Фрижидер

Term Main definition
Фрижидер

Полн фрижидер на сон значи дека треба да бидете поумерени во јадењето и во пиењето, додека празен значи дека залудно си го трошите времето.

Што значи да сонувате фрижидер?

Ако сонувате полн фрижидер

Ако во сонот видите полн фрижидер тоа укажува дека би требале да бидете поумерени со храната и пиењето. За вас може да се каже дека живеете за да јадете, наместо дека јадете за да живеете. Вие сте голем гурман и не пропуштате прилика да пробате нови специјалитети кога и да ви се укаже прилика.

Вам лично не ви пречи кога добивате некој килограм плус, но порано или подоцна тоа ќе почне негативно да ви се одразува на вашето здравје.

Ако сонувате празен фрижидер

Кога сонувате празен фрижидер тоа имплицира дека залудно си го трошите времето. Можеби претпоставениот не го цени доволно вашиот труд и не ве плаќа онолку колку што заслужувате.

Иако сте се надевале дека нешто ќе се промени, со текот на времето сте наишле на бројни неправди кои ви дале до знаење дека во оваа фирма не ве чека светла иднина.

Ако преместувате фрижидер во сон

Ако сонувате дека преместувате фрижидер во сон тоа укажува дека ќе имате работа дома. Сакате промени и постојано смислувате нов распоред на нештата во вашиот стан или куќа.

Многу луѓе поради тоа ве сметаат за нестабилна личност, но вие едноставно морате да дадете свој печат на секоја просторија за да ги избегнете шаблоните и униформноста која ве заморува и ве одбива да поминувате време во неа.

Ако гледате фотографии на фрижидерот во сон

Доколку во сонот видите фоотографија на фрижидерот тоа значи дека имате потреба од мотивација. Често морате да се охрабрувате и да поставувате нови цели, бидејќи во спротивно може да се случи да станете мрзеливи и да ги поништите резултатите кои сте ги стекнале со големи маки.

На овој начин константно останувате во форма и да продолжите да работите на себе од што имате голема корист.

Ако сонувате дека чистите фрижидер

Кога сонувате дека чистите фрижидер тоа имплицира дека ќе се ослободите од некои спомени и луѓе за да можете да направите место за нови. Веројатно некои драги личности ве разочарале, па сте одлучиле прво да се дистанцирате, а потоа во потполност да прекинете контакт со нив. Колку и да ви е тешко понекогаш, вие сте донеле одлука и нема да се откажете од неа.

Ако сонувате дека купувате фрижидер

Сонот во кој купувате фрижидер укажува на тоа дека ќе поставите некои граници кога се во прашање емотивните односи. Можеби ќе дојдете до заклучок дека премногу се отворате кон луѓето за кои не сте сосем сигурни дали ја заслужуваат вашата доверба.

Со оглед на тоа дека многупати досега сте биле повредени бидејќи не сте знаеле да препознаете дали некој е искрен пријател, ќе се потрудите никогаш да не ви се повтори оваа грешка.

Ако сонувате дека продавате фрижидер

Ваквиот сон симболизира трошок. Можеби ќе бидете поканети на венчавка, крштевка или некоја друга прослава за која ќе морате да издвоите поголема сума на пари. Од друга страна, можеби ќе ви се расипе автомобилот или некој друг апарат од домаќинството.

Со оглед на тоа дека не сте го предвиделе овој трошок во вашиот буџет, ќе морате добро да размислите како да го поминете крајот на месецот, без дополнително задолжување од некого.

Ако сонувате дека поправате фрижидер

Ако во сонот поправате фрижидер тоа имплицира дека сами ќе морате да завршите важна и сериозна работа. Нема да добиете никаква помош од колегите, пријателите или од домашните. Таквата состојба веројатно ќе ви предизвика паника и нервоза, но вие сте сигурни дека сте доволно паметни и способни да ја завршите оваа задача сами.

Ниту досега не сте се ослонувале претерано на другите луѓе, така што оваа ситуација во вашиот живот не е некоја новина.

Ако сонувате дека фрлате фрижидер

Кога сонувате дека фрлате фрижидер тоа симболизира крај на емотивната врска. Ако се наоѓате во некој вид на тајна или забранета љубовна врска веројатно ќе сфатите дека сте направиле грешка и затоа ќе донесете одлука да ја прекинете. Причината поради тоа ќе биде желбата да го прошетате партнерот/партнерката по улиците на градот, а не да се криете за да не повредите некого.  

Сметате дека заслужувате љубов која сите мора да ја видат, а се сомневате дека со него/неа тоа некогаш ќе го доживеете. Уште подетално толкување на овие соништа чиј главен мотив е фрижидерот прочитајте во продолжение на текстот.

Ако сонувате фрижидер со отворени врати

Доколку во сонот видите фрижидер со отворени врати тоа значи дека сте одлучна личност која поседува прилично силен натпреварувачки дух. Кога ќе се посветите на нешто во состојба сте резултатите да ги доведете до совршенство. По природа сте перфекционист, па со вас не е лесно да се работи.

Поради јасниот став кон работата многу проекти си ги сработувате сосема сами. Тоа не е поради тоа што не сте „тимски играч“, туку затоа што ви пречи кога некој забушава или невнимателно ги извршува своите задачи.

Ако сонувате фрижидер со затворени врати

Сон во кој гледате фрижидер со затворени врати е предупредување да престанете да се грижите за нештата кои не можете сами да ги промените. Морате да почнете да уживате во животот и во успесите кои сте ги постигнале до денес. Лошите, нечесните и безобразните луѓе не можете да ги промените, затоа немојте ниту да се обидувате.

Потрудете се да ја намалите количината на стрес и грижи бидејќи тоа би можело негативно да се одрази на вашето здравје.

Ако сонувате валкан фрижидер

Ако  во сонот гледате валкан фрижидер тоа значи дека треба да престанете да бидете комформист и да се борите за она што го сакате. Од страв сте пропуштиле многубројни прилики и наместо тоа да ви биде лекција за во иднина, истите грешки ги правите и денес.

Потоа се јадете бидејќи не сте постапиле поинаку и паѓате во очај бидејќи се плашите дека никогаш нема да си ги остварите соништата. Запомнете, се е до вас. Не смеете да дозволувате вашиот страв да ве спречи во она што сакате да го постигнете.

Ако сонувате расипан фрижидер

Кога во сонот ќе видите расипан фрижидер тоа укажува на страв дека ќе ви биде откриена тајната. Можеби се работи за грешка која неодамна сте ја направиле и која радо би ја заборавиле, но совеста не ви дава мир. Дури и кога немате причина за тоа, ви се чини дека сите знаат што сте направиле и ве осудуваат поради тоа.

Тоа се нарекува параноја и треба прво со неа да се изборите, па дури подоцна да размислувате што би правиле понатаму. Веќе сте возрасна личност и признајте си го гревот и кренете ја главата исправено и покажете дека сте се покајале за да продолжите понатаму со животот!

Ако сонувате дека сте затворени во фрижидер

Ваквиот сон значи дека некој се обидува ве измами. Можеби станува збор за деловен партнер или соработник или пак трговец кој по секоја цена сака да ви го продаде производот. Бидете внимателни кога потпишувате каков било договор. Пред да го сторите тоа уверете се дека сте ја сфатиле секоја можна ставка која се наоѓа во него.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте го наполните или испразниле фрижидерот, тоа сигурно ви оставило впечаток..

Дефиниција за фрижидер

Фрижидер, ладилник или замрзнувач е ладен уред во кој се става лесно расиплива храна, некои лекови, хемикалии и друго.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg