Двоглед

Term Main definition
Двоглед

Ако видите двоглед на сон тоа значи дека надежите полека но сигурно ќе ви се исполнат.

Што значи да сонувате дурбин или двоглед?

Ако сонувате дурбин или двоглед

Ако на сон видите дурбин, тоа значи дека вашите надежи полека, но сигурно ќе почнат да ви се исполнуваат. Отсекогаш сте се раководеле според изреката тивка вода брег рони. Не сте од оние кои блескаат уште на самиот почеток , туку многу работите на себе и вежбате, па вашите резултати стануваат се подобри со текот на времето.

Ако сонувате дека гледате низ дурбин или двоглед

Кога сонувате дека гледате низ дурбин, тоа укажува дека сте перфекционист. Честопати барате влакно во јајце и ништо во потполност не може да ве задоволи. Оваа особина не ви дозволува да уживате во многу пријатни моменти со луѓето кои ги сакате или успехот кој го постигнувате бидејќи секогаш сметате дека сте можеле и подобро во истиот момент кога смислувате начин како да ги исправите грешките кои ви се провлекле.

Ако сонувате дека некој ве гледа низ двоглед

Кога сонувате дека некој ве гледа низ двоглед тоа имплицира дека саканата личност нема доверба во вас. Можеби сте направиле нешто поради кое партнерот постојано ве проверува. Никако не можете да се опуштите, туку морате да водите сметка за секој збор што ќе го изговорите. Ако ви е чиста совеста, ќе почнете да се сомневате дека тој/таа проектира она што го работи.

Ако сонувате дека ништо не можете да видите низ двоглед или дурбин

Ако на сон гледате низ дурбин и не можете ништо да видите, тоа е порака дека некаде грешите. Веројатно сте донеле некои одлуки за кои произлегло дека лошо влијаеле на вас или на вашите блиски или поради невнимание или наивност сте се довеле до некои проблеми.  За среќа, ќе успеете да се извлечете од сето тоа, а што е најважно, ќе научите важна лекција дека не треба да донесувате одлука во афект и дека треба да размислите пред да го направите следниот чекор.

Ако скршите дурбин

Ако на сон скршите дурбин тоа е знак дека односите со пријателите ви се загрозени поради меѓусебни недоразбирања. Можно е вие или тој/таа да имате многу обврски, па немате време да се видите. Другата страна тоа ќе го сфати како избегнување, па ќе се налути. Ако го негувате пријателството коешто ви значи, нема апсолутно никаков ризик дека ќе се прекине.

Скршен (расипан) дурбин или двоглед

Ако сонувате скршен дурбин тој сон најавува влошување на финансиската ситуација или загуба на углед во друштво.  Може да укажува и на судир со претпоставените или лошо вложување во работата која нема перспектива. Затоа, водете сметка за однесувањето на работа ако сакате да си го задржите работното место и добро размислете за идните инвестиции и нивната исплатливост.

Ако купите дурбин на сон

Ако сонувате дека сте купиле дурбин тоа значи дека некому ќе му го скршите срцето. Можеби ќе го оставите партнерот или ќе одбиете некого кој ви признал дека е заљубен во вас. Едноставно ќе сфатите дека нема смисла да се мачите во врска која нема иднина или да давате лажна надеж некому само затоа што не сакате да го повредите.

Ако продавате двоглед на сон

Сон во кој продавате дурбин значи дека ќе се послужите со трикови за да го постигнете она што го сакате. Можеби ќе ја употребите вашата моќ на убедување или физичкиот изглед за да ги остварите сопствените интереси. Сепак, овие постапки можат и лошо да завршат ако личноста на која и го правите тоа ги открие вашите намери. Тогаш ќе се најдете во опасност да ви се наруши репутацијата којашто сте ја граделе со години наназад.

Ако подарувате некому дурбин

Сон во кој некому подарувате дурбин значи дека се сомневате во неговата искреност. Ако личноста е вашиот емотивен партнер веројатно не сте сигурни во неговите/нејзините вистински чувства. Можеби се плашите  дека вашата врска не ја сфаќа сериозно или ви се чини дека ве третира како некого со кого сака да воспостави подлабок и потраен однос.

Кога сонувате дека некој ви подарил дурбин тоа имплицира дека би можеле да бидете во опасност ако несвесно учествувате во сомнителна зделка. Внимавајте деловните соработници или пријатели да не ве вовлечат во работа која не е во склад со законот. Тие искусно ќе се извлечат од тоа, додека вие ќе бидете тие кои ќе настрадате. Не потпишувајте никакви документи, изјави или договори пред убаво да прочитате за што станува збор.

Ако позајмите дурбин

Ако на сон позајмите дурбин тоа имплицира дека се плашите да преземете одговорност за решавање на сопствени проблеми и сакате товарот да го префрлите на некој друг. Веројатно ќе побарате помош од родителите, пријателите или познаниците за работа која не можете да ја завршите сами.

Ако некој позајми дурбин од вас можно е блиска личност да ве праша за совет. Бидејќи никогаш досега не сте се нашле во таква ситуација, ќе морате многу добро да размислите што ќе му/и кажете. Ќе ве плаши помислата дека поради вашиот совет може да направи некоја глупост, но немате причина за тоа бидејќи секоја возрасна  личност треба да сноси одговорност за своите постапки и одлуки.

Ако украдете дурбин

Ако сонувате дека некому сте украле дурбин тоа значи дека залудно се обидувате да ја сокриете вашата грешка или пак да ја префрлите некому. Како прво, би било одраз на незрело и неодговорно однесување, а како второ, вистината кога-тогаш ќе излезе на виделина, а кога ќе дојде до тој момент ќе изгубите нешто многу вредно во животот.

Ако некој ви го украл дурбинот

Ако некој на сон ви го украл дурбинот тоа е предупредување дека во блиското опкружување имате личност која манипулира со вашите постапки и одлуки за да ги оствари своите цели. Не смеете да дозволите ова чувство да ве заслепи па да направите нешто што е спротивно на вашата волја. Колку и да ви е драга некоја личност, кога се во прашање животните одлуки слушајте се само себеси.

Ако изгубите дурбин на сон

Доколку сонувате дека сте изгубиле дурбин тоа може да имплицира дека ќе се посрамотите некаде.  Можеби некому сте дале некакво ветување, но не сте го исполниле. Кога ќе се најдете во исто друштво со оваа личност нема да знаете што да му/и кажете. На ваша среќа, тој/таа нема да инсистира да разговара на таа тема, но без разлика на тоа, секако ќе се чувствувате многу непријатно. Следниот пат немојте да дадете ветување кое не можете да го исполните.

Ако случајно пронајдете дурбин на сон

Ваков сон укажува на тоа дека сакате да отпатувате некаде. Имате силна потреба да ја промените средината во која живеете во моментот. Веројатно сакате да се преселите некаде каде што никој нема да ве познава бидејќи длабоко сте се разочарале од некои блиски луѓе, а можно е само да сте уморни и сакате на некое друго место да се ослободите од насобраниот стрес. Во секој случај, еднодневен излет би можел да ви помогне да се ослободите од притисокот и тешкотиите кои секојдневно ги чувствувате.

Значењето на овој сон може да биде многу поедноставно. Доколку неодамна сте гледале низ двоглед или дурбин, тоа сигурно оставило силен впечаток врз вашата потсвест.

Дефиниција за дурбин/двоглед

Дурбин е оптички инструмент кој служи за набљудување на оддалечени предмети на небото, копното, морето и воздухот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg