Банка

Term Main definition
Банка

Посета на банка значи дека многу ќе се грижите поради штета на работа.

Што значи да сонувате банка?

Посета или гледање банка во сон

Ако во сон посетувате банка, тоа може да има повеќе значење. Едно од нив е тага. Во наредниот период ќе бидете незадоволни во сите аспекти од вашиот живот. Ќе имате впечаток дека сте вложиле многу повеќе во себе и во своето образование и дека заслужувате подобро раборно место и подобра плата. Околу вас ќе напредуваат оние кои, според вашето мислење, тоа најмалку го заслужуваат. Ќе ви биде тешко да се помирите со таквиот начин на живот, особено затоа што вашите очекувања беа многу поамбициозни. Мора да бидете претпазливи, бидејќи разочарувањето може да ве доведе во самување и обврските што ги имате да ги претвори во здодевна рутина.

Втората можност за овој сон е дека ќе имате големи грижи поради мала штета. Ќе склучите зделка што многу брзо ќе се покаже како лош потег. Ќе бидете во загуба што, според вас, ќе биде многу поголема отколку што е во реалноста. Тоа  дополнително ќе ве потресе поради одговорноста што ја носите и ќе се обидете на секој начин да се искупите.

Сонувањето дека посетувате банка може да ве опомене дека ви претстои важен состанок. Можно е на него да се одлучува за насоката во која ќе се одвива вашиот живот. Ќе мора добро да се подготвите и да дадете сè од себе за да оставите впечаток на одговорна и сериозна личност.

Толкувањето на ваквите соништа зависи и од чувствата што ги придружуваат. За време на спиењето може да почувствувате страв, паника, загриженост, но и олеснување и задоволство.

Ако сонувате дека сте подигнале пари од банка

Доколку сонувате дека сте подигнале пари на шалтер во банка, тоа значи дека имате големи планови и знаете како да ги остварите. Конечно ќе стигнете до фаза да преземете ризик и да се изборите за она што го сакате. Можно е да започнете сопствен бизнис или да одлучите да барате подобри услови за живот во некоја друга земја. Можеби околината ќе ве осудува поради тоа, но вие ќе знаете дека ја правите вистинската работа.

Ако сонувате дека некој друг подигнал пари во банка тоа симболизира грижа за некоја драга личност. Можеби ќе дознаете дека некој од вашите познаници или далечни роднини има сериозни здравствени проблеми. Таа вест многу ќе ве потресе, па ќе одлучите на кој било начин да му се најдете при рака.

Ако сонувате дека сте депонирале пари во банка

Кога сонувате дека сте депонирале пари во банка или сте платиле сметки на шалтер на банка, тоа подразбира дека имате некоја обврска што упорно ја одлагате веќе некое време, а за која сте свесни дека може да ви предизвика сериозна главоболка. Постојано го туркате тој проблем под тепих, затоа што знаете дека за неговото решение ќе бидат потребни многу време и нерви. Сепак, добро размислете дали тоа што го правите е паметно, затоа што би можеле сами да се „закопате“.

Сон во кој некој друг дава пари во банка значи дека можете да го добиете подарокот  за кој долго копнеете. Не мора да значи дека се работи за некоја материјална работа. Можеби ќе бидете наградени за својот труд или вашиот партнер ќе ви признае нешто за што сонувавте долго време. Во секој случај, овој сон симболизира остварување на некоја желба.

Ако сонувате дека сте ограбени во банка

Ако сонувате дека некој ве ограбил во банка, тоа значи дека сте личност која лесно влегува во ризични ситуации. Се водите според девизата „кој не ризикува не профитира“, затоа не ви претставува проблем да преземете работа што апсолутно не ја познавате или да прифаќате понуди без да бидете сигурни дека се добри за вас. Многумина ве осудуваат поради тоа, ве сметаат за несериозни или идеалисти. Но, вие едноставно им верувате на луѓето и на сопствениот инстинкт, без разлика колку пати сте се „изгориле“ поради тоа.

Доколку сонувате дека некој друг бил ограбен во банка, тоа симболизира презир кон неправда. Вие едноставно не поднесувате кога некој е неправеден кон вас или кон некој друг. Воспитани сте на тој начин, но самите ја негувавте таа особина многу години. Затоа ситуациите на кои сте сведоци тешко ви паѓаат. Ќе мора да се помирите со фактот дека не е сè онака како што би сакале и да ги прифаќате луѓето со сите нивни мани. Не можете да осудувате некого на прв впечаток, а особено поради тоа што не се однесувал кон некого онака како што вие мислите дека треба.

Ако сонувате полна банка

Ако сонувате дека влегувате во банка полна со луѓе, тоа значи дека чекањето може да ви се исплати. Можно е да очекувате покана од некоја влијателна личност која ви ветила дека ќе ви најде добра работа или повик од странство, поради што би можеле да ја продолжите кариерата во некој друг град. Веројатно на такво нешто долго чекавте, но секоја секунда сте поблиску до остварување на своите соништа.

Ако сонувате празна банка

Доколку сонувате дека влегувате во банка во која нема никој, тоа го симболизира страв од неуспех или од сиромаштија. Вие веројатно сте личност која отсекогаш се борела во животот да си обезбеди себеси и на своите најблиски безбеден и мирен живот. Вашиот најголем страв е дека ќе останете без имот или пари, па затоа постапувате одговорно кон сè што поседувате. Многумина ве сметаат за скржава личност, но вие тоа не го доживувате на тој начин. Сметате дека ќе имате светла иднина само ако сте финансиски обезбедени.

Ако сонувате урната банка

Кога сонувате дека влегувате во урната или демолирана банка, тоа значи дека би можеле да чуете лоши вести. Некој пријателите ќе ви каже дека се разведува или дека има смртен случај во семејството. Неговата/нејзината тага и вас длабоко ќе ве потресе, така што ќе ги барате сите можни начини да му/ѝ помогнете. Ќе сфатите дека често се грижите за погрешни работи и дека во суштина би требало да бидете презадоволни од својот живот.

Ако сонувате запалена банка

Ако сонувате дека влегувате во банка која гори или е уништена во пожар, тоа значи дека ќе бидете повредени од личност на која многу ѝ верувате. Можно е да откриете дека вашиот партнер ве изневерил или пријател ве излажал. Со оглед на тоа дека ни во сон не сте можеле да помислите оти токму тој/таа може да ви го стори тоа, ќе сфатите дека веќе подолго време сте биле во заблуда и сте ги идеализирале луѓето околу себе. Ова ќе ви помогне да размислите за тоа кој ви е пријател и таа улога да не ја доделувате секому кој ќе ви се допадне.

Ќе мора да бидете повнимателни во комуникацијата со луѓето затоа што многумина не се добронамерни како што вам ви се чини.

Значењето на овој сон може да биде поедноставно. Ако неодамна сте посетиле банка, тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за банка

Банка е финансиска институција. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg