Чанта

Term Main definition
Чанта

Ако на сон видите полна чанта, имате совет да не се вообразувате. 

Што значи да сонувате чанта? 

Ако сонувате полна чанта

Ако на сон видите полна чанта, имате совет да не се вообразувате. Постои можност себеси да се сметате за повредни од другите затоа што заработувате повеќе пари. Вашето мото е дека секој човек е ковач на својата судбина, па од таа причина немате разбирање за оние луѓе кои не се снашле и кои не успеале во животот. Не помислувате што би ви се случило вам доколку сте пораснале во поинакви услови.

Ако сонувате празна чанта

Ако на сон видите празна чанта, тоа значи дека треба да мислите малку и на утре. Вие сте личност која би можела да ја потроши целата своја плата за неколку дена, дури и по цена да гладувате или живеете на туѓа сметка до следниот месец. Не сте умерени и се лутите кога другите ќе ви кажат дека претерувате.

Ако сонувате нова чанта

Кога на сон ќе видите нова чанта, тоа укажува дека ќе слушнете поволни вести. Веројатно ќе добиете повисока плата којашто ќе ве мотивира да вложите дополнителен труд на работното место. Ќе им бидете благодарни на претпоставените што се фер кон вас и ќе продолжите да го давате најдоброто од себе.

Ако сонувате стара чанта

Ако на сон видите стара чанта, тоа значи дека сте зафатени. Можно е поради обврските да немате време да се напиете кафе со пријателите, а камоли да пазарувате. Претходно се жалевте дека немате пари, но ниту оваа крајност не ви одговара.

Ако сонувате училишна чанта

Доколку но сон видите училишна чанта, тоа имплицира дека треба вложите дополнителен труд за да постигнете успех. Може да се случи да бидете на условна казна и да се очекува да се жртвувате за работата. Бидејќи таквата положба нема да ви одговара, ќе треба да одлучите како ќе се позиционирате.

Ако сонувате патничка чанта

Кога ќе видите патна чанта на сон, тоа покажува дека ќе останете дома. Веројатно оваа година нема да одите никаде на одмор, што ќе падне многу тешко. Ќе се трудите да не размислувате за тоа, но потајно ќе ги гледате аранжманите и ќе се надевате дека ќе се случи чудо.

Ако сонувате дека некому сте подариле чанта

Ако некому на сон подарите чанта, значи дека имате вкус. Вие сте личност која секогаш наоѓа нешто убаво, квалитетно и достапно. Многу луѓе ве повикуваат со нив заедно да одите на шопинг и да им помогнете во изборот на нештата.

Ако сонувате дека добивате чанта

Ако на сон добиете чанта, тоа значи дека некој пријатно ќе ве изненади. Можно е да станува збор за личност која ќе стане повнимателна кон вас и кон другите луѓе во околината. Ќе се сети на некои важни датуми и ќе ве покани заедно да ги одбележите.

Ако сонувате како фрлате чанта

Кога фрлате чанта на сон, тоа покажува дека ќе се побуните. Веројатно ќе нема да се согласувате со нечии одлуки и ќе му/и го кажете тоа в лице. Дури и да не постигнете ништо, совеста ќе ви биде чиста затоа што сте го дале својот максимум.

Ако сонувате дека сте купиле чанта

Купувањето чанта на сон значи дека би требало да почнете да водите сметка за тоа на што ги трошите парите. Моментално имате доволно пари, но тоа не значи дека состојбата ќе остане иста. Ако се расфрлате сега, постои можност да доживеете банкрот во иднина.

Ако на сон продавате чанта

Доколку на сон продадете чанта, тоа покажува дека наскоро би можеле да се впуштите во успешен деловен потфат. Ова особено се однесува за луѓето кои неодамна го промениле работното место или започнале приватен бизнис.  Ќе наидете на многу предизвици, но ќе успеете да ги надминете.

Ако сонувате дека сте украле чанта

Ако украдете чанта од продавница т.е. дуќан на сон, тоа значи дека ќе направите нешто сосема непромислено и дека поради тоа ќе се најдете во опасност. Особено е важно да водите сметка во наредниот период доколку планирате да потпишете било каков вид на договор. Потрудете се да ја прочитате и разберете секоја ставка од договорот, за подоцна да не ве боли глава.

Ако на сон сте украле чанта од некого, тоа значи дека би можеле да се засрамите во поголемо друштво. Ќе кажете или направите нешто што ќе предизвика потсмев кај присутните.

Ако сонувате дека некој ви ја украл чантата

Кога сонувате дека некој ви ја украл чантата, тоа значи дека сте лековерни. Им дозволувате на луѓето да ве убедат во што било. Досега сте се изнаслушале лажни ветувања, но и покрај тоа не сте научиле да бидете повнимателни.

Ако сонувате дека сте одземале нечија чанта

Да одземете нечија чанта во сон симболизира преголема амбиција. Добро е што имате цел и што се трудите да ја постигнете. Сепак, уништивте многу мостови зад себе, па затоа би било препорачливо да се запрашате со кого ќе го прославите вашиот успех ако еден ден го постигнете.

Ако сонувате дека некој ви ја одземал чантата

Ако сте сонувале дека некој ви ја одземал чантата, тоа значи дека си имате работа со арогантни луѓе. Постои голема веројатност некој колега, т.е.  колешката на работното место често да ги истакнува сопствените способности и знаење и ги потценува туѓите успеси, па тоа ужасно ве измачува. 

Ако сонувате дека сте ја изгубиле чантата

Губењето на чантата во сон значи дека сте збунети поради ситуацијата во која се наоѓате во последно време. Веројатно за кратко време ви се случиле многу нешта и се уште не сте имале време да ги обработите.  Дајте си време да размислите за нештата внимателно и не донесувајте големи одлуки преку ноќ.

Ако сонувате дека сте пронашле чанта

Ако најдете чанта во вашиот сон може да укаже дека ќе добиете нешто што не сте го заслужиле. Можно е работодавачот да одлучи наместо колега, т.е. колешката кој/а работи многу повеќе и знае многу повеќе да ве унапреди токму вас. Нема да почувствувате грижа на совест заради тоа, но ќе се срамите да го/ја погледнете во очи. 

Ако сонувате како изработувате (шиете, кроите) чанта

Ако изработувате или шиете чанта значи дека сте многу креативна личност, но дека не го искористувате вашиот талент во доволна мера. Ако вашата работа не бара иновативност, можете да ја насочите вашата имагинација кон некое хоби.  Кој знае, можеби еден ден тоа ќе ви стане добар извор на приход.

Ако сонувате дека шиете чанта

Крпењето или шиењето чанта во сон значи дека сте скржави. Би било убаво одвреме-навреме и вие некогаш да ги почестите со кафе или оброк вашите пријатели или колеги на чија сметка често јадете и пиете.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg