Аверзија
Term | Main definition |
---|---|
Аверзија | Измама или лага во семејството. Што значи да сонувате аверзија?Кога имате аверзија генералноКога сонувате дека имате аверзија тоа може да се толкува на повеќе начини. Можеби семејството или партнерот се обидуваат да ве разубедат од нешто што вие го сметате за важно. Ќе бидете незадоволни бидејќи околината нема да има разбирање за нешто што сте го планирале долго време, а сега ви се укажува прилика д го остварите. Можеби се работи за упис на факултет, промена на работно место или патување во страна држава. Ако имате аверзија кон блиски лицаЌе имате чувство дека вие секогаш сте тука за другите кога им е потребна помош, а никој не ги разбира вашите желби. Причините кои ќе ги наведат ќе бидат одраз на нивната грижа за себеси и тоа најчесто е страв дека ќе ги запоставите или недостаток на пари. Вие нема ништо да им барате освен приликата да се борите за себе и своите соништа. Друга можност е дека сонот ви порачува дека не сакате да го сторите она што ви го наметнува околината. Никогаш не сте чувствувале потреба за пофалба или признание од другите. Напротив, се трудите да пркосите и кршите норми на убаво однесување кое го сметате за лицемерно. Ако имате аверзија кон религијаОд вас ќе се бара да направите избор кој ќе биде во спротивност на она што сте верувале досега. Ќе водите тешка борба со самите себе, но ќе мора да донесете одлука од која нема да зависите само вие. Постои можност да сакате да направите сериозен разговор со партнерот кој постојано го одложува. Сметате дека е крајно време да бидете искрени и отворено да разговарате за планови кои ги имате за иднината. Ќе имате чувство дека вашите погледи на свет се разликуваат од оние на партнерот и дека не размислува сериозно за вашата врска. Можно е и самиот да претпоставува за што сакате да разговарате па се обидува да открие што сака самиот. Ако сонувате дека имате аверзија кон себеАко сонувате дека ви се гади од самите себе тоа симболизира несигурност и недостаток на самодоверба. Многу сакате луѓето да имаат добро мислење за вас. Се плашите да не откријат некој ваш недостаток. Постојано си барате маани и им се воодушевувате на другите луѓе. Ќе се обидете да ги скриете своите стравови, но тие се повеќе и повеќе доаѓаат до израз. Комплекси ве спречуваат да бидете успешни на деловен и приватен план. Можеби сте покомпетентни од луѓето со кои работите, но ќе го скриете тоа за да не навредите некого. Доколку не сакате да ги сонувате овие соништ ќе мора да го промените ставот и мислењето кон себе. Така животот ќе ви биде полесен и нема да се чувствувате како губитник/губитничка. Ако сонувате дека имате аверзија кон други луѓеКога сонувате аверзија кон други луѓе тоа значи дека ве разочарала личност во која многу сте верувале. Некој нешто ви ветил, но не го исполнил ветувањето, па дури и потполно заборавил на тоа. Тоа многу ќе ве повреди бидејќи сте сметале на него/неа. На сон сте проектирале и на други луѓе. Внимавајте да не ви се случи и на јаве. Ако сонувате дека имате аверзија кон животниДоколку сонувате аверзија кон животни тоа имплицира дека се обидувате да скриете некои потреби и нагони. Вие сте организирана и предана личност која го цени разумот, а не емоциите. Ретко покажувате емоции што околината ја зачудува и збунува. Прилично сте затворени и уживате во самотијата. Затоа ви е тешко да запознавате нови луѓе и да стапувате во врска. Сепак, оние кои ве познаваат ја ценат вашата добрина и праведност и тоа ви е единствено важно. Ако сонувате аверзија кон предметиКога сонувате аверзија кон предмети тоа значи дека сте незадоволни од финансиската ситуациа. Често ги споредувате вашите примања со туѓите и сфаќате дека најмалку заработувате. Тоа ве фрустрира во голема мера па ќе побарате дополнителна работа за да имате повеќе пари. Ќе мечтаете за добивка на игри на среќа, но тоа нема да се случи. Размислете дали потребата за поголеми примања е реална или во прашање се вашите комплекси. Ако сонувате аверзија кон хранаСон во кој имате аверзија кон храна симболизира потреба да ослабнете или да се поправите. Во секој случај не сте задоволни од својот изглед. Неколку пати сте се обиделе да ја достигнете посакуваната тежина, но повторно сте се враќале на старо. Тоа значи дека не сте доволно истрајни во своите намери. Нечиј коментар за вашиот изглед длабоко ве повредил. Затоа овојпат ќе се одлучите да одите до крај. Ќе се потрудите да докажете дека имате волја и сила да се промените. Сепак, водите грижа за здравјето и посоветувајте се со стручно лице за следните чекори што би требало да ги преземете. Ако сонувате дека имате аверзија кон алкохолАко на сон имате аверзија кон алкохол тоа може да биде поврзано со реалноста на повеќе нивоа. Можеби во семејството има некој кој е склон кон алкохолизам. Неговото однесува под алкохолизирана состојба ви е одбивно, па тоа го проектирате и на сон. Од друга страна, можно е да сакате да се напиете некоја капка повеќе и да се опуштите. Тогаш сè изгледа поубаво и тоа ве прави посреќни. Сепак, свесни сте какви проблеми може да предизвика овој порок, па се „казнувате“ преку сон. Ако сонувате дека имате аверзија кон сексотКога на сон имате аверзија кон сексуалните односи тоа претставува скриени желби и потреби. Веројатно имате некои склоности кои партнерот/партнерката не ги разбира и кои не и се допаѓаат. Фактот дека само вие се согласувате на компромиси ве фрустрира, но сепак не сакате да го/ја присилувате на нешто што не сака. Размислувате дека најдобрата опција би била да ги задоволите потребите на друго место, но сте свесни дека тоа би го повредило партнерот кој го сакате. Ако сонувате аверзија кон ризикАверзија кон ризик е поврзана со некоја одлука од минатото која скапо ве чинела. Можеби сте вложиле пари во нешто што не се исплатило или сте вложиле труд во личност која не умеела да ви возрати. Поради тоа сте внимателни и внимателно го размислувате секој чекор. Тоа може да биде големо оптоварување за вашата психа, но сметате дека е единствен начин да не направите грешка. Долгорочно гледано, таквото размислувње би можело да ве чини она најважното, а тоа е вашето здравје. Ако во реалноста имате каква било форма на аверзија сонот не се толкува. Дефиниција за аверзијаАверзија е стилска фигура која означува замена на главна идеја со споредна, а слуштелот не е свесен за тоа. |