Бакнување

Term Main definition
Бакнување

Со пријатели: смирување; со мртви: смрт; гледање други како се бакнуваат: тага; со саканата личност: среќа после бурни часови; со својата жена/маж: кавга во домот; со туѓа жена/маж: добар знак за сè што ќе почнеш.

Што значи да сонувате дека се бакнувате?

Бакнувањето во соништата е скоро секогаш позитивен сон, без разлика дали станува збор за бакнување со сакана личност или членови на семејството или непознати лица. Сепак, ако сонувате романтични бакнежи кои се на непримерно  место или со непримерна личност, тие исто така можат да имаат и негативно значење.

Во продолжение прочитајте повеќе за значењето на бакнежите и бакнувањето во соништата.

Ако се бакнувате со пријател во образ

Ако во сон се бакнувате со пријател, тоа е знак дека ќе се смирите со некого. Можно е да сте се дистанцирале од пријателите поради работи што сега ви изгледаат  смешни, а порано изгледале многу сериозни. Иако помина многу време, вие се сеќавате на заедничките искуства и чувствувате носталгија за тие времиња.

Не дозволувајте гордоста да ве спречи во обновување на врските што навистина вредеа. Тоа и вашата поствест со овој сон ви го порачува.

Ако сонувате француски бакнежи со пријател

Ви претстои романтична врска со личност која отсекогаш била покрај вас и која претходно не сте ја гледале на тој начин. Врската ќе биде исклучително успешна и со среќен крај.

Ако сонувате дека бакнувате мртва личност

Кога сонувате дека се бакнувате со мртва личност, тоа предупредува на смрт на познаник. Можно е да сте се сетиле или сте зборувале за некој што починал. Тоа ве  оптоварило па сте го сонувале овој сон, а во тој случај сонот нема некое посебно значење.

Ако гледате други како се бакнуваат

Ако во сон гледате други како се бакнуваат, тоа е симбол на тага. Веројатно ви се допаѓа личност која е зафатена. Затоа сте очајни што се проектира и во вашите соништа. Вие сте несреќни затоа што не можете да бидете со личност која ви се чини совршена и најдобар избор за вас.

Потрудете се да ги погледнете работите реално и можеби ќе откриете дека сте го/ја идеализирале. Штом не сте заедно, мора да има некоја причина зошто тоа е добро.

Ако сонувате дека се бакнувате со саканата личност

Кога сонувате дека се бакнувате со саканата личност, тоа е знак дека можете да се опуштите бидејќи ќе имате пријатни моменти по бурни расправии. Ако во последно време сте имале несогласувања, најдобро ќе ги решите проблемите во кревет. Ќе имате романтичен секс по кој вашиот однос ќе биде многу подобар.

Кога со сон се бакнувате со маж/жена, тоа подразбира дека ве чекаат кавги во домот предизвикани од нечие семејство. Можно е роднините да се мешаат во вашите брачни и семејни односи, што дополнително ви го комплицира животот.

Ставете им јасно до знаење дека сами ќе ги решавате своите проблеми. Ако видите дека вашиот партнер се потпира на нивната поддршка, разговарајте сериозно со него/неа.

Жена или девојка да сонуваат за романтичен бакнеж со друга жена

Овој сон означува дека тајно се воздржувате од некои општествено утврдени норми на морал и етика. Може да означува и некој вид внатрешна борба.

Маж да сонува романтичен бакнеж со друг маж

Овој сон означува дека тајно се воздржувате од некои општествено утврдени норми на морал и етика. Може да означува и некој вид внатрешна борба.

Ако сонувате дека се бакнувате со туѓ маж или жена, момче или девојка

Кога во сон се бакнувате со туѓ маж или жена, тоа значи дека можете да направите сè што започнувате. Ако планирате да ја смените работата, ова е идеален момент за тоа. Имате можност да патувате со партнерот. Иако на прв поглед тоа не изгледа како добра одлука, ќе сфатите дека ви помогна да ја зацврстите врската

. Ова се вашите 5 минути и искористете ги најдобро што можете.

Ако сонувате дека се бакнувате во образ со непознати лица

Ќе стекнете или некоја личност неочекувано ќе ја стекне вашата почит.

Ако сонувате дека се бакнувате со татко или мајка во образ

Ви претстои пократко или подолго патување. Вашите родители може да бидат загрижени за вас поради некоја друга причина.

Ако сонувате дека бакнувате татко или мајка на романтичен начин

Ви претстои срам, што може да го избегнете ако не реагирате набрзина, туку оставете ја неочекуваната ситуација да отстои неколку дена и потоа донесете заклучок.

Ако сонувате дека се бакнувате со брат или сестра во образ или чело

Во сон бакнување брат или сестра значи дека ако сте помлади од нив, тие полека почнуваат да прифаќаат дека растете. Ако сте постари од нив, тогаш вие сте тој кој почнуваат да прифаќа дека тие веќе не се деца и дека растат.

Ако сонувате романтични бакнежи со брат или сестра

Ако бакнувате брат или сестра на романтичен начин во сон, значи со спојување на усните и ако самиот сон има романтична или еротска конотација, тоа означува  непосреден срам во јавноста што нема да можете да го избегнете.

Ако бакнувате животно

Ако во сон бакнувате мачка или куче или некое друго животно и при тоа чувствувате грижа, тоа значи дека сте грижлива личност и на јаве и дека вашите пријатели и блиски луѓе се многу среќни што ве имаат.

Ако бакнувате бебе во сон

Ако во сон бакнувате бебе, тоа означува дека ви претстои добра забава со пријателите.

Ако сонувате дека бакнувате бремена жена

Бакнувањето бремена жена во сон означува стабилен и среќен живот.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте се бакнувале со пријатели, своја или туѓа жена /маж, тоа секако ви оставило впечаток.

Дефиниција за бакнување

Бакнувањето е допир на усните кое има повеќе значења. Може да искаже почит, поздрав, приврзаност или интензивно љубовно доживување.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg