Чекан

Term Main definition
Чекан

Ако видите чекан на сон тоа значи дека слабо го ценат вашиот труд, угнетување на работа.

Што значи да сонувате чекан?

Ако видите чекан на сон

Ви претстои напорен труд да оставарите некоја цел.

Ако држите чекан на сон

Ако на сон држите чекан, тоа имплицира дека слабо го ценат вашиот труд.  Колку и да се залагате да сторите нешто корисно за фирмата во која работите, вашиот шеф тоа ќе го смета за изгубено време и непотребни трошоци. Ќе имате желба да се докажете и спроведете на дело многубројни идеи, но на тој пат секогаш ќе се најде некој кој ќе ве сопнува.

Имате желба да се докажете и спроведете на дело многубројни идеи, но на тој пат секогаш има некој кој сака да ве сопнува. Ќе размислувате за промена на работното место бидејќи платата не ги задоволува вашите критериуми. Не сакате да се асимилирате во околина која само се жали на тешките услови, а не прави ништо за да се избори.

Ако некој друг држи чекан на сон

Кога сонувате дека друг држи чекан, тоа укажува дека немате милост кон некој кој ве повредил. Веројатно се работи за личност која ви била многу блиска и која во потполност била запознаена со вашиот живот. Со оглед на тоа дека ја злоупотребила вашата доверба, сте одлучиле повеќе да немате никаков контакт со него/неа. Меѓутоа, повторно ќе се појави во вашиот живот и ќе ве моли да и простите. Ќе бидете во недоумица што да направите, бидејќи иако сè уште ви е драга, се плашите дека би можела повторно да ви го скрши срцето.

Ако сонувате дека сте купиле чекан

Ако сонувате дека сте купиле чекан тоа симболизира одлучност на работа. Ќе направите план да започнете сопствен бизнис и да станете сам свој газда. Со години сте учеле како работат другите и сте го печеле занаетот со цел еден ден да се осамостоите. Во наредниот период ќе ви се укаже прилика која не смеете да ја пропуштите.

Ако сонувате дека продавате чекан

Ако на сон продавате чекан тоа претставува нов почеток. Можеби ќе сфатите дека сте погрешиле при избор на факултет или занимање, или дека погрешно сте пристапиле кон решавање на некој проблем. Ќе сфатите дека ќе мора да почнете од почеток, иако ќе ви биде жал за изгубеното време и труд за нешто што не ви го донело посакуваниот успех. Можеби не сте изградиле „добри темели“ и затоа е најдобро да почнете отпочеток.

Ако сонувате дека некому сте му подариле чекан

Доколку сонувате дека некому сте му подариле чекан тоа значи дека сте вложиле голем напор за да помогнете некому. Веројатно се работи за личност која животот не ја мазел, а за која ќе заклучите дека заслужува сè  најдобро. Ќе се посветите на барање начин како да му/ ѝ помогнете и ќе бидете успешни во тоа. Тој/таа ќе ви бидат многу благодарни, но вам тоа нема да ви значи многу, бидејќи вие знаете зошто сте постапиле така. Вашите постапки сигурно не произлегле од потребата за некој публицитет или добра репутација во друштво.

Ако сонувате дека некој друг ви подарил чекан

Кога сонувате дека некој ви подарил чекан можеби ќе се одлучите да се запишете на некој курс, обука или специјализација за да стекнете нови знаења и вештини. Со професионалната надоградба би сакале да си овозможите квалитетни услови за работа и подобра платена работа. Вашата одлука е сосема правилна, без оглед на тоа што луѓето ви говорат дека е залудно да вложувате време и пари на тоа. Не слушајте никого, туку тежите кон исполнување на своите цели.

Ако сонувате дека удирате во нешто со чекан

Ако сонувате дека удирате во нешто со чекан тоа укажува на постапки во будниот живот. Размислете од каде ви доаѓа потребата да го исфрлите својот бес. Веројатно постои добраа причина за тоа, но сте одлучиле да ја игнорирате, па потсвеста ве предупредува да не бидете деструктивни. Таквото однесување ви штети вам. Решете го она што ве мачи што поскоро.

Ако сонувате дека удирате со чекан по прсти

Овој сон симболизира неволја предизвикана од вашето невнимание. Можеби ќе направите проблем ако изгубите фокус. Можеби ќе потпишете договор за кој ќе се утврди дека е неповолен за вас или ќе договорите зделка која носи повеќе ризик отколку добивка. Во секој случај, може да го спречите тоа ако останете смирени и ако не дозволувате никој да ве наговара на нешто што не ви се допаѓа.

Ако сонувате дека некој ве нападнал со чекан

Ако сонувате дека некој ве нападнал со чекан значи дека пред вас е стресен период. Ќе имате проблеми на работа, а ни ситуацијата дома нема да ви биде сјајна. Ќе ви бидат потребни многу нерви да се извлечете од оваа ситуација неповредени. Сонов може да одразува немоќ да се одбраните од некого или нешто. Обрнете внимание на луѓето што ве опкружуваат, емѓу нив има и такви кои не ви посакуваат добро.

Ако сонувате дека некого напаѓате со чекан

Кога на сон напаѓате некого со чекан тоа имплицира дека на јаве ќе морате жестоко да си ги браните ставовите. Поголемиот дел од луѓето нема да се согласуваат со вас, па ќе мора да се потрудите да им покажете дека се во заблуда. Веројатно нема да успеете во тоа.

Ако сонувате `рѓосан чекан

Ако на сон видите некој стар, зарѓан чекан тоа симболизира внатрешна борба. Старите „демони“ се обидуваат да ве повлечат надоле и настојуваат да ве спречат да си ги оставарите целите. Веројатно се работи за некој порок или недостаток на самодоверба кои ви ги предизвикале неуспесите. За што и да станува збор, време е да ги оставите зад вас. Грешките и неуспесите од минатото морате да ги заборавите и да се фокусирате на сегашноста.

Ако сонувате скршен чекан

Кога на сон гледате скршен чекан тоа укажува на расправија во семејството. Можно е поради различни ставови жестоко да се расправате. Веројатно се работи за некоја одлука која сте ја донеле, а со која не се согласуваат вашите домашни. Ако не влијаело на нивните животи немаат право да ви се мешаат, а ако влијаело, потрудете се да им објасните зошто сте го сториле тоа. Пред вас е турбулентен период што се однесува до приватниот живот. Можеби поради тоа ќе избегнувате да доаѓате дома, па прибежиште барате на работа, во кафеана или кај пријателите.

Ако сонувате чекан без дршка

Ако на сон видите чекан без дршка тоа имплицира дека ќе добиете безброј бескорисни совети кои подобро звучат теретски отколку што можат да се применат во пракса. Можеби ќе ги добиете од постари колеги или членови на семејството кои не веруваат во модерната технологија и имаат сосема поинаков поглед на работата и на животот. Сепак, од почит, ќе ги послушате, без оглед на тоа дека сте свесни дека никако не можат да ви помогнат.

Значењето на сонот може да биде поедноставно, Доколку сте работеле со чекан, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за чекан

Чекан е алат кој служи со силни удари да ги деформира и придвижува предметите, а најчесто се користи за заковување на шајки.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg