Црнина (црна облека)

Term Main definition
Црнина (црна облека)

Ако сонувате дека носите црнина значи дека неволјата ви тропнала на врата.

Што значи да сонувате црнина?

Ако видите црна облека на некого

Ако на сон видите црнина тоа симболизира тага. Во наредниот период ќе бидете лошо расположени и ќе се откажувате од се она што сте го започнале. Можно е да немате конкретни причини за очајување, туку дека претерано преиспитување за одлуките и нивните промени ќе ви создадете чувство на очај дека ништо од она што сте го постигнале нема смисла.

Ако носите црнина на сон

Ако сонувате дека носите црнина за некого то имплицира дека неволјата ќе ви тропне на врата. Најверојатно ќе биде во облик на непријател кого сте го отпишале бидејќи едно време не ви претставувал проблем.

Доколку се работи за конкуренција на работа, ќе мора да обрнете внимание бидејќи се служи со валкани трикови за да ве дискредитира.

Ако соблекувате црнина на сон

Кога сонувате дека соблекувате црнина, тоа укажува дека минатото ќе го оставите зад себе. Колку и да ви е тешко ќе сфатите дека е крајно време да се тргнете и да престанете да си префрлувате поради погрешни одлуки кои сте ги донеле во минатото.  Ќе ви се допаѓа слободата која ќе ја почувствувате кога ќе престанете да се казнувате и да обрнувате внимание на коментари на луѓе кои се радуваат на вашата несреќа.

Ако сонувате дека сте одбиле да носите црнина

Доколку сонувате дека одбивате да носите црнина тоа значи дека мислењето на околината ви е поважно од тоа самите да сте среќни и исполнети. Се трудите да се одржува бајката дека живеете совршен живот, па често се наоѓате во ситуација да работите нешто што не го сакате и да говорите нешто што не го мислите.

Меѓутоа, мора да бидете свесни дека тој меур од сапуница во кој се наоѓате кога-тогаш ќе пукне и ќе сфатите дека сте губеле време и енеригија на погрешни нешта.

Ако сонувате дека други луѓе одбиваат да носат црнина

Ако во ваш сон некој одбива да носи црнина тоа имплицира дека покрај себе имате личност која се обидува да ви го наметне своето мислење за многу нешта. Бидејќи отсекогаш сте биле подложни на влијанието на другите луѓе, не сте забележале дека сте станале жртва на манипулација.

Време е да се тргнете и да почнете сами да донесувате одлуки.

Ако сонувате деца во црна облека

Сон во кој гледате деца во црнина укажува на тоа дека е време да го промените погледот на светот. Премногу сте негативни и песимистични , па таквото однесување се пренело и на сон. Пронајдете нешто што ве прави среќни и правете го тоа почесто. Така себеси ќе си помогнете и ќе се извлечете од дупката во која сте западнале.

Ако си го сонувате таткото во црнина

Кога го сонувате таткото во црнина потсвеста ве предупредува конечно да пораснете. Понекогаш се однесувате неодговорно и не сакате да планирате, организирате или потполно да се посветите на своите обврски. Колку и да ви е добар пристапот кон животот, од психолошка страна тој може да биде и погрешен кога ќе се земе предвид дека многу малку нешта сте направиле иднината да ви биде подобра и побезгрижна.

Ако ја сонувате мајката во црнина

Ако на сон ја видите својата мајка во црнина тоа значи дека ви е потребен совет. Се трудите во секојдневниот живот да бидете посамостојни и да не зависите од никого, но понекогаш сте свесни дека не можете се да правите сами. Во своето опружување имате некого кому можете да се доверите, па нема причина зошто да не му/и се обратите.

Ако сонувате дедо/баба во црнина

Доколку сонувате дедо или баба во црнина потсвеста ве предупредува дека донесувате одлуки непромислено. Размислете добро за последиците, пред да преземете некој голем ризик. Доколку планирате да дадете отказ, да напуштите факултет или да вложите пари во нешто посоветувајте се со некого кој има поголемо искуство од вас. Ќе ви биде полесно да сфатите дали одлуката ви била правилна.

Ако сонувате брат/сестра во црнина

Сон во кој гледате брат или сестра во црнина укажува на загриженост за некој член на семејството. Можеби неодамна сте дознале дека некој од вашите блиски има здравствени проблеми, па се плашите од исходот на прегледот и од третманите на кои ќе подлегне.

Во секој случај обидете се грижата да не ја пренесувате на сон бидејќи секое утро ќе се будите поуморни од кога сте си легнале. Сега ви е потребна енергија во секој момент да бидете достапни на оние кои ви се потребни.

Ако сонувате партнер во црнина

Ако на сон видите дека вашиот партнер носи црнина време е да се извините за грдите нешта кои сте му/и ги упатиле. Веројатно во афект сте рекле нешто што не мислите, ниту самите не сте сакале да си признаете дека сте погрешиле.

Сега потсвеста ве предупредува дека мора да се извините и да се обидете да ја поправите грешката. Ова е една важна лекција да ги контролирате своите чувства и да внимавате што зборувате кога сте лути.

Ако сонувате многу луѓе во црнина

Доколку на сон видите многу луѓе кои носат црнина тоа значи дека сте под голем стрес. Бројните обврски и проблеми со кои се соочувате би можеле сериозно да ви го загрозат здравјето. Обидете се да пронајдете време и начин да се опуштите. Посветете се на некое хоби, заминете на кафе со личноста која ја сакате, прочитајте книга и слично. Во спротивно ќе си направите штета.

Ако носите црн флор/трака

Ако носите црн флор/трака тоа значи дека некој ќе се обиде да ве измами.  Добро внимавајте со кого соработувате и кому се поверувате. Немојте да потпишувате никакви договори ако не сте сигурни дали ви одат во прилог и потрудете се парите со кои располагате да ги распоредите на правилен начин, да за не ви затребаат во иднина.

Кога на сон ќе видите дека некој друг носи црна трака тоа значи дека сте западнале во криза, а ниту самите не знаете зошто. Во последно време немате волја да работите, да се дружите со пријателите, единственото нешто во што уживате е да останете сами. Низ оваа криза поминуваат сите луѓе барем еднаш во животот, но ако веќе долго време ве држи тоа расположение обидете се да разговарате со некого чие мислење го почитувате. Во краен случај, ако потрае оваа состојба, не колебајте се да побарате совет од стручно лице.

Значењето може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте носеле црнина или сте присуствувале на настан каде што други носеле, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за црнина

Црнина е облека што се носи на погреби и кога се изразува жалост поради смрт на некоја личност.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg