Банана - што значи да се сонуваат банани?
Дали можеби сте сонувале банана или банани? Ако е така, треба да знаете дека соништата со банани се едни од најретко сонуваните. Статистиката вели дека бананите најчесто ги сонуваат средовечни луѓе. Исто ги сонуваат и лица од машки и женски пол. Кога ги сонуваат возрасни лица, бананите се поврзани со сексуалноста поради нивниот фалусен облик.
Гледање жолти банани во сон
Ако видите банани во сон, ви претстои можност за романтични средби во животот. Можеби ќе бидете поканети на прослава како роденден или забава во градот. На таа прослава постои можност да запознаете личност со која ќе стапите во сексуални односи.
Сонување дека јадете банана
Кога јадете банана во сон, тоа е симбол на радост. Во наредниот период ќе имате многу успех во сè што ќе започнете. Ќе направите баланс рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот, така што ќе имате доволно време за сè. Нема да го занемарите семејството ниту пријателите. Едноставно, ќе се чувствувате добро во својата кожа и ништо нема да може да ви го расипе расположението. Таквиот став ќе ви помогне да работите без оптоварување и да бидете попродуктивни отколку порано. Ќе сфатите дека немате голема корист од нервозата, па ќе имате поопуштен пристап кон секоја обврска.
Сонување дека некој друг јаде банана
Ќе слушнете вести што ќе ве израдуваат. Личноста за која не сте ни свесни дека ви се допаѓа ќе започне да флертува со вас и тоа пријатно ќе ве изненади.
Сонување презреани банани (кои пропаднале, темни)
Овој сон, за разлика од другите, нема никаква врска со сексуалноста, туку со здравјето. Треба да започнете да се грижите за исхраната. Можно е да не сте внимавале на тежината во претходниот период. Тоа ќе резултира со вишок килограми од кои ќе сакате да се ослободите. Сите ќе ви кажат дека претерувате, бидејќи никој не забележува дека сте се здебелиле, но тоа ќе ви пречи и ќе сакате повторно да изгледате перфектно во омилената облека. Ќе јадете повеќе овошје и ќе пиете многу течности, а ќе заборавите на слатките и масната храна.
Сонување зелени банани
Зелените банани означуваат сексуална незрелост и некаква поврзаност со неа. Дали потсвесно мислите дека сте сексуално незрели или дека тоа е вашиот партнер, зависи од остатокот од сонот.
Лупење банани во сон
Вие сте потсвесно незадоволни од одредени ситуации во вашиот сексуален живот, но доколку сте свесни за нив тие работи изгледаат побитни отколку што се.
Берење банани
Берењето банани е еден од најретките сонови воопшто. Да се сонува берење банани значи успешен и здрав сексуален живот во иднина.
Колач или торта со банани
Ако сте сонувале колач или торта со банана, тој сон означува дека копнеете по забранетото овошје и дека сте во искушение да преземете нешто во врска со тоа. Сепак, во зависност од сонот, се препорачува да размислите два пати пред да преземете нешто.
Гмечење банани во сон
Ако сте гмечеле банани во сон, тој сон означува сексуална фрустраност и ја симболизира потребата за некоја промена.
Сонување чоколадни бабани
Ако сте сонувале чоколадни банани, сонот значи среќа во љубовта. Слатки моменти ви претстојат на јаве.
Купување банани
Доколку сонувате дека купувате банани, тоа значи дека партнерот не ги задоволува вашите потреби во кревет. Ако сте во врска или брак подолго време, веројатно чувствувате недостиг на страст еден за друг. На секому од вас му е важно само сопственото задоволство. Не сте подготвени да правите компромиси и не ве е важно што сака другата страна. Долгорочно гледано овој вид врска не може да биде здрава или да придонесе за подобри односи на други полиња. Барајте начини да го промените тоа што е можно поскоро, во спротивно некои од вас ќе го бараат она што ви недостасува на друго место.
Ако подолго време сте без сексуален партнер, вашата потсвест ви кажува дека би се согласите на речиси сè за да бидете интимни со некого. Ви недостасува внимание, не само сексуално, туку и во секоја друга смисла.
Продавање банани
Кога сонувате дека продавате банани, можно е долго време да фантазирате за некоја личност која не ви е достапна. Ако сте во брак или во врска, ова може да биде проблем, бидејќи партнерот наскоро може да забележи дека сте целосно отсутни. Секако дека нема да му/ѝ признаете за што станува збор, но размислете дали е чесно да го/ја занемарувате затоа што ви се допаѓа некој друг.
Подарување банани
Сон во кој некому подарувате банани симболизира страв од емоционално врзување. Овој страв го имате веќе некое време, па дури и кога сте во врска се обидувате да не дозволите вашиот партнер да не проѕре до крај. Секогаш се обидувате своите мали тајни да ги задржите за себе, а чувствата ги вклучувате само кога вие мислите дека е неопходно. Партнерот понекогаш се плаши од вашата апатичност, но премногу ве сака за да ве остави поради тоа.
Добивање банани на подарок
Доколу сонувате дека позната личност ви подарила банани, веројатно спрема неа чувствувате повеќе од пријателство. Ако станува збор за вашиот емотивен партнер, тоа е знак дека навистина го/ја сакате и се плашите да не го/ја изгубите.
Ако сонувате дека банана ви подарила непозната личност, можно е да сакате да го смените партнерот или да се впуштите во некоја возбудлива сексуална авантура.
Одгледување банани
Кога сонувате дека одгледувате банани, потсвеста ви кажува дека сте уморни и исцрпени. Тоа е последица од тешкиот период што го поминавте. Можно е лошата комуникација со партнерот да ве довела во таква состојба. Од друга страна, заморот може да е последица од многу напор што сте го вложиле во некоја работа или проект. Во секој случај, ќе мора да посветите повеќе време на себе и на своите потреби. На долг рок, во толку лоша психо-физичка состојба не можете да донесувате правилни одлуки. Прво треба да расчистите некои работи сами со себе, па дури тогаш да одлучите како понатаму.
Доколку во вашиот сон некој друг одгледува банани, тоа значи дека пријател или познаник ќе ве праша за совет. Прво нема да знаете како да му помогнете, бидејќи досега не сте имале такво искуство. Сепак, силната желба да му се најдете нему/нејзе ќе ве натера добро да размислите внимателно и да му/ѝ дадете искрен, пријателски совет. Добро е тоа што ќе сфатите дека тој/таа има доволно доверба во вас и смета дека сте доверлив соговорник и пријател.
Значењето на сонот може да се поедностави. Можно е неодамна да сте јаделе банана, што оставило впечаток на вашата потсвест.
Дефиниција за банана
|