Чешлање
Term | Main definition |
---|---|
Чешлање | Ако се чешлате на сон значи дека имате оправвдани грижи, ќе ве излаже некој во кој сте верувале. Што значи да сонувате чешлање?Ако се чешлате на сонАко се чешлате на сон тоа имплицира дека ќе бидете загрижени. Ви претстои период кој ќе биде одбележан со неизвесност на деловен и на емотивен план. Можеби негативната енергија од работното место ќе ја пренесете на партнерот што ќе предизвика расправија. Нема да знаете да го издвоите приватниот од деловниот живот и ќе имате се помалку време за луѓе и активности кои ве усреќуваат. Ако чешлате некого на сонКога сонувате дека чешлате некого тоа означува дека ќе најдете утеха. Веројатно досега сте донеле неколку погрешни одлуки кои животот ви го довеле до непосакуван правец. Тоа се однесува на лош избор на факултет, работа или партнер. Во наредниот период ќе ви се укаже прилика да го правите она што го сакате и што ќе ви го исполни денот со радосни моменти. Ако чекате или пред скоро време сте добиле дете, ќе му се посветите во потполност и ќе најдете сила да се изборите со сите проблеми. Ако сонувате дека некој ве чешлаАко сонувате дека некој ве чешла значи дека имате заштитник. Можеби таа улога во семејството ќе ја преземе некој кому можете да се ослоните. Кога и да направите штета тој ќе ве брани и нема да дозволи никој да ве повреди. Ако на сон видите дека некој друг се чешла значи дека не сте сигурни што сакате од животот. Премногу се двоумите и често менувате мислење и одлуки. Тоа колебање и несигурност ќе почне да му влијае на партнерот, па очекувајте во блиска иднина и да ви го соопшти тоа. Прво расчистете некои работи самите со себе, па потоа поделите ги своите желба и ставови со другите. Толкувањето на овие соништа зависи од контекстот во кој се одвиваат, како и од деталите и чувствата што го следат. Ако чешлате мокра косаКога на сон чешлате мокра коса тоа е знак дека треба да водите сметка за своето здравје. Закажете превентивен преглед кај лекар за да се осигурате дека сте здрави. Ако, пак, чешлате туѓа мокра коса тоа имплицира дека сте загрижени за саканата личност. Веројатно некој од вашите сакани се повлекол во себе и не дозволува да му помогнете. Ако се чешлате пред огледалоКога сонувате дека се чешлате пред огледало тоа укажува на срам и понижување во реалниот живот. Можеби некој се обидува да ве осрамоти пред големо друштво. Само со смиреност и мудрост можете да спречите тоа да премине во потсмев од околината. Не донесувајте брзи одлуки и не дозволувајте бесот да ве заслепи. Ако во ваш сон некој друг се чешла пред огледало тоа значи дека би требале да водите сметка за вашето здравје. Прво треба да ги промените прехрамбените навики. Премногу масна и зачинета храна, слатки и грицки неповолно се одразуваат на вашето здравје. Ако чешлате коса на почината личностДоколку на сон чешлате коса на почината личност тоа укажува на добивка. Можеби работодавецот ќе се одлучи да ве награди со покачување на платата или ќе дознаете дека сте наследиле имот од некој далечен роднина. Ова ќе ви помогне да ја надминете финансиската криза во која сте западнале. Ако маж чешла женаКога маж сонува дека ја чешла својата жена или девојка тоа е знак дека успешно ќе ги преброди проблемите кои долго време го измачуваат. Ќе успеете да се ослободите од долговите и да ги остварите желбите за кои мечтаете. Ако очекувате принова, можеби наскоро ќе се израдувате. Ако на сон маж чешла жена со која не е во емотивна врска тоа имплицира расправа и недоразбирање во семејството. Можни се сериозни проблеми во комуникација со спротивниот пол или родителите. Ако жена чешла мажДоколку жена сонува како го чешла својот маж тоа значи дека машка личност ќе и помогне за некоја важна работа. Веројатно на себе сте презеле премногу одговорности и се плашите дека нема да стигнете сами да ги решите. Послушајте добронамерен совет на колеги или на пријатели. Ако, пак, женска личност сонува дека чешла маж кого не го познава и кој не е нејзин сопруг или дечко тоа претставува предупредување дека мечтае за некого кој не е достапен. Можеби ви се допаѓа некој кој има партнерка и сте подготвени да направите се за да заведете. Размислете какви последици би можело да има тоа не само врз вас туку, туку и врз животот на други луѓе. Ако чешлате детеСон во кој чешлате дете укажува на убави моменти. Можеби ќе се одлучите да организирате вечера или дружење со сакани лица, или ќе заминете на излет со партнерот или членови на семејството. Тој ден за вас ќе биде празник и ќе ви помогне да ги наполните батериите за нови деловни предизвици. Ако на сон чешлате туѓо дете значи дека се плашите од одговорности. Веројатно работодавецот ви соопштил дека ќе ве унапреди на подобро работно место. Наместо да се радувате, вие размислувате дали сте подготвени за нови предизвици и задачи и дали обврските ќе ви дозволат да имате нормален друштвен живот надвор од фирмата. Размислете дали унапредувањето е награда или казна и однесувајте се во склад со тоа. Ако чешлате кучеДоколку на сон чешлате куче тоа имплицира дека ќе мора даа лажете за да заштитите некој член на семејството. Можеби тој/таа ќе има проблем и ќе бара од вас помош. Нема да бидете сигурни што да правите бидејќи не сте личност која може да излаже такво нешто, но бидејќи ќе увидите дека така е најдобро, ќе ја прифатите играта. Кога сонувате дека некој друг чешла куче постои можност да добиете подарок кој нема да ви се допадне. Сепак, ќе одлучите да глумите дека ви се допаѓа за да не го повредите оној кој ви го дал подарокот. Веројатно ќе го проследите подарокот на некоја трета личност. Ако чешлате коњСон во кој вие чешлате коњ симболизира успех, среќа и благосостојба на деловен и приватен план. Нема да имате проблеми на работното место, па ќе можете да уживате во времето поминато со семејството. После стресниот период, во вашиот дом ќе завладее мир и радост. Затоа, цените го тоа што го имате во животот бидеќи многу сте се жртвувале поради тоа. Ако сонувате дека некој друг чешла коњ значи дека би требале да бидете поискрени кон партнерот. Наместо да му наоѓате маани, речечте му искрено што ве мачи. Ако не можете да поминете преку некои нешта или да се помирите со неговите/нејзините маани, побарајте ја среќата на друго место. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте се чешлале, тоа сигурно ви оставило впечаток. Дефиниција за чешлањеЧешлање е средување на косата на посебен начин. |