Цемент
Term | Main definition |
---|---|
Цемент | Ако сонувате цемент тоа значи дека ќе склучите пријателство со личност која секогаш ќе ви биде верна. Што значи да сонувате цемент?Ако видите цемент на сонКога на сон ќе видите цемент, тоа означува дека ќе изградите цврсто пријателство. Ќе имате неверојатна среќа да запознаете личност која ќе ви биде поддршка и на која секогаш ќе можете да се ослоните. Ако се работи за колега со кого соработувате, можеби заедно ќе започнете сопствен бизнис, па освен деловни партнери ќе станете и кумови. Ако сонувате дека цементирате нештоАко сонувате дека нешто цементирате, тоа имплицира дека ќе правите сериозни планови кога ќе имате услови да ги остварите. Многу сте одговорни и добро размислете пред да донесете одлука. Се раководите според изреката „три пати мери, еднаш сечи“. Доколку сакате семејство, со партнерот ќе чекате да добиете сигурни работни места за да можете да му обезбедите сè на вашето дете. Ако газите врз свеж цементАко сонувате дека газите врз свеж цемент тоа укажува дека некој ви се меша во интимниот живот. Можеби се работи за семејството на вашиот партнер кое на сите можни начини се обидува да дознае кој ви е следниот чекор. Нема да ви се допадне начинот на кој го наметнуваат своето мислење со цел да управуваат со вашиот живот. Доколку живеете заедно, ќе доаѓа до судири во кои ќе барате партнерот да застане на ваша страна. Ако некој друг гази свеж малтерДоколку на сон видите дека некој гази врз нешто што е свежо цементирано почнете да водите сметка кому се доверувате. Во опкружувањето имате личност која ве краде или лаже. Се обидува да ве наведе да правите нешта кои нему/нејзе и одговараат со помош на манпулации. Нека не ве изненади ако некој ве саботира или ви недостасуваат пари во домот. Не обвинувајте никого, но немојте повеќе да бидете наивни. Ако сипувате цементСон во кој сипувате цемент укажува на штета. Можеби ќе ви се расипе автомобил или куќен апарат. Со оглед на тоа дека не сте можеле да го предвидите дефектот и не можете да го вклопите во буџетот, поправката или евентуалната замена ќе мора да причека до следниот месец. Кога сонувате дека некој друг сипува цемент значи дека ќе ве шокира одлука која ќе ја донесе член на семејството. Воопшто нема да ви биде јасно зошто го сторил/ла тоа, колку и да се трудите да ги разберете неговите/нејзините причини. Имајте предвид дека секоја возрасна личност сама си ги сносува последиците од своите грешки. Можете да посоветувате, но немојте да критикувате бидејќи не се работи за ваш, туку за туѓ живот. Ако носите вреќа со цементДоколку сонувате дека носите вреќи со цемент тоа симболизира емотивни проблеми. Веројатно ќе ве разочара партнеровото однесување и никако нема да можете да го отфрлите впечатокот дека се променил/ла. Ќе ви се пристори дека тоа не е личноста во која сте се заљубиле и повеќе немате ништо заедничко. Недостатокот на комуникацијата би можел да доведе д се чувствувате како туѓинци. Поработите на тоа ако сакате да ви успее врката/бракот. Ако не ви е грижа, немојте да губите време. Ако некој друг носи вреќа со цемент во ваш сон тоа значи дека ќе морате многу да работите за да го постигнете она што го мечтаете. Ќе имате проблем со мотивација и често губите надеж дека сте на добар пат. Ако се опкружите со луѓе кои ве сакаат и имаат позитивен став во животот, вашите шанси да си ги остварите соништата ќе бидат поголеми. Ако купувате цементКога сонувате дека купувате цемент значи дека ќе ви се допадне личност која од која било причина е недостапна. Можеби има партнер или смета дека не ве доживува на тој начин и нема шанси да го/ја освоите. Ако не се обидете нема да знаете дали сте во право или не. Затоа, не колебајте се и направете го првиот чекор. Ако продавате цементСон во кој продавате цемент симболизира потреба да си ги скриете чувствата. Подучени од претходните лоши искусства, сте одлучиле да соѕидате ѕид околу себе за да се заштитите. Не дозволувате никој да ви се приближи и да ве запознае. Поради тоа делувате арогантно и антипатично, иако сте чиста спротивност. Вашето моментално недавање на шанса на луѓето би можело негативно да ви се одрази во иднината. Сфатете дека човекот не е создаден да биде сам и дајте им шанса на луѓето да ви покажат колку вредат. Ако подарите цементСон во кој подарувате цемент значи дека треба да ги разгледате можностите пред да донесете важна одлука. Не се избрзувајте туку проанализирајте какви последици би сноселе во случај на неуспех. Тоа што ви се чини дека каква било промена во моментот би била добра е последица на незадоволството од животот, не значи дека мора да промените нешто „по секоја цена“. Ако добиете цемент на подарокДоколку некој ви подари цемент тоа симболизира збунетост. Можеби некој неочекуван настан ве извадил од колосек и не знаете како се снајдете и продолжите напред. Колку и да сте потресени време е да продолжите да ги реализирате целите. Лошите нешта оставете ги за во минатото за да си ја вратите мотивацијата и да продолжите храбро да чекорите кон вашата цел. Ако украдете цементКога на сон крадете цемент тоа значи дека поради глупост ќе се втурнете во неволја. Веројатно вашиот бурен темперамент ќе ве натера бурно да изреагирате во ситуација која не го захтева тоа. Поради тоа ќе се претставите како агресивна личност, ако не сте. Водите сметка какои што говорите и не доволувајте туѓите зборови да ве испровоцираат. Сон во кој гледате како некој друг човек краде цемет укажува на можноста со своите постапки да ги воодушевите вашите колеги, па дури и луѓе кои не ве познаваат. Вашиот храбар потег ќе предизвика големо внимание, па не е исклучено во медиумите да се појавите како „херој на денот“. Нема да ви годи толкаво внимание, но ќе бидете горди на себе. Доколку, пак, сонувате дека некој друг краде цемент тоа имплицира дека во блиска иднина ќе донесете одлука која ќе ви го промени текот на животот. После тоа ќе сфатите дека и порано сте требале да направите такво нешто и дека сте изгубиле драгоцено време. Не навраќајте се на минатото, туку уживајте во промените низ кои поминувате и сите добри нешта кои ви ги носи промената. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку сте имале работа или цементирале нешто, тоа ви оставило впечаток. Дефиниција за цементЦемент е минерален врзувач кој се добива со мешање на вештачки материјал кој настанува со печење глина и креч на температура од 1350-1450 °C. |