Бакшиш

Term Main definition
Бакшиш

Давање: ќе бидеш дарежлив, пријателите те искористуваат; примање: ќе дознаеш  важна тајна.

Што значи да сонувате бакшиш?

бакшиш во соништата претставува мистериозност и потсвесно сомневање во нечија искреност која допрва ќе имате можност да ја испитате.

Ако сонувате дека давате бакшиш

Ако во сон давате бакшиш, тоа укажува дека сте дарежливи. Вие сте личност која кога има пари не жали последниот денар да го даде за пријатели и драги луѓе.

Наместо да размислувате малку и за себе, ги опсипате со подароци и внимание,  што не може да се каже дека и тие го прават во моменти кога вам ви е потребна финансиска помош.

Ако сонувате дека примате бакшиш

Доколку во сон примате бакшиш, тоа значи дека ќе дознаете важна тајна. Веројатно е поврзана со минатото на личноста која многу ја ценевте и ја почитувавте. Ќе се двоумите за тоа како да се однесувате кон него/неа во иднина, но ќе сфатите дека немате право да осудувате никого затоа што и вие сте грешеле.

Ако сонувате дека некој ви ја краде напојницата

Кога некој во сон ви ја краде напојницата, тоа подразбира дека другите ќе ги преземат заслугите за вашиот труд. Може да се случи да соработувате со колега кој нема да биде коректен, туку ќе ве фрли во втор план и ќе ја занемари вашата улога во проектот на кој соработувавте заедно. Ќе го увидите ова доцна, па затоа ќе ви биде тешко да докажете дека сте оштетени.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, сте примиле или сте дале бакшиш, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за бакшиш

Бакшиш е награда дадена за извршена услуга.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg