Бајка

Term Main definition
Бајка

Ако слушате: некој ќе ве измами: ако раскажувате: безуспешно ќе се обидеш да излажеш; ако пишуваш: ти претстои одмор и период за опуштање.

Што значи да се сонува бајка?

Слушање бајка

Кога сонувате дека слушате бајка, тоа подразбира дека некој ќе ве измами. Вашите чувства ќе го победат разумот и невнимателно ќе се впуштите во врска со некој кој сака само да ве искористи. Ќе ве уверува дека има сериозни намери и во почетокот ќе ви симнува ѕвезди од небото. Со време ќе ви стане јасно дека ниедно од дадените ветувања нема да се исполни. Таа личност ќе седи на два стола и ќе ви биде многу подобро кога ќе замине од вашиот живот.

Раскажување бајка во сон

Ако вие раскажувате бајка, тоа значи дека безуспешно ќе се обидете да влијаете на некого. Веројатно ќе сакате да посоветувате помлада личност, но таа нема да извлече поука која вие ја сметате за исправна, ќе се обидете да ја излажете. Спротивно на вашите очекувања, тоа ќе предизвика контраефект и ќе посакате да не сте се впушатле во таа приказна. Ќе разберете зошто се вели дека патот до пеколот е поплочен со добри намери.

Проживување бајка

Ако сонувате дека вие проживувате бајка, тоа укажува дека наскоро ќе одите на одмор. По напорната работа, опуштање ќе ви биде многу потребно. Нема да имате големи очекувања од овој пат, па ќе бидете одушевени од конечниот исход. Ќе посакате да го продолжите престојот, но обврските тоа нема да ви го дозволат.

Сонување дека пишувате бајка

Доколку сонувате дека вие пишувате бајка, тоа може да значи дека сте загрижени без причина. За многу работи размислувате негативно, па ќе се доведете во ситуација некоја идеја да ја осудите на пропаст и пред воопшто да ја покренете. Претпазливоста е добра, но понекогаш мора да пуштите работите да одат по својот тек. Не можете на сè да влијаете. Време е да почнете да уживате во малите успеси, наместо да чезнеете за некои големи резултати.

Сонување дека читате бајка

Ваквиот сон укажува на тескоба или незадоволство. Може да значи дека имате желба да побегнете од некого или од нешто, но не знаете ни каде ни како. Ќе мора да се соочите со сопствените стравови и конечно да ги преземете работите во свои раце. Ако  продолжите „да се криете од животот“ не можете да очекувате дека судбината ќе ве награди. Траумите од минатото закопајте ги длабоко и почнете да размислувате за иднината.

Ако сонувате дека на дете му читате бајка, тоа значи дека некој неправедно ве обвинил за нешто. Ќе се најдете на удар на околината, иако знаете дека ништо лошо не сте направиле или кажале. Таквата состојба ќе трае некое време, а вие по бројни неуспешни обиди да се одбраните, конечно ќе сфатите дека тоа не е вредно ниту за вашето време  ниту за нервите.

Сонување дека кинете книги со бајки

Ако сонувате дека кинете книга со бајки, тоа подразбира дека е време за промени. Можеби ќе одлучите да промените нешто на себе или дури да ја промените работата или средината во која живеете. Можно е дека моментната ситуација ве гуши и упорно барате начин со тоа да се изборите. Не ви е лесно бидејќи секојдневно се соочувате со разни проблеми. Веројатно тоа е причината зошто  сонувате „бегство од стварноста“.

Кога сонувате дека некој друг кине книга со бајки, тоа значи дека ќе ве разочара пријател или љубовник. Веројатно ќе заклучите дека не е личност вредна за вашето време и внимание и ќе се потрудите да се дистанцирате од него/неа. 

Сонување дека палите книга со бајки

Доколку сонувате дека палите книга со бајки, ќе ви се случи љубовна авантура. Ако сте слободни таа личност веројатно веќе ја познавате, а можеби и ве привлекува од порано. Ќе имате прилика да поразговарате и ќе сфатите дека двајцата чувствувате некоја хемија. Неговото/нејзиното друштво секако ќе ви годи, но тоа нема да биде врска на долги патеки, туку повеќе „пријателство со привилегии“.

Ако подолго време сте во врска или брак, веројатно постои некоја личност која подолго време ви се допаѓа. Никогаш не би го изневериле партнерот, но тоа не ве спречува за него/неа да мечтаете.

Кога сонувате дека некој друг пали книга со бајки, тоа значи дека би можел да ви се изјалови некој план. Можеби сте имале намера да отпатувате, но објективни околности тоа нема да го допуштат. Од друга страна, бидете внимателни со парите. Долгорочно гледано прекумерното трошење би можело да ве доведе до сериозни проблеми. 

Сонување ликови од бајка

Доколку сонувате ликови од бајка, тоа значи дека би требале да избегнувате неволји. Потрудете се да не ризикувате кога донесувате одлуки за да не западнете во проблеми. Ризичните инвестиции нема да ви донесат никаква корист, уште повеќе, би можеле да ви предизвикаат дополнителна главоболка. Не е добро време ни за љубовни авантури, бидејќи постои реална опасност во намера да се забавувате само да се „изгорите“.

Ако сонувате дека ве бркаат ликови од бајка, тоа симболизира потреба за разговор. Веројатно сте една од оние личности која доста држи во себе и ретко се доверува  на други луѓе. Сепак, ќе се најдете со ситуација која нема да можете да ја решите сами, па ќе ви биде потребна помош или совет од личност на која ѝ верувате. Не се срамете да побарате помош, бидејќи две глави секогаш се попаметни од една.

Сонот во кој се расправате или се карате со ликови од бајка, значи дека некој ве обвинува дека сте незрели или неодговорни. Веројатно станува збор за постара личност која со вашите постапки главно не се согласува. Поради тоа неретко доаѓате во судир, но тоа вам не ви е важно, бидејќи имате свој став и го живеете животот онака како што вие сакате.

Доколку во сон се тепате со ликови од бајка потсвеста ви говори од нешто или од некого да се откажете. Можеби премногу време сте посветиле на некоја работа или премногу внимание сте подариле на некоја личност, но сте сфатиле дека тоа било залуден труд. Сте се надевале дека ситуацијата ќе се поправи, но тоа не се случило. Веројатно совеста со овој сон ви порачува дека е време да „кренете раце“ и да продолжите понатаму. 

Кога сонувате дека ликови од бајка се обидуваат да ве убијат, тоа значи дека секој план ќе вроди со плод. Доколку сте размислувале за промена на факултетот, занимањето, работата или местото на престој сега е вистинско време за тоа. Секој план кој сега ќе го направите има реална шанса да биде успешен. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте читале или сте слушале бајка, веројатно ви останала во потсвеста, па затоа сте ја и сонувале.

Дефиниција за бајка

Бајка е книжевен вид во кој се преплетуваат измисленото и вистинското. Главно бајките имаат среќен крај.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg