Датум

Term Main definition
Датум

Ако читате, пишувате или се расправате за датум на сон тоа значи дека ве очекува важен настан.

Што значи да сонувате датум?

Ако сонувате датум

Ако на сон видите датум тоа имплицира дека ве очекува важен настан. Тоа може да биде: свадба, роденден на дете, вработување или упис на факултет.

Можеби после тоа ќе дојде до промена на вашите обврски и приоритети. Веќе нема да имате слободно време како порано и ќе станете позрели и посериозни.

Ако сонувате дека одредувате датум

Кога сонувате дека вие одредувате датум, тоа укажува дека многу планирате. Сакате многу нешта да држите под контрола и се трудите нештата да не ги оставате на случај.

Луѓето од вашето опкружување знаат дека можат да се потпрат на вас и да ви ја препуштат организацијата на случувањата.

Ако сонувате дека поместувате датум

Ако сонувате дека поместувате датум тоа значи дека сте неодлучни. Иако се трудите да ги убедите другите дека сте задоволни со она што сте го постигнале во животот, длабоко во себе чувствувате дека нешто ви недостасува. Веројатно сте попуштиле пред барањата на околината и направиле нешто што се очекувало од вас, а не она што сте го сакале.

Во наредниот период ќе настојувате да исполните дел од вашите првобитни соништа и на тој начин да се усреќите себеси.

Ако некој друг во ваш сон поместува датум тоа имплицира дека ќе ви се расипат плановите.

Нешто на кое многу му се радувате ќе мора да го одложите поради луѓето кои ги сакате. Ќе ви биде жал поради тоа, но семејството и пријателите сепак ви се најважни од остварените лични желби.

Ако заокружите датум на сон

Сон во кој заокружувате некој датум укажува на тоа дека мечтаете за нешто што ви се чини потполно недостижно. Можеби се работи за идеален партнер, работа или живот на некоја дестинација која отсекогаш ве привлекувала.

Не би требало толку лесно да се откажувате од вашите соништа бидејќи никогаш не знаете кога ќе ви се укаже прилика да ги остварите.

Ако во вашиот сон некој друг заокружува датум тоа значи дека ќе слушнете добри вести. Можеби вашиот пријател или познаник ќе ви се јави за да ви каже дека неговото здравје се подобрило. Тоа ќе ви донесе големо олеснување.

Ако прецртувате датум

Ако прецртувате датум на календар имплицира дека ќе се ослободите од големи грижи. Можеби ќе положите важен испит, ќе добиете работа или ќе го решите станбеното прашање. Во секој случај ќе се ослободите од огромен товар на вашите плеќи.

Ако некој друг прецртува датум значи дека драга личност ќе ја изневери вашата доверба.

Станува збор за некого кого сте го сметале за поверлив и одговорен. Меѓутоа, ќе произлезе дека неговите/нејзините обврски му/и се поважни од вашите и нема д ви излезе во пресрет кога ќе ви биде најпотребен/на.

Ако видите болдиран датум

Ако сонувате дека броевите на датумот кој го сонувате се затемнети (болдирани) тоа укажува на грижа на совест. Можеби сте направиле нешто со кое не се гордеете, а не знаете како да го исправите.

Ако сте и погрешиле на некоја личност која ви е драга, морате што побргу да и побарате извинување. Ако чекате премногу долго ризикувате засекогаш да се оддалечите.

Ако видите датум означен со црвена боја

Кога ќе видите датум означен со црвена боја, како оној во црковните календари тоа имплицира дека ќе поминете убави моменти во кругот на семејството и на пријателите.

Ќе ви годи нивното друштво бидејќи се чувствувате како да сте меѓу своите.

Ако го сонувате вашиот датум на раѓање

Кога го сонувате својот датум на раѓање тоа имплицира дека ќе доживеете длабока старост. Причините за такво нешто лежат во фактот дека сте голем хедонист и дека се трудите да си ја исполните секоја можна желба.

Притоа редовно си го збогатувате животот со нешта кои ве прават среќни и се трудите да бидете опкружени со луѓе кои ви годат.

Ќе ја искористувате секоја секунда од животот на вистински начин и ќе сфатите дека токму тоа е рецептот за среќна и мирна старост.

Ако го сонувате партнеровиот датум на раѓање

Доколку го сонувате датумот на раѓање на вашиот партнер/партнерка тоа значи дека се плашите дека во стварноста ќе го/ја заборавите. Можно е да сте преоптоварени со тоа бидејќи тој/таа ви замериле дека сте пропуштиле да му честитате.

Веројатно ви треба многу време да изберете соодветен подарок и потполно сте посветени на таа мисија.

Ако сонувате датум на раѓање на друга драга личност

Овој сон предвидува веселба. Можеби ќе бидете поканети на свадба, крштевка, роденденска прослава или некоја друга веселба на која многу убаво ќе се забавувате.

Ако се подготвувате за журка во градот, сигурно ќе посветите многу време што да облечете за да се појавите во најдобро можно издание.

Ако го сонувате датумот на венчавката

Ако млада личност која не е во брак го сонува својот датум на венчавка ја покажува нејзината/неговата желба да се омажи/ожени. Можеби вашите пријатели се омажиле/ожениле, па сте под влијание на тој настан.

Кога личноста која е долго време во брак сонува датум за венчавка тоа имплицира дека жали за некој настан од минатото. Можеби сте пропуштиле некоја прилика, па често размислувате за тоа што би се случило доколку би постапиле различно.

Ако сонувате породилен датум

Ако жена која чека дете сонува датум на пораѓање на точно одреден датум тоа има многу едноставно значење. Нормално е дека кога сте во бременост размислувате за иднината, па од јаве тоа сте го пренеле на сон.

Ако не носите дете, а сонувате датум на породување тоа значи дека силно ќе се израдувате на успехот на некоја друга личност. Можеби ќе дознаете дека тој/таа чека дете или подготвува свадба или некоја друга прослава.

Ако го сонувате датумот на сопствената смрт

Кога на сон ќе го видите датумот на сопствената смрт тоа укажува на страв од старост. Ако сте во средни години веројатно ве плаши тоа што не можете нештата да ги правите со леснотија туку ви треба повеќе време и напор за да завршите нешто.

Доколку сте млада личност, овој сон е последица на претерано размислување за иднината. Можеби се плашите да донесете одлуки кои се погрешни.

Ако го сонувате датумот на нечија смрт

Колку и да ви делува морбидно и чудно, овој сон нема никаква врска со вистинскиот датум на нечија смрт. И самите знаете дека тоа е невозможно да се предвиди. Соништата со датум на смрт воглавно се поврзани со некои стресни настани кои ви претстојат или сте ги преживеале.

Можеби на тој ден вие или ваша блиска личност сте доживеале некоја непријатност. Веројатно сте го потиснале тој датум, па потсвеста ве потсетила на тоа.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку сте заокружиле некој датум кој ви е значаен или сте закажале датум на важно случување, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за датум

Датум е одреден ден во календарот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg