Честитање

Term Main definition
Честитање

Ако дадете честитка на сон тоа е симбол за забава и веселба, а ако ја примите тоа значи дека желбата нема да ви се исполни, некој ве озборува.

Што значи да сонувате честитка?

Ако дадете некому честитка на сон

Ако на сон некому давате честитка значи дека ќе присуствувате на забава. Можеби ќе му помогнете на пријателот да се избори за нешто што многу му значи.  Ќе дадете се од себе да му излезете во пресрет и да му бидете поддршка која му е повеќе од потребна. Заедничкиот труд ќе резултира со успех кој заедно ќе го прославите и претворите во вистинска веселба.

Ако сонувате дека сте примиле честитка

Кога сонувате дека сте примиле честитка, тоа имплицира дека вашата желба нема да се исполни. Ќе бидете под голем притисок бидејќи околината ќе захтева да ги остварите целите кои се друштвено прифатливи, а не оние кои вие ги сметате за најдобри. Ќе се трудат да влијаат врз вашиот избор на факултет, работа, друштво, партнер и се она што е најважно во животот.

Ако кинете или искинете честитка на сон

Ако сонувате дека кинете честитка тоа значи дека ќе ви се јави личност со која не сте останале во добри односи. Можеби се работи за поранешен партнер кој ве повредил и исчезнал од вашиот живот. Кога ќе дознаете дека му е жал и дека сака да докаже дека се променил, ќе бидете во искушение дали да му простите, и покрај тоа што се уште негувате чувства кон него.

Ако палите честитка на сон

Ако на сон палите честитка тоа значи дека ќе ве повреди фактот дека колегата не ве поканил на прослава на која присуствувале сите други колеги од работа. Ќе се прашувате зошто ве изоставил/ла, но набргу ќе сфатите дека самите сте го натерале на љубомора и суета. На крајот на краиштата, вие не се дружите приватно, зошто тогаш да ве кани на својата прослава.

Честитка за роденден

Доколку сонувате дека сте добиле честитка за роденден тоа значи дека нерадо ќе се најдете во центарот на вниманието. Вие сте личност која не сака фокусот да го става на себе и претпочитате да преземате улога на следач отколку на лидер. Меѓутоа, ќе се најдете во ситуација кога сите ќе ги вперат очите во вас што ќе ви предизвика голема трема и непријатност. Ќе сакате да пропаднете во земја отколку да ве гледаат. Ако вие на сон некому испраќате честитка за роденден тоа имплицира дека изненадувањето кое го подготвувате за саканата личност ќе ви пропадне.

Сте се потрудиле да го организирате секој можен детаљ за да не насети што го/ја чека. Меѓутоа, некој член на семејството или пријател ќе ви го издаде планот, па ќе мора да се помирите со фактот дека изненадување нема да има.

Ако сонувате честитка за свадба

Сон во кој купувате честитка за свадба може да има повеќе значења. Ако сте во брак, ваквата честитка укажува дека би требале да посветите поголемо внимание на својот партнер. Ако долго време сте слободни можеби мечтаете за вистинската личност со која ќе го поминете целиот живот. Кога сонувате дека некому давате честитка за свадба укажува на трошок.

Можеби ќе ви се расипе автомобил или некој друг куќен апарат, или навистина ќе бидете поканети на свадба, крштевање или некоја друга прослава, па ќе мора да купите вреден подарок.

Честитка за крштевка

Ако сонувате дека некој ви дал честитка за крштевка значи би требале да посветите внимание на својот духовен живот. Во трка за парите и материјалното богатство сте го занемариле она најважното – семејството, пријателите и вистинските вредности кои го правата животот поубав. Време е да им посветите време на саканите личности, да им покажете колку ви значат и колку ги почитувате.

И самите поради тоа ќе бидете посреќни. Доколку сонувате дека некому испраќате честитка за кршевка тоа имплицира дека во блиска иднина ќе запознаете личност која  ќе ве воодушеви. Ќе сфатите дека тој/таа ги има особините кои вие ги цените и ќе посакате да поминувате повеќе време заедно. Ова може да претставува сериозен проблем ако имате партнер. Не дозволувајте поради лаги да изгубите луѓе кои ги сакате.

Честитки за раѓање на дете

Ако некој на сон ви испрати честитка за раѓање на дете тоа исто така може да има повеќе значења. Кај млади девојки кои се уште не се оствариле како мајки, ваквиот сон укажува дека имаат желба да добијат потомство. Ако сте жена која веќе има деца, можеби сте загрижени за нивното здравје.

Доколку помладо момче сонува дека некој му честитал раѓале на дете, тоа симболизира страв од одговорност, а ако татко сонува таков сон тоа симболизира гордост. Кога сонувате дека вие давате честитка за раѓање на дете можно е да слушнете убави вести од странство. Веројатно ваш роднина или пријател ќе ве извести за некој убав настан во неговото семејство.

Честитка за заминување во пензија

Доколку некој ви честита заминување во пензија тоа имплицира умор и исцрпеност. Можно е премногу да работите и да не стигнувате да се одморите. Телото ви препорачува да закочите за да не си го нарушите здравјето. Сон во кој некому испраќате честитка за заминување во пензија значи дека ќе добиете прилика да напредувате во својата работа.

Ќе ви се пружи прилика која не се пропушта. Можеби поради тоа ќе мора да поднесете некоја жртва, но тоа брзо ќе ви се исплати.

Честитка за положен дипломски испит

Ако некој ви честита положена матура во средно училиште или дипломски труд на факултет можеби ќе добиете совет од личност која првпат ја гледате во животот. Ќе сфатите дека е потполно во право и дека треба да ги следите насоките кои тој/таа ви ја дале. Веројатно се работи за личност која има многу искуство во животот, па поради тоа сте заклучиле дека е добро да го прифатите советот.

Ако сонувате дека некому давате или испраќате честитка за завршеток на школување укажува на тоа дека е време за големи и долгорочни планови. Конечно треба да размислите што сакате од животот и тоа да го соопштите на лицата кои ви се блиски. Не е важно дали се работи за работата или за приватниот живот. Битно е да донесете одлука и да почнете да ги исполнувате целите.

Честитка за Божиќ или за Нова година

Доколку сонувате дека некој ви испратил честитка за  Божиќ или за некој друг празник тоа значи дека силно се трудите да го задржите детето во себе. Ова е многу позитивна особина поради која луѓето ве сакаат.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте добиле или испратиле честитка тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за честитка

Честитка може да биде во писмена или во усмена форма и се дава по повод прослава на големи празници.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg