот чекор, бидејќи би можел/а да ве одбие. Можно е и да мислите дека тој/таа е надвор од „вашата лига“, и дека шансите ви се многу мали. Сепак, нема да знаете доколку Сон во кој фрлате карти симболизира неостварени желби на емотивен план. Долго размислувате за некоја личност која ве привлекува. Мечтаете за тоа да ви пријде и не се обидете. Ако во сон видите дека некој друг фрла карти, партнер/ка би можел/а да ви признае нешто што ќе ве шокира. Веројатно станува збор за некој грев од минатото кој долго го чувал /а, бидејќи се плашел/а дека ќе ве изгуби ако ви признае. Сепак, нема да дозволите таквите работи да ви го нарушат односот, но потрудете се никогаш да не му/ѝ префрлате кога ќе влезете во некоја расправија. Фрлање хранаАко во сон фрлате храна, тоа значи дека се плашите од беда и сиромаштија. Секогаш се трудите да заработите доволно пари за да не лишите од ништо. Се борите секој денар да оди на вистинското место и не носите избрзани одлуки кога се парите во прашање. Важно ви е во секој момент да сте сигурни дека имате доволно, но не се задолжувате и никому не позајмувате пари, бидејќи се плашите дека нема да можете да го вратите заемот или дека друг нема да може да ви ги врати парите. Доколку во вашиот сон некој друг фрла храна, тоа значи дека пред вас е турбулентен период полн со предизвици. Ќе мора да се соочите со многу проблеми од кои ќе се извлечете само ако паметно влечете потези. Не се ослонувајте само на интуицијата, туку истражете ги добро сите можности. Можно е дека за некои работи ќе мора да побарате помош од колегите или од соработниците, затоа не бидете премногу горди за да ги прашате да ви се најдат при рака. Фрлање пепелДоколку сонувате дека фрлате пепел, тоа значи дека ќе се потрудите некого да усреќите. Вложувате многу труд за семејството и пријателите да бидат горди на вас. Поважно ви е тие да се среќни отколку да остварите некоја материјална корист. Затоа секогаш на другите со задоволство им подарувате, отколку што купувате за себе. Таа особина е ценета меѓу вашите пријатели, но би требал да бидете свесни дека не можете секогаш да трошите повеќе отколку што заработувате. Кога сонувате дека некој друг фрла пепел, тоа значи дека вложениот труд нема да ви се исплати. Веројатно многу време и труд сте посветиле на некоја работа за која сте биле убедени дека ќе ви донесе материјална сигурност. Не сте се коцкале, туку сте го вложиле целото свое знаење и умеење. Сепак, тоа во блиска иднина нема да се исплати. Немојте да дозволите тоа да ве поколеба туку најдете друг начин да ги материјализирате своите идеи. Фрлање пердувиАко во сон фрлате пердуви, тоа значи дека блиска личност ќе ве израдува со убави вести. Можно е заедно некаде ќе отпатувате и ќе сфатите дека сте се зближиле повеќе од инаку. Ќе ви биде драго покрај себе да имате некој кому можете да му верувате, особено ако во минатото некој многу ве разочарал. Ваквиот однос не мора нужно да изроди некоја емотивна врска, но ќе го зацврсти пријателството. Сон во кој гледате други како фрлаат пердуви значи дека некој ќе се обиде да ве измами. Веројатно ќе се најдете во прилика да разговарате со личност која има репутација на „матен тип“. Ќе ви понуди во некоја работа да влезете заедно, и ќе тврди дека нема апсолутно никаков ризик. Доколку и на момент помислите дека неговата/нејзината идеја е добра, брзо ќе се сетите со кого разговарате, па нема да дозволите да ве наведе на лоша одлука. Фрлање рибарска мрежаМакотрпниот труд ќе ви се исплати. Значењето на сонот може да има поедноставно толкување. Ако нешто неодамна сте фрлиле, тоа сигурно оставило впечаток на вас. |