Аван

Term Main definition
Аван

Заљубени сте во погрешна личност.

Што значи да сонувате аван?

Ако видите аван на сон

Кога гледате аван на сон тоа е знак дека сте заљубени во погрешна личност. Во вас се води борба бидејќи ви се допаѓа зафатена личност. Ќе бидете во искушение да му/ѝ ги признаете чувствата, но се сомневате дека веќе го знае тоа.

Имате чувство дека оваа личност не е рамнодушна кон вас што ќќе пробуд надеж во вас дека врска помеѓу вас е сепак возможна. Ќе водите отворен разговор после работа после кој ќе одлучите што е најдоброто решение.

Ако сонувате дека толчите нешто во аван

Кога сонувате дека толчите во аван тоа симболизира посета. Веројатно во посета ќе ви дојде личност што одамна не сте ја виделе. Ќе бидете возбудени и ќе правите планови што да и раскажет, покажете и со кого да ја запознаете.

Можеби се работи за некој со кој сте биле блиски во детинство, но времето и далечината си го направиле своето. Наредниот период искористете го за зближување и дружење кое ќе ве потсети на времето кога сте биле деца.

Празен аван

Кога сонувате празен аван, тоа укажува дека сте неодлучни. Можно е да имате повеќе работни понуди од кои не знаете која да ја одберете. Не сакате никого да одбивате, но сфаќате дека немате време секому да се посветите и квалитетно да работите како што сте навикнати.

Ќе мора да пресечете и да изберете најдобра можна опција, бидејќи претпоставените ќе стекнат впечаток дека сте несериозни.

Полн аван

Ќе имате толку многу прилики и опции што нема да знаете која да ја одберете.

Ако купувате аван

Ако на сон купувате аван тоа значи дека сте подготвени за нови предизвици. Зад вас е турбулентен период во текот на кој ве мачеле бројни грижи и обврски. Сега кога сте завршиле со тоа ќе може да тргнете во нова авантура. Можно е да започнете сопствена работа или да одлучите да промените средина од иста причина.

Стравот кој ве спречувал да го направите првиот чекор скоро исчезнал. Во моментот сте управувани само од возбуда и едвај чекате да почнете да работите.

Ако продавате аван

Доколку на сон продавате аван имплицира дека сте разочарани од блиска личност. Веројатно со партнерот сте планирале иднина, но тој/таа кажале нешто што почнало да ве колеба. Сте сфатиле дека не ги сакате истите нешта и мислењата во потполност ви се разликуваат.

Нема да ви биде лесно да го прифатите тоа, но фактот дека ништо не ве поврзува освен љубовта не е доволен. Ќе се запрашате дали да се потрудите или среќата да ја побарате со некоја друга личност која е слична на вас.

Ако подарувате аван

Кога на сон подарувате аван некому тоа имлицира дека сте тврдоглава и „тешка“ личност. Имате свои принципи до кои строго се придржувате. Голема важност им придавате на праведноста, почитта и почитувањето, па луѓето имаат потешкотии да го сфатат тоа.

За вас често се мисли дека сте вообразена личност и дека е тешко да ви се приближи човек. Сепак, оние кои подобро ќе ве запознаат, брзо го менуваат мислењето. Немате многу луѓе околу себе, не не ви се потребни. Колку и да сте осамени никогаш нема да го признаете тоа никому.

Ако добиете аван за подарок

Сон во кој подарувате аван значи дека ќе запознаете интересна личност. Ќе се сретнете на неочекувано место и симпатии ќе се родат неколку минути од разговорот. Сличните интереси и погледи на животот ќе ве мотивираат да му/ ѝ се приближите. Сепак, главната пречка ќе ви биде оддалеченоста, бидејќи личноста живее во друг град.

Ако украдете аван

Ако сонувате дека крадете аван тоа значи дека ќе бидете насамарени. Некој ќе ви продаде предмет што не служи за ништо или ќе потпишете договор за некоја услуга, кој ќе се испостави како штетен со текот на времето. Бидете внимателни при потпишување на каква било зделка, бидејќи секоја одлука која ќе ја донесете во наредниот период би можела да ви донесе загуба.

Ако сонувате дека некој друг краде аван тоа значи дека ќе се скарате со блиска личност. Различните ставови по многу прашања ќе ве доведат до незгодна расправа. Без разлика на вашата близина, едноставно ќе сфатите дека не можете да разговарате, а да не успеете да се скарате.

Ќе препуштите времето да си направи своето и ќе се потрудите да не влегувате во расправа без потреба. Во моментот сте многу раздразливи, што не е добро за комуникација.

Кога сонувате дека некој ви украл аван тоа е знак дека веројтно ќе чуете добри вести. До вас ќе стигне покана за свадба или крштевка или ќе дознаете дека некој од вашите пријатели или познаници чека принова.

Ако скршите аван

Ако сонувате дека сте скршиле аван тоа симболизира некоја морална дилема. Можеби некој ќе ви понуди работа која е од „онаа страна на законот“. Со оглед на тоа дека парите ви се потребни, ќе се двоумите што да направите. Од друга страна, можеби дилемата се однесува на нешто што сте го дознале а станува збор за личност која ја сакате. Ќе ве мачи мислата дали да и кажете или да си молчите.

Метален аван

Метален аван на сон симболизира олеснување. Можеби ќе поминувате низ многу тежок период. Многу работите или загрижени сте за некого. Сепак, во блиска иднина работите би можеле да се наместат на свое место, што ќе ви даде прилика конечно да се опуштите.

Дрвен аван

Сон во кој гледате дрвен аван имплицира добро здравје. Некој чија здравствената состојба ве плашела би можел да дознае дека не му е толку лошо како што изгледало на почетокот. Веројатно стравот и паниката си го направиле своето. Работите не сте ги согледале од вистински агол. Сепакк, детални прегледи ќе го расветлат проблемот што ќе ви донесе голема радост.

Керамички аван

Ако сонувате керамички аван тоа значи дека по природа сте кревка и емотивна личност. Блиските луѓе често се плашат дека можат да ве повредат или навредат со зборови или дела. Тешко ви паѓа сè она што има предзнак за проблеми и често не умеете да се носите со ситуацијата, особено ако е поврзано со она што го сакате.

Поради грижата за другите често се занемарувате себеси. Своите планови, обврски и цели ги ставате во втор план за да им бидете при рака на луѓето.

Камен аван

Камен аван на сон симболизира потреба за заштита. Веројатно се соочувате со некој проблем и не наоѓате начин сами да си го решите. Ќе се обратите на личноста што ви е од доверба , што ќе ви помогне да најдете решение. Доколку немате партнер во моментот ваквиот сон може да значи потреба за интимна блискост.

Мермерен аван

Кога сонувате мермерен аван тоа значи дека би можела да ви се оствари некоја желба. Жените кои планираат бременост би можеле да дознаат дека нивните молитви се слушнати. Од друга страна, можеби конечно ќе дознаете дека ќе бидете во можност да отпатувате некаде и да си го дозволите она за кое мечтаете.

Ако неодамна сте користеле аван или виделе на телевизија толкувањето на овој сон е многу поедноставно. Она што ви се случило на јаве се проектирало во сферата на сонот.

Дефиниција за аван

Аван е прибор кој се користи за ситнење и мешање на состојки. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg