Ајвар

Term Main definition
Ајвар

Ако јадете на сон или видете: желбата нема да ви се исполни. Ако приготвувате: трудот ќе ви биде залуден.

Што значи да сонувате ајвар?

Сонови со ајвар спаѓаат во група на ретки сонови. Статистички гледано, ајварот најчесто го сонуваат жени над 40 годишна возраст и оние кои живеат во рурални средини. Ако неодамна сте правеле или јаделе ајвар, во тој случај сонот нема да го толкуваме. Сонот може да биде негативен, иако ваквите сонови знаат да бидат проследени со чувство на среќа и задоволство.

Ако видите ајвар на сон

Ако на сон видите ајвар, тоа е знак дека желбата нема да ви се исполни. Можно е да посакате да бидете во врска со личност која никогаш ви нема покажано дека ѝ се допаѓате. Од преголема желба, сте си умислиле дека чувствата се двострани. Доколку личноста е зафатена, уште помала е веројатноста дека ќе бидете заедно. Погрешно ќе протолкувате некои знаци и ќе бидете во заблуда. Дури и да покаже некаков интерес кон вас, истиот нема да биде на начин на кој очекувате. Можно е да ве цени како човек и да сака да бидете пријатели.

Ако сонувате како јадете ајвар

Ако сонувате како јадете ајвар, тоа значи дека вашиот труд е залуден. Ако веќе подолго време вложувате труд во работа која не ви ја донела очекуваната заработка, истата нема да се случи ниту во наредниот период.  Понатамошно вложување би ве довело до амбис.  Се наоѓате под голем притисок, бидејќи не знаете што да правите во врска со долговите во кои сте западнале. Семејството ќе ви префрлува дека сте требале да мислите на време и да сте штеделе за црни денови. Ќе ви биде тешко, бидејќи никој нема да ви даде поддршка, туку само ќе слушате критики. Веројатно ќе побарате спас во нови долгови кои ќе ве присилат да го ставите сиот свој имот под хипотека.

Ако сонувате како приготвувате ајвар

Доколку сонувате како готвите ајвар, тоа значи дека ве очекува долг и тежок период кој на крајот ќе резултира со подобрување во приватниот живот.  Можно е поради ваша вина да сте ги влошиле односите со одредени блиски луѓе, па во вашата потсвест се наоѓа мислата  дека треба да ги поправите односите.

Ако сонувате дека некој друг прави ајвар

Некој од вашите познаници го очекува тежок период во животот, каде што ако случајно го забележите тоа ќе имате можност значително да им ги олесните проблемите и грижите употребувајќи минимален труд од ваша страна.

Ако купувате ајвар

Ако сте сонувале како купувате ајвар во продавница, ќе влезете во судир со пријателите. Иако ќе се обидат да ви дадат совет или да ви упатат конструктивна критика, вие тоа ќе го сфатите како лицемерие.  Внимателно размислете за своите реакции, бидејќи понекогаш знаат да бидат избрзани. Вашата моментална емотивна состојба не треба да влијае врз другите луѓе.

Ако јадете расипан ајвар

Сонот во кој јадете расипан ајвар симболизира нов почеток. Конечно сте охрабрени да свртите нов лист.  Зад вас е макотрпен период за време на кој сте имале чувство на колебливост и грижа. Ова не значи дека не сте имале причина, туку дека сте сфатиле дека грижата и несигурноста нема да ви донесат ништо корисно. Во секој случај, немате простор за грижа. Секој почеток е тежок и треба да бидете задоволни со себеси, бидејќи конечно сте го скршиле ледот.

Ако подарите или дадете ајвар некому

Доколку сонувате дека подарувате некому ајвар, тоа значи дека ќе слушнете добра вест. Член на семејството или некој од вашите пријатели ќе ве израдува, а не е исклучена и можност да го промените занимањето. Ако сте невработени, постои шанса да добиете повик кој ќе ви отвори нови врати.

Ако добиете ајвар на подарок

Кога сонувате дека некој ви подарува ајвар, тоа значи дека ќе се соочите со финансиски проблеми.  Извесно ризично вложување или загуба на работно место ќе ве доведе до незавидна положба. Бидете внимателни и не посегнувајте по краткорочни решенија. Ако единствен излез е задолжувањето, внимавајте што и кога потпишувате.  Очајнички потези може дополнително да ви ја влошат состојбата.

Ако сонувате полна тегла ајвар

Ако на сон видите полна тегла ајвар можно е да ви е здодеано од грижи и проблеми. Ќе посакате да се осамите за да можете подобро го осмислите следниот чекор. Тоа е добра идеја, со оглед на тоа дека преголемиот број на совети дополнително ве збунува. Ниту еден совет не е злонамерен, но едноставно во моментот не ви е ниту од корист.

Ако сонувате празна тегла ајвар

Ако сте сонувале празна тегла во која стоел ајвар, потсвеста ви вели дека чувствувате одредено незадоволство и празнина.  Некоја желба не ви се има исполнето, па како резултат на тоа се чувствувате разочарано и тажно.  Сепак, не смеете да дозволите да има толкаво влијание врз вашето ментално здравје , бидејќи постојат безброј други причини поради кои треба да сте среќни.

Намачкан ајвар на леб (да се мачка ајвар)

Чувајте се од слаткоречиви луѓе.

Ако видите ајвар на лажица

Финансиска добивка. Сонот не е предмет на толкување доколку неодамна сте јаделе или приготвувале ајвар или сте воделе разговор за ајвар.

Дефиниција за ајвар

Ајвар е вид на салата од мелени и запржени пиперки. Овој намаз е популарен во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg