Базен

Term Main definition
Базен

Претпазливост во работите и коцкањето; во градина: предзнак на успешна љубовна врска.

Што значи да сонувате базен?

Базен во соновник и во соништата е умерено чест поим. Ги сонуваме почесто во лето отколку во зима, а двата пола сонуваат подеднакво често базени. Луѓе постари од 50 години статистички поретко сонуваат базени. Ако неодамна сте биле на базен или сте виделе атрактивен базен, тогаш не ги толкуваме соништата со базени.

Ако гледате базен во далечина

Кога сонувате базен во далечина, тоа е симбол на радост. Работевте напорно во претходниот период и конечно ќе можете да се опуштите и да уживате. Веројатно ќе одите на патување по кое ќе се чувствувате препородени. Ќе се радувате на одморот кој, покрај тоа што очајно ви треба, ќе ви донесе и нови познанства и авантури.

Ако сонувате валкан базен

Ако во сон видите валкан базен, тоа е предупредување да бидете претпазливи со кого соработувате. Можеби ќе се случи да ви искрснат проблеми со деловни партнери. Ќе мора да внимавате што потпишувате и внимателно да го прочитате секој документ. Доколку сте давале лажни ветувања, ќе мора да се соочите со последиците.

Ако сонувате дека се бањате во валкан базен

Ако сонувате дека се бањате во валкан базен, тоа подразбира дека ќе бидете во искушение да се препуштите на порок. Би сакале да ги заборавите сите грди работи што ви се случиле во последно време. Ќе почувствувате дека веќе немате сила да фатите во костец со проблемите, па затоа ќе барате решение во коцкањето или алкохолот. Семејството и партнерот ќе се обидат да ве вразумат, но само вашата волја ќе ви помогне да не завршите на дното.

Ако сонувате чист и бистар базен

Ваквиот сон е навестување дека имате добар период да инвестирате во работата. Тешко дека ќе доживеете неуспех со каква било идеја.

Ако сонувате дека пливате во чист и бистар базен

Овој сон подразбира дека успешно ќе надминете некоја зависност или порок. Ќе ги заборавите сите грди работи што ви се случиле неодамна. Добра ситуација и на семеен план, сите разбираат што сакате и ситуацијата ќе се одвива според вашиот план.

Ако сонувате згодни девојки на базен

За слободните мажи, ова значи дека вашата машка природа врие во вас, станувате посамоуверен маж. За мажите во врска, ова значи едноставно дека сè уште имате инстинкти што ги контролирате. За жените, тоа значи дека кога се во врска или ако се во врска, тие се по малку потсвесно посесивни и љубоморни.

Ако сонувате згодни мажи на базен

За слободните жени, ова значи дека вашата женска природа не мирува во вас, станувате посамоуверена жена. За жените во врски, ова значи дека вашиот маж би можел повеќе да се труди околу вас. За мажите тоа значи дека кога се во врска или ако се во врска, тие се по малку потсвесно љубоморни.

Ако сонувате дека се бакнувате во базен

На јаве ви се нуди страсна романса. На вас е да одлучите да ја прифатите. Сепак, романсата ќе трае кратко, но нема да остави емотивни последици ниту на вас ниту  на вашиот романтичен партнер.

Ако сонувате дека водите љубов во базен

На јаве ви се нуди страсна романса, сепак, во овој случај, едната од страните, вие или спротивната, ќе останете емотивно ускратени и оштетени.

Ако сонувате базен во градина

Кога сонувате базен во градина, тоа означува успешна љубовна романса. Можеби ќе ви се допадне некој што е помлад од вас. Околината и вашиот разум ќе се спротивстават на таа врска, но страста што ја чувствувате ќе надвладее сè. Тоа ќе се покаже како добар избор и доказ дека предрасудите се често непотребни.

Ако сонувате спортски базен

Ако сонувате базен наменет за спорт, како што е ватерполо, тоа значи дека ви претстои долг и здрав живот. Занимавањето со спортско пливање, исто така, означува и добро здравје.

Ако сонувате базен како складиште на вода

Ако сонувате базен чија главна намена е складирање вода, тоа значи дека имате еден куп проблеми што треба да ги решите, и не дозволувајте да продолжат да се трупаат и понатаму.

Ако сонувате пиење вода од базен

Сон во кој пиете вода од базен, значи дека наскоро ви претстои помала и краткотрајна болест, како грип или настинка. Ако видите дека другите пијат вода од базенот, но вие тоа не го правите, ќе избегнете краткотрајна болест.

Ако сонувате уринирање во базен

Ве очекува срам на јаве, што никој друг освен вас нема да го забележи. Алтернативно значење е дека ќе засрамите некоја блиска личност.

Ако сонувате дека скокате во базен

Ако сонувате дека скокате во базен, тоа значи дека ќе донесете ризична и храбра одлука. Можно е да одлучите да дадете отказ и да започнете сопствен бизнис или да се преселите во странство. Ова може да предизвика незадоволство кај блиските пријатели или членовите на семејството, особено ако во моментов добро заработувате и не се плашите за егзистенција.

Ќе им признаете дека вашиот мотив не се парите, туку потребата за авантура и желбата да излезете од вашата комфор зона.

Ако сонувате како некој друг скока во базен

Доколку сонувате дека некој друг скока во базен, можеби ќе бидете загрижени за блиска личност. Можеби некој од вашите сакани ви признал дека има финансиски, здравствени или љубовни проблеми. Не знаете како да му/ѝ помогнете, но ќе сфатите дека најдобриот начин да го направите тоа е да бидете поддршка во секоја смисла на зборот.

Ако сонувате дека правите базен

Кога сонувате дека правите базен, тоа значи дека имате големи амбиции. Желба ви е  да бидете успешни, познати и богати. Можеби сè уште не сте пронашле начин да го остварите тоа, но ќе се потрудите да го остварите вашиот сон.

Ако сонувате дека некој друг прави базен

Ваквиот сон значи дека пријател ќе бара помош од вас. Можеби ќе му треба совет или логистика. Со задоволство ќе одговорите затоа што тој/таа многу пати ви излегол/а во пресрет.

Ако сонувате дека купувате базен

Ако сонувате дека купувате базен, тоа значи дека имате нереални очекувања од најблиските. Сметате дека заслужувате да ви се најдат кога и да ви затреба. Понекогаш очекувате да ги остават сите свои обврски и работи за да ви бидат на услуга. Не сте ни свесни колку е себично вашето однесување, затоа што така живеете целиот свој живот.

Ако сонувате дека продавате базен

Доколку сонувате дека продавате базен, можно е да имате непланиран трошок. Некој ќе ве покани на свадба, крштевка или роденденска прослава за која ќе треба да подготвите „дарежлив“ подарок. Од друга страна, овој трошок може да се однесува и на дефект на автомобил или на апарат за домаќинство.

Значењето на овие соништа може да биде многу поедноставно. Ако сте биле на базен, веројатно тој настан ви оставил впечаток.

Дефиниција за базен

Базенот се состои од вештачки затворена водена маса која се користи за рекреација или спорт.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg