Четка

Term Main definition
Четка

Ако видите четка тоа предупредува на расправија во куќата; ако се четкате значи дека ќе имате неочекувани гости.

Што значи да сонувате четка?

Ако видите четка на сон

Ако на сон видите четка тоа предупредува на расправија во куќата. Во наредниот период односите помеѓу вас и останатите членови ќе бидат променливи и ќе вариират од согласувања до сериозни расправи и размена на тешки зборови.  Доволна ќе биде ситница да им го расипе расположението и да почнат да ве напаѓаат поради нешто што сте го направиле во минатото. Едвај ќе чекате да излезете од дома и да си го одморите мозокот.

Ако сонувате дека се четкате

Кога сонувате дека се четкате тоа имплицира дека ќе имате гости. Во посета ќе ви дојде некој кој не сте го виделе одамна, а порано сте биле многу блиски. Многу пред неговото/нејзиното доаѓање ќе почнете да правите планови што ќе приготвувате од храна, каде ќе го/ја водите како и други нешта кои ќе го направат неговото гостување интересно.

Ако четкате некого

Ако сонувате дека четкате некого значи дека имате многу обврски. Луѓето сте ги научиле дека можат да се ослонат нас вас и дека би направиле се што ќе ви побараат. Претстојниот период ќе ви биде многу напорен и ќе сакате да заминете на неколку дена и да се одморите.

Ако купувате четка

Сон во кој купувате четка значи дека конечно ќе успеете да заштедите пари за да си ја исполните долгогодишната желба. Досега воглавно сте ги усреќувале луѓето кои ги сакате, но сега ќе одлучите да бидете „себични“ и сами да си се почестите со нешто што сте си го мечтаеле. Овојпат воопшто нема да ве гризе совеста, бидејќи сте заслужиле да си се израдувате себеси.

Ако продавате четки

Ако на сон продавате четки тоа иплицира дека ќе и простите на личноста што ве повредила. Откако ќе ви покаже дека вистински се кае и ќе се обиде да ви се извини, ќе сфатите дека не сакате да бидете злопамтило, па ќе прифатите извинување. Сепак, вашиот однос нема да биде ист, бидејќи никогаш нема да го заборавите тоа што ви го направил/ла.

Ако подарите четка

Кога некому на сон ќе му подарите четка тоа е знак дека непријателот ќе го победите со негово оружје. На време ќе сфатите дека некој се обидува да ве измами или се обидува да го саботира вашиот план за успех. За среќа, ќе бидете многу поомудри па ќе/и покажете дека не може секој да се „игра“ со вас.

Ако добиете четка на подарок

Доколку некој на сон ви подари четка тоа значи дека нема да ви се допаднат вестите што ќе ги чуете. Можеби сте очекувале позитивен исход од некој судски спор, но пресудата ќе биде полоша отколку што сте се надевале. Од друга страна, можно е да не бидете повикани на разговор за работа на која сте се пријавиле.

Толкувањето зависи од видот на четката која ја сонувате

Четка за фарбање или кречење

Доколку сонувате четка за кречење тоа симболизира позитивни промени во вашиот живот. Наскоро ќе дојде до подобрување на ситуацијата како на деловен и на финансиски, така и на емотивен план. Ќе сфатите дека честите расправии во вашето семејство предизвикале проблеми со парите.

Четка за сликање (кист)

Сон во кој гледате четка за сликање ја претставува вашата креативност. Можеби работното место ви зависи од вашата креативност и фантазија, а потсвеста ве предупредува дека треба да го искористите вашиот талент. Обидете се да сфатите во што сте добри, па со тоа се занимавајте како хоби. Никогаш не се знае, можеби еден ден ќе ви стане главен извор на приходи.

Четка за чистење/перење подови или теписи

Кога на сон чистите подови со четка ќе мора да се потрудите ако сакате покасно да уживате во плодовите на вашата работа. Обрнете внимание на што ги трошите парите и потрудете се да не вложите во нешто што би можело да ви донесе загуба. За да го намалите ризикот од загуба послушајте ги советите на луѓето кои имаат искуство во таа работа.  Мора да бидете внимателни при потпишување на договори. Ако не внимавате сега, подоцна ќе ве боли главата поради тоа.

Четка за чистење облека

Ако сонувате дека четкате облека можно е вашиот труд да биде награден. Работодавецот или шефот ќе сфати дека сте еден од најважните работници во фирмата, па ќе се потруди да ве задржи и мотивира да не се одлучите да промените работа. Доколку некој ви ја чисти облеката со четка тоа имплицира дека би требале да внимавате на своето однесување. Премногу сте арогантни и поради тоа луѓето го избегнуваат вашето друштво.

Четка за чевли

Кога на сон ќе видите четка за полирање тоа значи дека ја имате поддршката од семејството за некоја важна задача што планирате да ја направите. Веројатно ќе ве поддржат и морално и материјално. Доколку сонувате дека некој ви ги чисти чевлите со четка тоа значи дека веројатно накратко ќе отпатувате во земја која ќе ви се допадне многу, па ќе посакате да останете таму засекогаш.

Ако сонувате дека чистите чевли некому тоа значи дека нема наскоро да се ослободите од долгови. Можеби ќе почнете да работите дополнителна работа за да ги санирате секојдневните трошоци. Тоа секако е подобра алтернатива од задолжување во банка под неповолни услови.

Четка за WC шолја

Доколку на сон видите или користите тоалетна четка тоа имплицира дека премногу се грижите за тоа што мислат луѓето за вас. Веројатно силно се трудите да бидете почиитувани во друштво, да ви се восхитуваат луѓето и да им бидете пример на сите. Во сето тоа се чини дека сте си го изгубиле идентитетот. Тешкото бреме кое сте си го наметнале со текот на времето ќе ве измори, па сфатите дека најдобро се чувствувате таму каде што не мора да глумите – во кругот на семејството или најблиските пријатели. 

Кога сонувате дека некој друг користи четка за WC шолја тоа значи дека сте премногу толерантни. По природа сте работохоличар, а таа ваша работна особина ја злоупотребуваат колегите. Крајно време е да „промените плоча“.

Четка за коса

Сон во кој видите или користите четка за коса укажува на тоа дека имате желба да му се допаднете некому. Се трудите да се покажете во најдобро светло за да го привлечете вниманието на сротивниот пол. Мотивација ќе ви даваат и сигнали кои забележувате дека ви ги дава, но никој од вас до сега не се охрабрил да го направи првиот чекор.

Четка за шминка

Ако на сон користите четка за шминка тоа имплицира дека сте неискрени кон лицата што ги сакате.  Се обидувате да скриете нешто што би ви го нарушило односот. Меѓутоа, нема да можете долго да живеете со тоа бидејќи ќе ве мачи совеста. Размислете дали ви се исплати да признаете за што се работи и да ги сносите последиците поради тоа или потсвеста упорно да ве предупредува на тоа.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте виделе или користеле четка, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за четка

Четка е алат или прибор кој се користи за кречење, сликање, фарбање или одржување на хигиена.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg