Авокадо
Term | Main definition |
---|---|
Авокадо | Активен љубовен живот. Што значи да сонувате авокадо?Ако видите авокадо на сонКога на сон гледате авокадо тоа значи дека имате активен љубовен живот. Сè уште не сте подготвени да се сталожите со една личност, па често ќе менувате партнери. Можно е да имате страв од врзување и се плашите дека би можеле да направите грешка поради која ќе се каете. Полесно ви е да раскинете врска кога ќе се појават први проблеми отколку да се борите да ги совладате сите препреки. Родителите ви вршат притисок да се уозбилите. Ако сте во брак веројатно ви се допаѓа личност, па ќе бидете во недоумица како да се однесувате. Ако јадете авокадо на сонКога сонувате дека јадете авокадо, тоа имплицира дека водите грижа за себе. Редовно се занимавате со спорт и јадете здрава храна. Веројатно во минатото сте имале вишок килограми или здравствен проблем кој ве натерал да поработите на подобрување на квалитетот на вашиот живот. Сакате да се чувствувате и да изгледате добро. Некогаш се случува да паднете во искушение и да прескокнете некој тренинг или да изедете нешто слатко, но брзо се враќате на старите навики. Партнерот на почетокот немал разбирање, но сега се случува заедно да вежбате или да готвите. Ако давате некому да јаде авокадоКога сонувате дека храните некого со авокадо, тоа укажува дека ќе преземете одговорност да се грижите за личност на која ѝ е потребна помош. Можеби се работи за постар член на семејството кој се разболел. Иако имате многу обврски, ќе се почувствувате добро бидејќи правите благородно дело за личноста која ве чувала кога сте биле мали. Внимателно ќе го следите секој нејзин чекор и цврсто ќе верувате во нејзиното опоравување. Ако сонувате дека голтате авокадоАко сонувате дека голтате авокадо тоа значи дека сте смирена личност која на секој проблем му пристапува со доза на оптимизам. Поради тоа некои луѓе ви се воодушевуваат, а други сметаат дека сте несериозни. Навикнати сте одлуките да ги донесувате со ладна глава и свесни сте дека лутината нема да ви донесе ништо добро. Затоа избегнувате расправи кои немаат смисла за вас, но кога е потребно умеете да се одбраните. Ако некој друг голта авокадо во вашиот сон веројатно ќе добиете добар совет за започнување на сопствен бизнис. Некоја личност која долго време се занимава со таквите работи би можела да ви отвори нови видици и да ве охрабри да се борите за таа своја идеја. Ако сонувате авокадово дрвоАвокадово дрво симболизира среќни моменти. Пред вас е еден мирен период во текот на кој ќе се чувствувате среќно и задоволно. Можеби нема да го решите секој ваш проблем, но ќе имате сила и волја да се соочите со новите предизвици. Ако сте слободни би можеле да почнете интензивно да се дружите со личност која во потполност ви одговара, а ако сте во врска или во брак ќе сфатите дека партнерот го сакате повеќе отколку што умеете да му покажете. Ако сонувате дека дека берете авокадоДоколку сонувате дека берете плодови на авокадо тоа значи дека трудот ви се исплати. Сте вложиле многу време и работа во нешто што многумина им изгледало како луда идеја во која само вие верувате. Сега ќе им докажете дека погрешно согледувале и ќе почнат да ве сфаќаат сериозно. Сон во кој некој друг бере авокадо значи некој би можел да ги преземе заслугите за некоја ваша деловна идеја или проект. Нема да се обидете да докажете дека вие сте го смислиле тоа бидејќи сметате дека тоа нема смисла. Сепак, со време ќе се видат вашите квалитети на дело, па нема да ве изостави наградата. Ако сонувате дека садите авокадоАко садите авокадо веројатно ќе се одлучите да ги промените животните навики. Ќе сфатите дека сте го занемариле своето здравје, па ќе се потрудите да се храните поздраво и повеќе да се движите. Телото ќе ви биде благодарно за тоа. Доколку, пак, сонувате дека некој друг сади авокадо пријателот или партнерот ќе ве наговори конечно да се ослободите од порокот. Ќе се откажете од алкохолот или цигарите и ќе сфатите дека така си го уништувате здравјето. Ако сонувате дека купувате авокадоКупувањето на авокадо во сон симболизира трошок. Можеби ќе бидете повикани на свадба, крштевка или некоја друга прослава за која ќе ви требаат повеќе пари. Со оглед на тоа дека се работи за непланиран трошок ќе се мачите да го усогласите со вашиот буџет. Доколку разумно располагате со парите, немате причина за грижа. Ако сонувате дека продавате авокадоАко сонувате дека продавате авокадо тоа значи дека би можеле да добиете вреден подарок од некого кој не ви е толку близок. Ќе се прашувате зошто одлучил/ла да ви го подари тоа и ќе се сомневате во неговите/нејзините намери. Сепак, ќе се испостави дека личноста од порано негувала чувства кон вас и дека едноставно сакала да ве почести. Ако сонувате дека подарувате авокадоКога сонувате дека некој ви подарил авокадо ќе ве изненади убава вест. Можеби ќе слушнете дека некој во вашете пошироко семејство планира свадба или чека принова. Во секој случај многу ќе се израдувате. Ако сонувате дека сте добиле авокадо на подарокДоколку сонувате дека некој ви подарил авокадо тоа значи дека патувањето и заслужениот одмор за кој долго време сте разммислувале конечно ќе може да се реализира. Ќе ја решите секоја можна пречка што ве спречувала да си ја исполните желбата и конечно ги спакувате куферите. Ако сонувате зрело авокадоЗрело авокадо симболизира среќа и благосостојба. Веројатно ќе се ослободите од некои грижи кои долго време ве мачеле што ќе ви донесе олеснување на целото семејство. Конечно ќе можете да се опуштите и да уживате заедно. Ако сонувате зелено незрело авокадоНезрело авокадо на сон значи дека не е погодно време за инвестиции. Ако планирате да купите стан, автомобил или некој имот посоветувајте се со луѓе кои знаат повеќе на оваа тема од вас. Ако сонувате труло авокадоТруло авокадо обично значи дека ќе се разочарате од пријателот кој го познавате цел живот. Ќе ве повреди со своето однесување до таа мера што ќе сакате да прекинете секаков контакт. Ќе сфатите дека ве искористувал/ла ии дека тоа никогаш не било вистинско пријателство, туку дружба од интерес. Сè додека вие сте му/и требале имал/ла потреба да ви се јави и да ве бара да се дружите, а кога вие сте се нашле во ситуација кога ви треба помош или поддршка не сте можеле да сметате на него/неа. Сонот не се толкува ако неодамна сте јаделе или купувале авокадо. Ако сте читале или гледале на телевизија прилог за оваа билка толкувањето е поедноставно – таа приказна ви оставила впечаток кој од јаве се пренел на сон. Дефиниција за авокадоАвокадо е тропско овошје во облик на круша кое расте во Мексико и во Средна Америка. |