Дете

Term Main definition
Дете

Ако храните: семејни грижи; ако се игра: среќа, семеен мир; ако се играте со деца: среќа во бракот; ако добиете дете: имате добри пријатели; туѓо дете: вербално недоразбирање со пријателите.

Што значи ако сонувате дете?

Соништата со децата се најчести очекувано кај лица кои имаат деца, а деца најчесто сонуваат жените. Овие соништа не треба да ги мешате со соништа за бебиња, ниту пак со соништа со адолесценти.

Ако храните или гледате дека како јаде дете

Ако на сон храните дете, тоа предупредува на семејни грижи. Можеби честопати се наоѓате како размислувате за вашата иднина како и иднината на членовите на семејството.

Доколку имате деца, се трудите да им обезбедите најдобри можни услови  и секогаш им давате предност на нивните желби и потреби во однос на другите обврски.

Ако видите дека детето си игра на сон

Кога сонувате дека се игра дете, тоа симболизира семеен мир. Во наредниот период, сите членови на семејството ќе имаат разбирање едни за други.

Нема да обрнете внимание на нештата кои ви создавале несогласувања, туку ќе уживате во хармоничниот однос кој ќе завладее во вашиот дом.

Ако сонувате како си играат деца

Среќа, благосостојба, ви претстојат позитивни нешта и настани во животот.

Ако сонувате дека си играте со дете

Ако сонувате дека си играте со деца тоа означува дека ќе имате среќа во бракот или во врската. Се трудите секој ден кој го поминувате заедно да биде поинаков.

Сакате да посетувате кино, театар, да одите на долги и на романтични прошетки и вечери. Со добрата организација успевате да им се посветите на деловните и на приватните обврски.

Ако сонувате детска прегратка

На некоја ваша блиска личност потребна и е ваша помош и заштита, но за жал, вие тоа не можете да го забележите, иако не го правите тоа намерно.

Ако дете плаче на сон

Сон во кој слушате како плаче или вреска дете означува нереални цели. Сте поставиле превисоки цели и не можете да ги исполните. Потребно ви е да бидете стабилни и „на земја“.

Ако сонувате дека имате дете кое веќе не е бебе

Доколку на сон имате дете, тоа укажува дека имате вистински пријатели. Себеси се сметате за среќна личност, бидејќи сте опкружени со луѓе на кои секогаш можете да се потпрете.

Уживате во секој момент поминат заедно бидеjќи од нив секогаш имате нешто убаво да слушнете.

Ако сонувате туѓо дете кое го познавате

Ако сонувате туѓо дете, тоа предупредува на вербална расправија со партнерот. Веројатно во вашето опкружување има злонамерни луѓе кои едвај ќе чекаат да разгласуваат непроверени гласини за да ви направат проблем во врската или во бракот.

Наместо да разговарате за тоа со партнерот, вие ќе го нападнете и обвините за неверство.

Ако сонувате дека имате многу деца

Кога на сон имате многу деца тоа имплицира дека сте загрижени. Имате вложено многу труд за да си ги остварите целите и да стоите таму каде што сте. Свесни сте дека вашата позиција со себе носи и голема одговорност, па често се прашувате дали би ви било подобро кога не би биле толку амбициозни.

Не би го менувале вашиот живот за ништо на светот, но понекогаш си го поставувате неизбежното прашање: „Зошто ми требаше ова?“.

Ако сонувате дека сте дете

Ако сонувате дека сте дете, овој сон означува дека потсвесно ви недостасува периодот од животот кога сте биле ослободени од обврски.

Дете кое е сираче

Ако сонувате сираче тоа симболизира благосостојба. Во наредниот период ви претстои поволна ситуација како на приватниот, така и на деловниот план. Без ничија помош ќе успеете да остварите сè што се очекува од вас.

Здраво дете на сон

Доколку на сон видите здраво дете, тоа означува мир во семејството. Вам семејството ви е најважно во животот и подготвени сте да дадете бројни жртви за да го задржите заедно. Сè што правите има за цел да им обезбедите поубава и посигурна иднина.

Болно дете на сон

Кога сонувате болно дете, тоа имплицира дека имате несогласувања во домот. Можеби партнерот нема слух за вашите потреби што доведува до несогласувања во домот.

Ако живеете со вашите или неговите/нејзините родители, ќе ви биде потребна голема сила за да останете имуни на притисокот кој ви го создаваат.

Ако слушнете деца како пеат на сон

Среќа, благосостојба. Ви претстојат позитивни настани во животот.

Ако сонувате дека умира дете

Сон во кој слушате или гледате како умира дете означува големо внатрешно неспокојство. Претерано се грижите за различни нешта кои не се под ваша контрола. Можете да си направите услуга само ако се опуштите.

Ако сонувате дека разговарате со дете

Доколку на сон разговарате со дете тоа имплицира дека би требале да послушате совет кој ќе ви го упати повозрасна личност.  Немојте да бидете тврдоглави, туку размислете пред да донесете важна одлука.

Ако во ваш сон некој друг разговара со дете можеби членовите на семејството ќе ве обвинат дека сте несериозни и неодговорни. Нема да се согласите со нивната констатација, па можно е семејниот разговор да прерасне во расправија. Внимавајте да не навредите некого во афект.

Ако сонувате дека се расправате со дете

Ако на сон се расправате со дете тоа значи дека истото ќе го направите на јаве само со возрасна личност. Ќе влезете во расправија со некого кој нема претерана волја да ве сослуша туку грчевите ќе си ги брани своите ставови и мислења. Што и да и кажете, бидете подготвени дека нема да има никакво значење.

Ако сакате да си ги сочувате нервите, излезете од расправата пред да се искомплицираат нештата.

Сон во кој други се расправаат со дете симболизира недоразбирање со околината. Во моментот се наоѓате во фаза кога чувствувате дека луѓето ве осудуваат без причина.

Верувате дека целиот свет е свртен против вас и дека покрај себе немате личност со која можете да ја споделите среќата, па долго време ќе ве измачува оваа состојба.

Ако сонувате дека чувате дете

Ако на сон чувате дете тоа значи дека ви е потребен мир. Можеби поминувате низ турбулентен период. Веројатно имате многу обврски и грижи, па не стигнувате да си посветите време на себе и да се одморите. На долг рок, ова би можело да ви предизвика здравствени проблеми. Потрудете се да ја намалите количината на стресот која во моментот ја чувствувате.

Ако сонувате дека некој друг чува дете тоа симболизира недоверба. Веројатно ве разочарале некои луѓе и сега ви е тешко да им се доверите или да остварите деловна соработка. Станува збор за ситуација „кој ќе се изгори од млеко, дува и на јогурт“.

Ако сонувате дека тепате дете

Доколку на сон тепате дете веројатно не сте задоволни од професионалниот живот. Сигурно работите нешто што не ви се допаѓа, па фрустрацијата ја пренесувате дома. Ако не сакате да се скарате со целиот свет, потрудете се да промените работно место.

Сон во кој други луѓе тепаат дете укажува на тоа дека ќе се потрудите да помогнете некому кој се наоѓа во криза. Можно е да се работи за колега кој ќе се соочи со отказ и ќе настојувате со помош на вашите контакти да му обезбедите ново вработување.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте добиле дете или вашата работа бара од вас да се грижите за деца, тоа влијаело да ги сонувате.

Дефиниција за дете

Дете е човечки потомок.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg