Азбука

Term Main definition
Азбука

Ако сонувате азбука - ќе слушнете добри вести. Ако сонувате букви на странски јазик - ќе откриете некоја тајна. Ако на сон учите азбука – ќе ја промените вашата професија или хоби. Ако читате азбука – нови знаења.

Што значи да сонувате азбука?

Ако видите азбука

Ако на сон видите азбука, тоа е знак дека ќе слушнете добри вести кои долго сте ги очекувале. Можеби очекувате работите на деловен план да се решат во ваша корист. Потребна ви е шанса да им покажете на сите колку вредите. Вложивте многу во едукација и усовршување на вашето знаење. Во оваа прилика, веројатно ќе и заблагодарите на блиска личност која има доверба во вас.

Азбука на странски јазик

Ако сонувате букви на странски јазик, значи дека ќе откриете некоја тајна.  Ако го вратите филмот назад, ќе сфатите дека вашата сакана личност ви премолчела некои работи. Не ви се јасни причините за тоа, па често во вашата врска има расправии. Оваа ситуација може трајно да ја наруши хармонијата помеѓу вас.

Ако учите азбука

Ако на сон учите азбука, можеби ќе ја промените професијата или работното место.  Веќе подолго време се двоумите дали да ја промените моменталната професија и да започнете да се занимавате со професија која има подобра перспектива за вас. Меѓутоа, ве плаши стравот од неуспех. Соочени сте со сознанието дека сте погрешиле при изборот на вашата професија. Секој ден ви е сè потешко одењето на работа која не ве прави среќни.

Ако читате азбука

Сонот во кој читате азбука симболизира нови знаења. Имате желба да научите нови работи  кои ќе ви бидат од корист. Можеби сакате да бидете поефикасни на работното место, така што некој курс би ви бил многу корисен. Ако имате многу слободно време, тогаш искористете го квалитетно занимавајќи се со некое хоби.

Азбуката е исто така знак за добар почеток, собирање со пријателите, среќа и успех на работата. Ако сонувате како ја читате азбуката, ќе се најдете пред огромен животен тест.

Ако сонувате дека читате азбука на некој друг, можеби ќе ве запрати лоша среќа. Ако вашата работа вклучува јавни настапи, можно е да направите лапсус за време на некој од нив. Иако на присутните тоа нема многу да им пречи, вас ќе ве измачува помислата дека не сте оставиле впечаток на професионалец. Разберете дека тоа е само трема и продолжете понатаму.  

Ако држите азбука во раце

Сон во кој држите азбука во рацете значи дека сте несигурни и се сомневате во вашето знаење и вашите компетенции на работа. Може да значи и проблеми со партнерот на интимно ниво. Веќе некое време врката меѓу вас е затегната. Имате впечаток дека вашиот партнер не ве разбира, а при тоа и вашиот партнер го мисли истото за вас. Отворен и искрен разговор секогаш е вистинско решение, затоа не го избегнувајте. 

Ако добиете/подарите азбука

Ако на сон добиете азбука како подарок, значи дека некој неправедно ќе згреши во врска со вас. Ако, пак, вие некому подарите азбука, потсвеста ви кажува дека сте суетни и дека за себе сметате дека сте попрофесионални од повеќето колеги со кои работите. Сметате дека претпоставениот не го препознава вашиот труд и заслугите за успехот им ги препишува на другите.

Ако читате книга по азбучен ред

Ако сонувате како читате книга по азбучен ред, ќе дојдете до нови и големи откритија. Меѓутоа, ако истиот сон се повтори неколку пати, тоа значи дека треба да започнете да учите од сопствените грешки.

Ако пишувате по азбучен ред

Овој сон симболизира нов почеток. Веројатно веќе долго време се двоумите што да направите за да го подобрите квалитетот на вашиот живот. Овој пат, нов почеток значи промена на работното место или започнување на сопствен бизнис. Стравот од неуспех веќе долго време ве спречува да напредувате во работата, но на крај ќе одлучите да се соземете и да направите нешто што сметате дека е правилно.

Кога сонувате дека пишувате по азбучен редослед, тоа може да сиболизира и нов почеток на љубовен план.

Ако палите азбука

Ако сонувате како палите азбука, потсвеста ви кажува дека треба да ги прекинете односите  со личноста која ве гуши. Избегнувајте  да поминувате време со луѓе кои ве оптоваруваат со нивните проблеми и не ве слушаат што имате да кажете.  Долгогодишното пријателство и тешките ситуации кои сте ги надминале заедно ве обврзуваат да останете верни пријатели, но исто така сфаќате дека е време да се извлечете од тој токсичен однос.

Дефиниција за азбука

Азбука е утврден ред на буквите за гласовен систем на еден јазик. Една буква означува еден глас. Името азбука настанало од првите две букви од старословенската азбука „аз“ и „буки“.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg