Да се биде нападнат

Term Main definition
Да се биде нападнат

Да се биде нападнат во сон значи дека ќе доживееш непријатност на јаве.

Што значи да сонувате дека сте нападнати?

Нападот во сон има негативно значење и ви порачува дека би требало да бидете внимателни.

Ако сонувате дека сте нападнати

Ако во сон вие сте нападнати, тоа е предупредување дека ќе доживеете непријатност. Можно е да се најдете во непријатна ситуација што ќе бара да изберете страна на која сакате да се придружите.

Иако дискусијата нема да ве засега вас лично, вие ќе бидете вовлечени во неа и секој ќе врши притисок и ќе ве убедува  во вистинитоста на својата приказна.

Ако сонувате дека напаѓате некого

Доколку во сон вие напаѓате некого, тоа подразбира дека сте нетрпеливи. Вие сте личност која не знае да изброи до 10 и да избере зборови што ќе го остават посакуваниот впечаток.

Иако зборувате многу, всушност, не испраќате ниту една јасна порака што би го натерала соговорникот да размисли и да попушти пред вашата молба.

Ако сонувате дека гледате напад

Кога во сон гледате напад, тоа означува да не се мешате во она што не ве засега. Функционирате според принципот „Ако сакате нешто добро направено, направете го тоа сами“, така што не очекувате другите да се залагаат за вас доколку наидете на неволја.

Многумина ве сметаат за себични, но врз основа на претходните искуства, заклучивте дека таквиот став ќе ви донесе најмалку главоболки.

Ако сонувате дека спречувате напад

Ако во сон спречувате напад, тоа укажува дека ќе заштитите некого. Ќе бидете подготвени да се соочите со критики и со негативни коментари упатени на некоја ваша блиска личност. Вие нема да сакате тој/таа да страда, па затоа ќе му направите магарешка услуга, затоа што кога-тогаш ќе се најде во таква ситуација, а нема да знае како да реагира.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте нападнале некого или сте биле нападнати, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg