Ценкање

Term Main definition
Ценкање

Ако се ценкате на сон значи дека ќе западнете во сиромаштија поради претерано трошење на пари.

Што значи да сонувате ценкање?

Ако се ценкате на сон

Ако се ценкате на сон тоа предупредува дека ќе западнете во сиромаштија.  Ќе бидете приморани да ги сведете трошоците на минимум и да го купувате само она што ви е најнеопходно. Ќе барате најповолни цени и акции за да заштедите што поголема сума на  пари. Иако ќе ви биде тешко на почетокот, со текот на времето ќе ги согледате предностите на таквото купување.

Ако некој се ценка на сон

Кога сонувате дека некој се ценка на сон со вас, тоа имплицира дека имате големи барања. Партнерот ќе ви замери поради тоа што постојано сте незадоволни од она што ви го пружа. Наместо благодарност, ќе имате замерка дека би можел да ви купи нешто подобро или да ви посвети повеќе време. Таквото однесување ќе ја доведе врската до знак  прашање ако не се промените, па би можело да резултира со раскинување.

Ако гледате други како се ценкаат

Кога сонувате како набљудувате други како се ценкаат тоа укажува дека не умеете да с е изборите за она што го сакате. Често ви е непријатно да кажете што ви е потребно, бидејќи сте навикнати да исполнувате туѓи желби. Тие ќе престанат да ви обрнуваат внимание на тоа и вашата жртва ќе ја земаат здраво за готово.

Толкувањето на ваквите сонови зависи од деталите и контекстот во кој се одвиваат, како и чувствата кои ги пратат. Во текот на овие сонови за ценкање може да се чувствувате среќно и задоволно, но и разочарано и несреќно.

Ако се ценкате за стан

Доколку на сон се ценкате за стан тоа значи дека сте економична личност која знае како да ја распореди заработката за да не и недостасува ништо. Во состојба сте и за мала сума на пари да добиете многу повеќе. Ги следите попустите и производите ги купувате на распродажба, па успевате да заштедите и тогаш кога другите не можат. Немате намера да трошите пари на скапи нешта, брендирана облека или автомобили. Порадо би возеле ист автомобил десет години кој троши малку гориво и не изискува многу пари за регистрација и за сервис, отколку да купите нешто што секојдневно ќе ви ги зголемува трошоците.

Ако некој друг се ценка во ваш сон за стан тоа имплицира дека би требале да бидете задоволни од вашиот живот. Убаво е во животот да тежнеете кон подобро, но тоа не значи дека треба да ги минимизирате успесите кои сте ги постигнале досега. Треба да бидете среќни што ви се здрави домашните и што имате доволно средства да го нахраните семејството, бидеќи многу луѓе на светот не можат да си приуштат ниту мал дел од тоа.

Ако се ценкате за куќа

Кога на сон се ценкате за куќа тоа значи дека пред вас е период на големи промени. За помладите тоа може да значи почеток на заеднички живот или доаѓање на нов член во семејството, а за постарите промената се однесува на погледите на животот. Можеби конечно сте сфатиле дека сте изгубиле време на погрешни нешта, па наместо, на стекнување на пари, ќе се посветите на пријателите, хобито илии она во што вистински уживате.

Сон во гледате или слушате како други се ценкаат за куќа симболизира нетрпеливост кон другите. Веројатно во близина имате некој кој постојано ве иритира со своето однесување, но не можете да му/ ѝ го кажете тоа. После дружењето со него/неа се чувствувате фрустрирано и бесно, како резултат на потполно различни погледи на свет. Научете да ја игнорирате или, пак, речете му/ ѝ еднаш за сите времиња како ве тера да се чувствувате.

Ако се ценкате за автомобил

Доколку сонувате дека се ценкате за автомобил тоа имплцира дека сè уште не сте стекнале услои да го остварите она што го мечтаете. Ако станува збор за купување на автомобил, стан или куќа, можеби ќе мора дополнително да се задолжите за да си ја финансирате инвестицијата. Можеби би требале да почекате додека не заштедите барем дел од парите, како би ви била ратата за кредитот помала, како и самиот рок на отплата.

Ако во ваш сон некој друг човек се ценка за автомобил тоа значи дека успешно ќе избегнете измама. Можеби некој ќе ви понуди работа која ќе се испостави дека е премногу ризична или, пак, незаконска, а можеби некој ќе се обиде да ве наговори да потпишете штетен договор. Во секој случај, на време ќе успеете да ги препознаете нивните намери и навремено да се извлечете од тоа.

Ако се ценкате на пазар

Кога сонувате дека се ценкате на пазар можно е да успеете да ја постигнете целта што сте ја зацртале, особено ако се однесува на приватниот живот. Можеби ќе ја заведете личноста која долго време ве одбивала или ќе ја/го наговорите партнерот/партнерката да ја издигнете врската на повисоко ниво. Во секој случај задоволството не е во постигнување на целта, туку во тоа што ќе им докажте на многумина дека сте можеле да изведете такво нешто.

Сон во кој гледате како други се ценкаат на пазар укажува на тоа дека ќе мора да бидете многу трпеливи за да го дочекате она што го мечтаете. Веројатно се однесува на завршување на факултет или пронаоѓање работа од соништата. Можно е малку да губите надеж дека ќе ви се оствари тоа, но добрата вест е дека кога-тогаш ќе го постигнете зацртаното.

Ако се ценкате со измамник

Ако сонувате дека се ценкате со личност која очигледно сака да ве измами значи дека ќе доживеете неудобност на работното место. Можеби ќе направите банална грешка поради која ќе се засрамите, а можеби ќе бидете обвинети дека сте погрешиле иако тоа не е точно. Ќе мора да бидете многу мудри за да се извлечете од тоа без поголеми последици.

Ако сонувате дека сте надмудриле некого во ценкањето

Ако сонувате дека сте победиле некого во ценкање, т.е. спуштиле цена на нешто е знак дека треба да се чувате од ласкави луѓе. Во близина имате некого кој постојано ви се додворува причина што сте му потребни за да си ги оствари сопствените интереси. На тој пат нема да се срамите од ништо, па бидете внимателни кога договарате зделки, купувате, или продавате нешто вредно.

Ако сонувате дека некој ве надмудрил во ценкање

Дококолку некој ве оштетил во ценкање, т.е. доколку на сон сте продале нешто под цената значи дека сте арогантни. Имате прилично високо мислење за себе, што во суштина не е лоша особина. Лошото е во тоа што сте во состојба да ги потценувате луѓето и да се сметате дека сте супериорни над нив. Ова не е добро ниту за работата, ниту за приватните односи. Така само ги растерувате луѓето околу себе.

Значењето може да биде поедноставно. Доколку сте биле сведок на ценкање или учествувале во истото, тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за ценкање

Ценкање е преговарање или убедување на купувачот да ја намали цената на артиклот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg