Чекање
Term | Main definition |
---|---|
Чекање | Ако сонувате некого тоа значи дека ќе добиете пријатни вести, ви следат љубовни уживања. Што значи да сонувате дека чекате некого?Ако чекате некого на сонАко на сон чекате некого, то симболизира љубовни уживања. Можно е вашиот партнер и вие да не живеете во ист град или некој од вас често да е отсутен поради работа. Тешко ви паѓа што не можете да поминете повеќе време заедно, но ѝ верувате на саканата личност и знаете дека чекањето се исплати. Доколку сте враќа наскоро, ќе имате романтичен секс и многу незаборавни моменти кои ќе ја освежат вашата врска и ќе ве направат уште поблиски. Ако некој ве чека на сонКога сонувате дека некој ве чека, тоа укажува дека сте под притисок. Веројатно се наоѓате пред тешки одлуки кои ќе го дефинираат вашето образование, врска или професија. Имате чувство дека другите очекуваат повеќе од она што сте во состојба да го пружите. Тоа ќе почне да ви пречи и ќе посакате да заминете некаде на неколку дена за да разбистрите мозок и да сфатите што навистина сакате. Ако сонувате дека сте дочекале некого или нештоАко сонувате дека сте дочекале нешто имплицира дека вашиот труд ќе се исплати. Во фирмата во која работите, сте почнале од помалку платена позиција и со вашата работа сте се наметнале на шефот како работник од доверба. Вашата кариера ќе почне да се движи по излезен пат што позитивно ќе влијае и на останатите аспекти на вашиот живот и ќе ви даде дополнителна самодоверба. Ако чекате таткоСон во кој го чекате вашиот татко укажува дека конечно ќе сфатите колку ви е значајна поддршката од семејството. Долго време сте мислеле дека сте во состојба сè да постигнете сами, но сте наишле на тежок период кога сте немале кому да се обратите освен на најблиските. Само тие биле потполно искрени со вас и никогаш не ви „работеле зад грб“. Овој факт ќе ве „раздрма“ и ќе сфатите дека животот без нив не би имал никаква смисла. Ако на сон чекате татко на ваш пријател или партнер тоа имплицира дека во блиска иднина ќе запознаете луѓе кои би можеле да ви помогнат да ги остварите вашите цели. Ќе се потрудите да им ги покажете своите квалитети кои ги поседувате за да ве препорачаат на своите познаници и партнери. Не е исклучена ниту промена на занимање или место на живеење. Ако чекате мајкаАко сонувате дека ја чекате вашата мајка тоа значи дека сте загрижени за член на семејството со кој подолго време не комуницирате. Поради некои банални расправии потполно сте се оддалечиле, но сознанието дека има голем проблем ќе ве наведе да промените мислење. Ќе ја проголтате својата гордост и ќе му/ ѝ бидете „при рака“ кога сте му/ ѝ најпотребни. Ќе ги „закопате воените секири“ и ќе спречите тврдолавоста да ве раздели. Ако на сон ја чекате мајката на партнерот или пријателот/пријателката можно е да ве озборуваат блиски членови на семејството. Нема да им се допаѓаат некои ваши постапки, но нема да им обрнувате внимание, туку ќе се потрудите да си го живеете животот како што сакате. Ако чекате баба или дедоАко сонувате дека чекате баба или дедо тоа значи дека ќе бидете повикани на венчавка, крштевка или некоја друга веселба на која ќе сретнете роднина од странство. Сите ќе се соберете за да го разубавите денот на славениците. Тоа за вас ќе претставува вистинско уживање и конечно ќе се чувствувате среќно и исполнето. Ако, пак, сонувате туѓа баба, тоа симболизира бес. Веројатно некој член на семејството ќе се навреди, но нема да реагирате поради „мир во куќата“. Некое време ќе бидете исфрустрирани поради тоа, но ќе сфатите дека не е вреден за вашите нерви. Ако на сон го чекате вашиот дедо тоа значи дека е време да ги промените животните навики што како последица ќе ви донесат долг и квалитетен живот. На таа промена веројатно ве навел некој здравствен проблем, па сте одлучиле да го послушате лекарот и поздраво да се храните и да поминувате повеќе време во природа. Освен тоа, физичката активност и избегнување на стресот допринело за опоравување на вашиот организам. Сон во кој чекате туѓ дедо укажува на недостаток на разбирање за личноста која ја сакате. Често ги критикуавте членовите на семејството поради некои грешки што ги прават. Не се двоумите директно да им “плеснете“ во лице сè она што ви пречи. Притоа заборавате дека секој има право да живее како што сака и немате право да им се мешате во тоа. Ако чекате брат или сестраАко на сон чекате брат или сестра тоа значи дека во животот се водите според изреката „доброто со добро се враќа“. Вие сте личност што сака да им помага на луѓето. Покрај семејстбото и пријателите, имате волја да помогнете и на луѓето кои воопшто не ги познавате. Сè уште верувате дека луѓето се онолку добри и чесни колку им се пружа прилика да го покажат тоа. Досега не сте се покајале поради вашите ставови. Ако сонувате туѓ брат или сестра предупредува да престанете д се доверувате на луѓето кои не ги познавате. Во блиско опкружување имате многу луѓе на кои им верувате, зошто тогаш своите проблеми, желби и планови ги споделувате со луѓе кои штотуку сте ги запознале. Од една страна верувате дека тоа воопшто не ги интересира, а од друга страна би можеле тоа да го употребат против вас. Ако чекате бебеКога жена сонува дека чека бебе тоа значи дека ќе и се оствари нешто што долго време го посакува. Пред вас е долг период на мир и среќа. Искористете го тоа на најдобар можен начин. Доколку, пак, маж сонува дека чека бебе тоа симболизира потреба да преземе улога на заштитник. Веројатно кон лица од спротивниот пол се однесувате заштитнички, бидејќи сакате да се претставувате како силна и храбра личност. Ако чекате партнерАко сонувате дека го чекате својот маж/дечко или жена/девојка тоа значи дека имате идеја да заедно да започнете приватен бизнис. Можеби и двајцата ќе го вложите своето знаење, талент и капитал да основате фирма. Со оглед на тоа дека сте складен пар во приватен живот, на деловен план ќе функционирате како тим. Иако ве советуваат да не влегувате во тоа заедно, бидејќи тврдат дека емотивни партнери ретко кога успешно соработуваат на деловен план, немојте да ги слушате. Имате заеднички идеи и заедничка цел, па нема причина зошто не би го спровеле тоа и на дело. Сон во кој чекате дечко, маж, девојка на пријател или познаник можеби ве привлекува таа личност. Веројатно поседува нешто што ви го разигрува срцето кога ќе го/ја видите. Сепак, не навлегувајте во „опасна зона“ бидејќи некој сигурно ќе биде повреден. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте чекале некого или нешто, тоа сигурно ви оставило впечаток. |