Автомобил

Term Main definition
Автомобил

Ако се возите: унапредување, успех. Ако го видите: ќе чуете значајни вести.

Што значи да сонувате автомобил?

Ако сонувате дека се возите со автомобил

Ако сонувате дека се возите со автомобил, тоа значи дека нема да имате успех на деловен план. Со помош на својата упорност и труд ќе успеете да им се наметнете на шефовите. Многу сте работеле на себе и тоа ќе ви се исплати. Можеби ве очекува унапредување.

Ако видите автомобил на сон

Ако видите автомобил на сон тоа означува дека ќе слушнете вест која долго време сте ја очекувале. Каков и да е исходот, ќе почувствувате олеснување која ситуацијата ќе се приближи до крај.

Ако сонувате спортски автомобил

Спортски автомобил на сон имплицира дека мора да водите грижа за своето здравје. Поради бројни обврски нема да можете да најдете време да посетите лекар поради редовен преглед.  Повеќе ќе бидете свртени кон материјалните нешта и нема да го цените она што го имате. Можеби таквиот начин на живот ќе ви донесе последици кои нема да ги ублажат сите пари на овој свет.

Ако сонувате теренско возило

Сонувањето на теренско возило означува дека сте загрижени бидејќи мора да совладеете тешки пречки. Веројатно предолго време сте поминале во размислување за тешкотиите што ќе ве спречи да се фатите во костец со проблемите. Проблемите нема да бидат толку сериозни како што ќе ви изгледаат.

Ако сонувате скап автомобил

Кога гледате скап автомобил на сон тоа значи дека ќе имате неочекуван финансиски трошок. Можеби луѓето од вашето опкружување живеат на висока нога. За да не оддалечите од тој свет ќе почнете да трошите повеќе одошто заработувате. Нема да можете да издржите долго да живеете со тоа темпо, па покрај вас ќе останат само личностите кои ви се искрени пријатели и не им се важни само вашите пари.

Ако сонувате расипан автомобил

Ако сонувате расипан автомобил тоа е предупредување дека ќе бидете загрижени поради недостаток на пари. Ќе мора уште еднаш убаво да размислите да најдете и втора работа како извор на дополнителни приходи. Ако имате некое хоби ќе се обидете да го претворите во работа во која ќе уживате и која има перспектива во иднината.

Ако сонувате полициско возило

Доколку сонувате полициски автомобил тоа значи дека ќе се најдете во големи проблеми. Ќе треба да вложите многу труд за да се извлечете од неволји. Можни се проблеми во семејството бидеќи некој член ќе биде обвинет дека сторил нешто што тврди дека не сторил. Процесот на докажување на невиноста ќе биде долготраен, па ќе се вооружате со трпение и ќе обезбедите доволно финансиски средства со кои ќе можете да ги покриете трошоците.

Ако купите автомобил

Кога на сон купувате автомобил тоа значи дека ќе ви се исполни желбата. Ќе бидете во можност да си дозволите нешто за кое сте си мечтаеле досега. Можно е вашиот буџет да го збогатат вашите родители или роднина од странство, што ќе ви остави доволно простор да издахнете и да си дозволите некое задоволство.

Ако во вашиот сон некој друг купува автомобил потсвеста ви говори дека некому му завидувате поради неговиот успех што го има постигнато или поради начинот на кој го живее својот живот. Залудно се трудите да покажувате дека сте среќни поради него/неа, кога се потешко ви паѓа да глумите. Наместо да жалите за својата судбина, обидете се да промените нешто.

Ако продадете автомобил

Доколку на сон продадете автомобил веројатно ќе се најдете во проблем со финансиите. Ќе имате некои непредвидени трошоци поради кои би можеле да се задолжите. Со оглед на тоа дека овојпат родителите или роднината од странство нема да можат да ви помогнат, ќе мора да се консултирате со банка. Сепак, бидете претпазливи при потпишување на договори. Колку и да ви се потребни парите, не прифаќајте ризични зделки.

Сон во кој некој друг продава автомобил значи дека пријател или познаник ќе ви побараат совет. Луѓето ве смеаат за личност од доверба која во секој момент знае што треба да направи или да каже. Тој/таа во потполност ќе се ослони на вашето мислење, што би можело да ви создаде голем притисок и големо чувство на одговорност.

Ако подарите автомобил

Кога сонувате дека подарувате некому автомобил тоа имплицира дека сте дарежлива личност. Сакате да подарувате на луѓето, па често ви се случува она што сте го намениле за себе, да го дадете на пријателите. Сепак, партнерот и членовите на семејство ви замераат дека трошите премногу пари и енергија на други луѓе.

Ако добиете автомобил на подарок

Ако сонувате дека некој ви подарил автомобил тоа симболизира љубомора. Премногу сте посесивни кога се работи за ваши сакани личности и константно им замерувате дека не ви посветуваат доволно внимание. Понекогаш сте премногу чувствителни, па на блиските им изгледа дека манипулирате со вашето однесување. Вам не ви изгледа така, бидејќи сметате дека доволно давате и дека е нормално да ви возвратат. Сепак, водите сметка за своето однесување бидејќи би можеле лесно да ги избркате блиските луѓе од себе.

Ако украдете автомобил

Кражбата на автомобил симболизира лоша комуникација со партнерот. Никако не успевате да најдете заеднички јазик. Понекогаш ви изгледа дека не ги сакате истите нешта, па поради тоа не можете да планирате идни потези. Иако долго време се познавате ви се чини дека од ден на ден сè помалку се познавате. Сте почнале да се оддалечувате бидејќи секој обид за разговор завршува со расправа.

Доколку на сон сте сведок на кражба на автомобил тоа значи дека ќе ви се врати вложеното, без оглед на тоа дали се работи за материјална или нематеријална инвестиција. После долго време ќе се почувствувате успешен/успешна во нешто и ќе бидете горди на себе.

Ако сонувате дека некој ви го украл автомобилот постои можност да изгубите драга личност. Тој/таа ќе се одлучи да започне нов живот на друго место, па потполно ќе се оддалечите, и покрај сите ветувања дека нема да ви се случи тоа. Ќе бидете многу потиштени бидејќи сметате дека тој/таа се незаменливи. Сепак, времето лечи сè, па ќе мора да се навикнете.

Ако запалите автомобил

Кога сонувате дека вие палите автомобил веројатно ќе ви се изјалови некој план или патување. Долго време сте размислувале за тоа и сте се радувале на подготовките, па затоа новонастанатата ситуација ќе ви падне тешко. Ќе мора да се прилагодите бидејќи нема да имате избор. Нема простор за очај, бидејќи нова прилика ќе ви се укаже во скоро време.

Доколку сонувате дека некој друг пали автомобил тоа значи дека ќе ве заболи некоја неправда. Ќе бидете сведок на одлука донесена без ваша согласност, а која значително влијае врз животот на една друга личност. Долго време ќе размислувате за тоа, но ќе знаете дека не би можеле да направите ништо за да го спречите тоа.

Ако видите запалено возило

Ако сонувате запален автомобил тоа значи штета. Постои можност да ви се расипе автомобил или некој уред без кој ви е тешко да го замислите секојдневието.

Ако сонувате автомобилска несреќа

Ако на сон видите автомобилска несреќа тоа значи дека ќе имате среќа. Доколку сте актер во несреќата тоа значи деловна добивка. Што значи да сонувате судир?

Значењето на овие соништа може да биде поедноставно бидејќи е можно некој друг настан поврзан со претходните ситуации да ви оставил длабок впечаток, па тоа ви се пренело од јаве на сон.

Дефиниција за автомобил

Автомобил е моторно возило кое служи за превоз на патници.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg