Девер

Term Main definition
Девер

Ако станете девер значи дека ве очекува принова во домот, раѓање на дете.

Што значи да сонувате девер?

Ако сонувате девер

Ако на сон видите девер тоа значи дека ве очекува принова во домот. Може да се случи вие или некој од домашните да добие дете. Тоа ќе ви внесе голема количина на радост и среќа во вашиот дом и ќе влијае во него да завладее мир и спокој.

Ќе дојде до промена на вашите секојдневни активности и едвај ќе чекате да завршите со обврските за да му/и посветите повеќе време.

Ако сте девер на сон

Кога сонувате дека ја имате улогата на девер, тоа имплицира дека имате преголема одговорност. Навикнати сте луѓето околу вас да сметаат на вас.

Вие сте им гласот на разумот и најмногу сакаат да споделуваат мислење со вас. Ви импонира што ве сметаат за личност од доверба, но свесни сте дека тоа бара значително повеќе време и размислување.

Ако се расправате со деверот

Ако сонувате дека се расправате со деверот укажува дека ќе наидете на судир со семејството на партнерот.

Веројатно тешко ви паѓа што ви се мешаат во заедничкиот живот и што сакаат да ви наметнат вам неважни работи. Нивното однесување лошо ќе влијае врз вашата врска/брак, па ќе предизвика бројни последици со партнерот.

Ако сонувате дека се тепате со деверот

Доколку маж сонува дека се тепа со деверот тоа значи дека ќе почувствува предавство или разочарување. Можеби ќе ве повреди личност во која бескрајно сте верувале. Нема да можете да претпоставите зошто ви направил такво нешто. Од ова ќе стекнете впечаток дека многу луѓе се лоши, па ќе поставите ѕид околу себе и нема да дозволите никој да ви се приближи.

Ако жена се тепа со деверот тоа имплицира дека ќе и погрешите на драга личност. Можеби партнерот ќе ве обвини за неверство или ќе се посомневате дека пријателот издал некоја ваша тајна. Пред да реагирате бурно, послушајте што има да ви каже личноста. Ако не и дозволите да ви објасни, постои реална можност да се оддалечите.

Ако сонувате дека бегате од деверот

Сон во кој жена бега од деверот симболизира грижа на совест поради прекршено ветување. Веројатно сте се договориле нешто но сте го прекршиле договорот. Обидете се да му објасните за што се работи за да си ја смирите совеста.

Ако маж сонува дека бега од деверот тоа укажува на страв од одговорност. Можеби се наоѓате на крстосница и треба да донесете важна одлука. Не сте сигурни како да постапите, бидејќи не сакате да се врзувате за некого или нешто. Овие соништа ги сонуваат млади момчиња кои не се подготвени за брак или деца.

Ако сонувате дека се бакнувате со деверот

Кога женска личност сонува дека се љуби со деверот тоа значи дека нејзината тајна ќе биде откриена. Нешто што со години се обидувате да го сокриете од пријателите или членовите на семејството ќе излезе на виделина. Наместо да се трудите да го сокриете тоа, би требале да испланирате што ќе правите кога ќе ја дознаат вистината.

Ако маж сонува дека се бакнува со деверица можеби непозната личност ќе му укаже на големо почитување. Веројатно не сте знаеле дека постојат луѓе кои се восхитуваат на вашата упорност и професионализам. Затоа ќе ве изненади овој негов/нејзин гест.

Ако сонувате дека играте со деверот

Овој сон симболизира радост и среќа. Ве очекуваат убави моменти со семејството и со пријателите. Можеби ќе присуствувате на голема веселба на која ќе се соберат сите луѓе кои ви се драги.

Ако сонувате дека сте го убиле деверот

Сон во кој го убивате деверот укажува на тоа дека се обидувате да побегнете од влијанието кое ви го врши некоја друга личност. Можеби во блиско опкружување имате личност која е манипулатор и секогаш ве наведува да направите нешто што му е од интерес.

Добра вест е што сте сфатиле за што се работи и како тоа влијае врз вас. Со текот на времето ќе успеете да се извлечете од неговите канџи.

Мртов девер на сон симболизира носталгија. Можеби жалите за пропуштени прилики од минатото или за подобрите времиња. Ако живеете далеку од семејството или пријателите ќе ви недостасува топлината на домот.

Ако сонувате дека девер купува невеста

Доколку на сон видите дека девер купува невеста тоа значи дека ќе бидете повикани на свадба, крштевка или друга прослава. Поради прекрасната атмосфера ќе се чувствувате одлично. Ќе се забавувате како никогаш порано во животот.

Ако вие сте деверот кој купува невеста тоа значи дека сосема случајно ќе дознаете некоја тајна. Сознанието до кое сте дошле веројатно влијае врз животот на драга личност, па ќе се двоумите дали да и кажете. Ќе се обидете да се ставите на нејзино место и да се запрашате дали би сакале да знаете или не.

Ако сонувате дека деверот држи говор на свадбата

Сон во кој го слушате деверот како држи говор укажува на проблем во комуникација со членови на семејството. Можеби нема да се согласите околу некои важни одлуки кои влијаат врз сите вас. Од една страна сте вие, а од друга се сите останати. Ќе бидете осамени во идеите, но тоа нема да ве спречи да се изборите за она што го сакате.

Ако вие сте девер што држи говор тоа имплицира дека ќе доживеете голема промена. Можеби ќе се одлучите да дадете отказ и да се посветите на работата која отсекогаш сте сакале да ја работите, а можеби ќе се преселите во друг град или држава. Тоа ќе ви биде најдобрата одлука што сте ја донеле во животот.

Ако сонувате дека сте се омажиле за деверот

Кога жена сонува дека се омажила за својот девер значи дека ќе и се насмевне среќата. Веројатно ќе бидете задоволни од избор на партнерот и дека вашата врска или брак ќе биде онаква каква што сте ја сакале. Потрудете се да го задржите покрај себе. Не избегнувајте искрени разговори и настојувајте да дојдете до компромисни решенија. Така ќе можете долго време да уживате со оној кој го сакате.

Значењето може да биде поедноставно. Доколку сте виделе девер или самите ќе бидете девер на свадба, тоа ви се одразило на потсвеста.

Дефиниција за девер

Девер е роден брат на мажот или најблизок роднина.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg