Чаша

Term Main definition
Чаша

Полна: некој посакува да ве види, добри вести; празна: се подготвуваат да ве измамат, неочекувани гости; ако скршите чаша: некој ви работи зад грб, смрт; златна: унапредување на работа.

Што значи да сонувате чаша?

Ако сонувате полна чаша

Ако на сон видите чаша, тоа значи дека некој сака да ве види. Можеби подолг временски период не сте се видите со некој член на семејството кој многу ви значи. Секојпат кога ќе сте посакале да ја/го посетите, во тоа ве спречувале деловни обврски со кои сте презафатени. Штом ќе му/ ѝ го слушнете гласот, ќе сфатите колку ви недостасува и ќе жртвувате некој состанок за да го/ја видите.

Ако сонувате празна чашша

Кога сонувате празна чаша тоа предупредува дека некој се подготвува да ве измами. Веројатно се работи за деловни соработници кои најтешкиот дел ќеви го препуштат вам, а ќе сакаат да ги преземат заслугите и наградата која следи. Некои нивни постапки нема да ви влеваат доверба што ќе ве направи внимателни и подготвени да реагирате штом почувствувате дека нешто не е во ред.

Ако скршите чаша на сон

Ако сонувате дека сте скршиле чаша на сон тоа означува дека ќе славите. Нема да има посебна причина, туку фактот дека сте опкружени со вистински пријатели. Живеете живот како вистински боем и кафеаната ви е втор дом. Тоа сигурно не им се допаѓа на членовите на семејството, но вие немате намера да се менувате поради тоа.

Ако некој друг скршил чаша во ваш сон запрашајте се колку сте искрени кон себе. Дали навистина сте (не)успешни, (не)задоволни во животот? Дали правилно сте одредиле приоритети и донеле правилни одлуки за сработеното досега за да ги задоволите другите? Време е да направите искрен разговор со себе кој ќе ви помогне да се запрашате што сакате.

Ако миете чаши

Сон во кој миете чаши значи дек премногу им придавате важност на незначајни работи. Многу нешта ви пречат и допуштате глупостите да ви го расипат денот, наместо да уживате во животот. Не дозволувајте некој банален пробем да одредува како ќе се чувствувате. За промена дозволете си да бидете среќни и ќе видите колку благотворно ќе делува на вашиот дух и тело.

Ако на сон некои други мијат чаши веројатн сте уморни од секојдневните обврски. Можеби би требале да си посветите ден само за себе. Заминете на излет, прочитајте книга или погледајте филм. Поминете го денот во излежување. Можеби ќе ви биде досадно бидејќи сте навикнати постојано да се брзате некаде, но макар добро ќе се одморите.

Ако бришете чаша

Доколку на сон бришете чаша тоа значи дека нема да ви се допадне исходот од некоја работа. Веројатно многу труд и работа сте вложиле во некој проект кој не ви донел резултати на кои сте се надевале. Можеби ќе се разочарате и ќе изгубите мотивација, но таа фаза нема долго да трае, бидеќи ќе ви се јави инаетот кој отсекогаш била ваша движечка сила.

Кога сонувате дека други бришат чаша тоа имплицира дека не сте сигурни кои ви се вистински прјатели, а кои се дружат со вас затоа што сте успешни. Околу себе имате многу луѓе кои се претставуваат како личности од доверба, но постои „црвот на сомнежта“ кој ги демантира. Обрнете внимание кому ги кажувате своите планови, желби и тајни бидејќи постои реална шанса некој да се обиде да го злоупотреби тоа против вас.

Ако купувате чаши

Ако сонувате дека купувате чаши тоа значи дека би сакале да се осамостоите. Не сакате повеќе други луѓе да донесуват одлуки во ваше име. Отсекогаш сте живееле како под стаклено ѕвоно. Им завидувате на луѓето кои ја имаат привилегијата да одлучуваат сами, што и кога ќе прават нешто, па ќе посакате да бидете на нивно место.

Ако продавате чаши

Сон во кој продавате чаши укажува дека е време за промени. Дали се однесува за вашиот приватен или деловен живот, не е важно. Она што е битно е дека ќе ви годи.

Ако подарите чаши

Кога на сон некому подарувате чашо тоа значи дека би требале да престанете да се фалите дека некому правите услуга. Убаво е што помагате, но зошто мора да знае целиот свет за тоа.

Ако добиете чаши на подарок

Ако некој на сон ви подари чаши тоа имплицира дека ќе се радувате на туѓа среќа и успех. Можеби некој од пријателите ќе добие принова, подобра работа или нешто за што долго мечтаел.

Толкувањето на овие соништа зависи од видот на чашата која ја сонувате. Така, на пример, пластична чаша на сон укажува на убави моменти со саканите личности.Некој од пријателите или членовите на семејството ќе ве покани заедно да прославите роденден, стекнување со диплома, крштевка или свадба. Многу ќе ве израдувапоканата и веднаш ќе се фрлите во потрага по соодветен подарок.

Кога на сон пиете нешто од картонска чаша постои можност во блиска иднина да запознаете интересна личност. Ќе ве привлече со ведриот дух и ќе посакате  што почесто да уживате во неговото/нејзиното друштво. Не мора да значи дека ќе започнете романса, но секако ќе стекнете добар пријател/пријателка.

Стаклена чаша на сон претставува предупредување на грешката што ја правите со драга личност. Можеби не сте во добри односи со партнерот, членот на семејството или некој од пријателите од причина што верувате дека ве изневерил/ла. Не сте му/ ѝ дозволиле да ви објасни за што се работи, туку сте почнале да го избегнувате. Престанете да се однесувате детинесто и прифатете понуда за разговор.

Ако на сон видите кристална чаша тоа значи дека имате таен обожавател. Некое лице од вашето опкружување веќе некое време негува симпатии кон вас, но се плаши да го покаже тоа. Можеби и самите сте забележале некои сигнали, но тоа сте го препишале на случајности. Обрнете внимание како се однесуваат лицата од спротивен пол кон вас и ќе согледате за кого се работи.

Кога сонувате метална чаша тоа имплицира дека наскоро ќе се одлучите да се запишете на курс, преквалификација или да ги продолжите студиите.  Во секој случај, во вас повторно ќе се роди желба да стекнувате нови знаења и вештини, а вие тоа ќе го искористе да си обезбедите подобро платена работа.

Ако пиете од златна чаша

Доколку на сон пиете од златна чаша, тоа симболизира унапредување на работа. Во наредниот период шефот ќе биде подготвен да ви ги сослуша предлозите, кои, според ваше мислење, ќе го подобри работењето на фирмата во која работите. Резултатот на тој состанок ќе биде многу поволен и ќе добиете унапредување и подобар статус во друштвото.

Сон во кој други пијат од златни чаши укажува на завист и љубомора која ја чувствувате кон некого од ваша околина. Станува збор за личност која во животот го постигнала она што сте го мечтаеле. Наместо да ви служи како мотивација, вие го/ја гледате како непријател. Престанете да ги гледате туѓите животи и конечно средете си го својот.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред некое време сте излегле, пиеле или скршиле чаша, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за чаша

Чаша е предмет со заоблен облик, најчесто се прави од стакло и служи за пиење разни течности.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg