Целер

Term Main definition
Целер

Ако видите целер на сон значи неочекувана радост. Ако сонувате дека јадете целер тоа значи дека ќе имате минлива љубовна авантура, љубење.

Што значи да сонувате целер?

Ако видите целер на сон

Ако на сон видите целер, тоа означува дека ќе доживеете неочекувана радост. Можеби сте аплицирале за работа во непозната фирма, но долго време не сте добиле никаков одговор.

Ако видите целер на сон

Ако видите целер на сон, тоа означува дека ќе доживеете неочекува радост. Можеби сте аплицирале за работа во перспективна фирма, но долго време не сте добиле никаков одговор.  Веќе сте се помириле дека нема да добиете ништо од тоа. Наскоро ќе добиете повик за разговор од нив и со ентузијазам ќе почнете да се подготвувате за важниот настан.

Ако сонувате дека јадете целер

Кога сонувате дека јадете целер тоа имплицира дека ќе имате љубовна авантура. Веројатно веќе некое време ја познавате личноста и од самиот почеток привлечноста помеѓу вас била очигледна. Воопшто не бил поволен период да започнете вркса, па во наредниот период желбата ќе ви се исполни и ќе можете да се разберете без многу зборови.

Ако некој друг јаде целер на сон

Доколку во вашиот сон некој друг јаде целер тоа значи дека ќе се ослободите од грижи. Можно е да сте имале некој здравствен проблем или сте биле загрижени за здравјето на саканата личност. Во секој случај, ќе дојде до подобрување на ситуацијата, па ќе можете да се опуштите. Конечно ќе сфатите дека „здравјето е на прво место“ не е само празна флоскула, туку формула по која мора да се водите.

Ако садите целер на сон

Ако сонувате дека садите целер тоа укажува дека водите здрав живот. Најверојатно имате своја градина во која поминувате голем дел од слободното време. Се трудите секоја година да засадите некоја нова намирница која ќе ја збогати вашата исхрана. Овие активности ви даваат мир и преставуваат идеално бегство од секојдневните обврски.

Ако сонувате дека некој друг сади целер

Ако сонувате дека други садат целер тоа значи дека е крајно време да почнете да вежбате и да го промените начинот на исхраната. Веќе долго време се чувствувате уморно и поспано без оглед на тоа дека се трудите да си легнете и станете порано. Работата е во тоа што не ја трошите енергијата што ја имате. Насочете се кон некоја физичка активност.

Истата ќе делува не само на вашиот физички изглед туку и на вашата психа. Што се однесува до храната сте почнале да претерувате, што би можело да ви остави лоши последици по здравјето.

Ако голтате целер на сон

Кога на сон голтате целер тоа значи дека во блиска иднина ќе запознаете личност која ќе ви отвори нови видици. Станува збор за некој кој живее потполно различно од вас и кој ќе ве воодушеви со своиите ставови. Ќе сакате да поминете повеќе време заедно за да го усвоите неговиот/нејзиниот начин на живот.

Доколку сонувате дека некој друг голта целер можно е дел од секојдневните обврски да ги префрлите на некого. Многу сте зафатени со деловни и приватни обврски и буквално не стигнувате д се одморите. Ќе сфатите дека домашните премногу се навикнати да се грижите за сè и затоа ќе с едоговорите да поделите домашни обврски за да можете да се опуштите малку. Иако на почетокот ќе наидете на негодување, вашите сугестии ќе бидат прифатени и со тоа ќе симнете голем товар од плеќите.

Ако сонувате дека сецкате целер

Ако сонувате дека сецкате целер веројатно сте нервозни и нерасположени. Нешто ве „извадило од такт“ и никако не можете да се ослободите. Во такво расположение сте легнале во кревет и тоа се одразило на сонот. Колку и да ви е тешко, обидете се пред спиење да не размислувате за лоши нешта или обврски кои ве очекуваат во наредните денови. Најдете начин да се опуштите покрај книга, стар романтичен филм или лесна музика. Спиењето нема никакво позитивно дејство ако сонот не е квалитетен.

Сон во кој гледате како некој друг сече целер значи дека несвесно сте повредиле некого. Веројатно во разговор сте упатиле шега која не била соодветна. Вам тоа не ви пречело, но оваа личност не може да прифати дека вие сте кажале такво нешто. Ова ви е порака да внимавате што и кому говорите. Некој едноставно не ужива во шеги на своја сметка.

Ако правите јадење со целер

Ако на сон подготвувате јадење со целер потсвеста ве предупредува дека е крајно време да посетите лекар. Долго време чувствувате симптоми, но дијагноза и лек барате на интернет. Мора да сфатите дека тоа не е правилен начин и да побарате совет од стручно лице. Што порано го направите тоа, толку ви се помали шансите да си го загрозите здравјето.

Доколку на ваш сон некој друг подготвува јадење со целер тоа значи дека пред вас се убави моменти со лицата кои ги сакате. Можеби ќе се одлучите да ги соберете роднините и пријателите и без посебен повод да ги почестите со добро јадење и пијалок. Причината за ваквиот потег ќе биде фактот дека долго време не сте биле во друштво на луѓе кои ви значат.

Свеж целер

Кога сонувате свеж целер тоа симболизира добро расположение. Во блиска иднина ќе ви се случат нешта поради кои едноставно ќе блескате. Својата позитивна енергија ќе ја ширите и на другите луѓе, што би можело да го привлече вниманието на спротивниот пол. Ако веќе долго време сте сами, искористете го периодот да си најдете соодветен партнер.

Трул целер

Ако на сон видите трул целер значи дека ќе ви пропадне некој план. Можеби сте имале намера да промените автомобил, работа, или место на живеење, но ќе мора да се откажете од тоа.  Ќе сфатите дека не е вистинско време и ќе чекате следна прилика.

Ако купувате целер

Доколку на сон купувате целер можно е да ја победите гордоста за да го задржите човекот кој го сакате. Веројатно станува збор за партнер кој ќе направи нешто што нема да ви се допадне. Ќе одлучите да му простите за да ви опстои врската/бракот. Обидете се да не го/и го „извадите на нос“, бидејќи не би сакале тоа да ви се направи вам.

Ако продавате целер

Сон во кој продавате целер значи дека ги требале да престанете да се мешате во туѓи животи. Постојано делите совети на пријатели и членови на семејството, а никако не можете да си го средите животот. Запрашајте се ако е можно да знаете другите што треба да прават, а не умеете да си дадете совет.

Ако подарите целер

Ако сонувате дека некому сте подариле целер тоа укажува дека имате таен обожавател. Некого му се допаѓате, но не знае како да ви се приближи. Можеби сте имале прилика да разговарате со таа личност, но не сте ги забележале сигналите кои ви ги праќа.

Ако добиете целер на подарок

Ако некој на сон ви подари целер тоа претставува предупредување да внимавате што зборувате. Немојте да ги издавате своите тајни, желби и намери пред секого, бидејќи во вашето опкружување има и неискрен пријател.

Значењето може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте користеле целер во подготовка на некое јадење, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за целер

Целер е двегодишна зелена билка од семејството Apiaceae.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg