Бадниково гранче

Term Main definition
Бадниково гранче

Бадниково гранче во сон значи мир во душата, веселба, среќа

Што значи да сонувате бадниково гранче?

Држење бадниково гранче во рацете

Кого во сон вие држите бадниково гранче, тоа симболизира мир и среќа. Ќе имате успех во сè што ќе започнете. На љубовен план ќе ви цветаат рози и убаво ќе се согласувате со партнерот. Можно е дека ќе најдете заеднички јазик со неговото семејство кое после многу време конечно ќе ве прифати.

На деловен план работите на почеток не се одвивале како што сте сакале, но во наредниот период сè ќе тргне по саканиот тек. Трпението и работата кои сте ги вложиле и покрај потешкотиите ќе почнат да се исплатуваат. Ќе добиете нови деловни понуди и можеби ќе го промените работното место со кое не сте биле претерано одушевени.

Некој ви носи бадниково гранче

Ако сонувате дека некој ви носи бадниково гранче, тоа укажува дека ќе чуете добри вести од пријател или од член на семејството. Веројатно некого сте замолиле за услуга. Се работи за нешто што ви е многу важно, како работа или закажување лекарски преглед кај доктор до кого тешко се доаѓа. Ќе добиете одговор кој сте го сакале и ќе бидете многу благодарни на таа личност.

Некому му носите бадниково гранче

Доколку сонувате дека вие некому му носите бадниково гранче, тоа значи дека некого ќе усреќите со своите дела. Можеби нема да бидете ни свесни, но со мал знак на внимание ќе израдувате личност која добро не ја познавате. Сепак, тоа ќе остави силен впечаток кај него/неа.

Сечење бадниково гранче

Ако сонувате дека сечете бадниково гранче, некој ќе ви укаже големо почитување. Можеби пријател ќе ве замоли да му бидете кум или претпоставениот ќе ви предложи некоја подобра позиција во фирма или покачување. Во секој случај ваквиот сон има позитивно значење.

Кога сонувате дека некој друг сече бадниково гранче, тоа симболизира сеќавање на детството. Можно е во детството да сте гледале како некој сече бадниково гранче или за тоа ви зборувале. Ако таа приказна се пренесе во сон, тоа значи дека потсвеста ве враќа во некои безгрижни и среќни денови за да избегате од мрачното  секојдневие.

Бадниково гранче пред црква

Бадниково гранче пред црква симболизира благосостојба во семејството. Тежок период е зад вас и со колку предизвици да сте се сретнале поддршката и љубовта во семејството ви се најважни. Во добро и зло знаете дека можете да се потпрете на нив.

Бадниково гранче пред врата

Ако видите бадниково гранче пред врата, тоа значи дека ќе чуете добри вести. Можно е дека ќе добиете добра понуда за работа или ќе се покаже дека не сте имале причини да се грижите за своето здравје. Конечно ќе имате на што да се надевате,  бидејќи работите тргнале кон подобро. Искористете го наредниот период за одмор, бидејќи пред вас е напорна работа за да се докажете на новото работно место.

Бадниково гранче во домот

Доколку сонувате бадниково гранче во вашиот дом, тоа значи дека во блиска иднина ќе се состанете со членовите на семејството кои долго не сте ги виделе. Тоа дружење исклучително ќе ви годи, бидејќи ќе евоцирате спомени од детството. Можеби некој од нив ќе ве повика на гости во друг град или држава. Прифатете ја поканата, бидејќи промената би можела да ви годи.

Бадниково гранче од даб или цер

Кога сонувате бадниково гранче од даб или цер тоа укажува дека ќе ги остварите своите деловни или приватни планови. Ако сте планирале промена на работата, занимањето или факултетот вистинско време е за тоа, бидејќи вашиот избор би можел да се покаже добар и исплатлив. Ако планирате преселување во странство, сепак малку распрашајте се за условите на живот, правилата и обичаите во земјата во која би живееле.

Бадниково гранче од елка или бор

Иако поретко, бадниковото гранче може да биде од елка или бор. Симболизира среќни моменти со саканата личност. Конечно комуникацијата меѓу вас ќе се подобри, па би можеле да испланирате заедничко патување.

Палење бадниково гранче

Ако во сон палите бадниково гранче, тоа ознчува здравје. Првенствено ќе бидете задоволни со себе и тоа ќе се одрази на вашето тело и психа. Ќе сфатите дека нема да имате корист од незадоволство и кукање, туку ќе се трудите да живеете онака како што отсекогаш сте сакале. Ќе почнете и здраво да се храните и да се занимавате со физички активности.

Ако неодамна сте сечеле бадниково гранче, или сте славеле Бадник, сонот не се толкува. Исто важи и ако сте гледале емисија на телевизија, филм или прилог за тој христијански обичај. Тоа веројатно оставило впечаток на вас кој од јаве сте го пренеле на сон.

Дефиниција за бадниково гранче

Бадниковото гранче најчесто е дрво од даб кое се сече рано наутро на ден Бадник, а обредно се пали на Бадникова вечер.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg