Аеродром
Term | Main definition |
---|---|
Аеродром | Ако гледате аеродром – далечно патување. Ако сте на аеродром – ќе пронајдете мир и среќа. Што значи да сонувате аеродром?Луѓето често сонуваат аеродром. Тој се вбројува меѓу 500-те најчести сонови. Доколку сонувате аеродром, обично значењето е позитивно, но може да биде и симбол на лоши вести, во зависност од тоа во кој контекст сте го сонувале. Овој сон најчесто е придружен со чувства на возбуда, напнатост и радост. Ако гледате аеродромАко гледате аеродром, значи дека ве очекува далечно патување. Веќе долго време правите план да отидете на дестинација која отсекогаш сте посакувале да ја посетите. Можеби до сега сте имале многу проблеми, па ова патување ќе ви дојде како мелем за душата. Ќе сакате да се одморите и да заборавите на суровата реалност во која кога-тогаш ќе мора да се вратите. Ќе имате можност да живеете и да работите во странство. Најверојатно ќе запознаете личност која ќе сака да започне сериозна врска со вас. Ќе се најдете пред тешка одлука дали да останете во странство или да се вратите дома. Спомените од минатото нема да ви дадат мир и нема да бидете сигурни дали сте спремни да започнете живот далеку од семејството и луѓето кои ви значат. Ако од далеку видите аеродром, писта или авион, можно е некој да си поигрува со вас и поради тоа да ви претстојат непријатности. Не наседнувајте лесно на провокации и не дозволувајте емоциите да влијаат на вашите постапки. Размислете што ќе постигнете доколку влезете во конфликт, а што ако се издигнете над него. Ако сте на аеродром
Ако сонувате дека сте на аеродром, тоа е симбол на мир и благосостојба. После бурниот период кој тешко го издржавте, ви претстои подобро време. Нема да им дозволите на другите да ја загрозат среќата за која се изборивте со мака. Повторно ќе им се радувате на ситниците и ќе го живеете животот со полни гради. Ако неодамна сте се развеле или сте ја раскинале врската, ќе уживате во слободата и фактот дека не ви е потребен партнер по секоја цена. Ќе сфатите дека е точно кога велат дека е подобро да сте сами отколку во лошо друштво. Голем аеродромАко сонувате голем аеродром, значи дека ќе ви се остварат големи планови. Сепак, морате да имате предвид дека успехот не се случува преку ноќ, туку морате да вложите многу труд за да го постигнете. Не двоумете се да побарате помош од соработници или луѓе на кои им верувате. Мал аеродромДоколку сонувате мал аеродром, не ве очекуваат некои големи промени, и секојдневната рутина која е дел од вашиот живот во моментот ќе продолжи и во иднина. Иако безбедноста е пожелна и добра, вам потсвесно ви недостасува возбуда. Од вашиот парнер очекувате повеќе отколку што тој може да замисли. Затоа бидете искрени и кажете му што сакате. Можеби тој/таа размислува исто, но никогаш нема да дознаете доколку не комуницирате. Ако уривате аеродромАко сонувате како го уривате аеродромот, значи дека треба да одите на лекар. Веќе подолго ја одложувате посетата на лекар бидејќи се чувствувате добро. Обично недостатокот на физичка активност е главна причина за многу здравствени проблеми, затоа активирајте се. Срушен аеродромАко сонувате срушен аеродром, обично тоа е лош знак. Постои шанса патувањето за кое долго сонувате да пропадне. Ако планирате службено патување во странство, препорачливо е да го одложите за некое време, бидејќи тоа ќе ви заштеди и време и пари. Ако палите аеродромАко на сон се обидувате да го запалите аеродромот, можно е ваш близок пријател или партнерот да ве известил за заминување во странство. И покрај тоа што знаете дека тоа е добра одлука за нив, потсвесно се обидувате да ги запрете. Ако аеродромот гориСон во кој гледате како гори аеродром се толкува како копнеж по забранета љубов. Можеби ви се допаѓа зафатена личност и чувствувате дека тој/таа има слични чувства кон вас, но исто така знаете дека врската со таа личност мора да биде скриена, или доколку врската е јавна свесни сте дека ќе наидете на осуда од јавноста. Покрај тоа, јасно ви е дека би повредиле неколку луѓе околу вас доколку одлучите да бидете во врска со таа личност. Ако се состанувате на аеродромАко сонувате како дочекувате некого на аеродром, значи дека ќе слушнете добри вести од ваш пријател или познаник кој не сте го виделе подолго време. Можна е и нова љубовна врска. Ако сте во брак, ќе ви се допадне личност од спротивниот пол која исто така е зафатена. Ако сте слободни, можно е да се сретнете со личност која долго не сте ја виделе, но одамна имате симпатии кон неа. Ако не сакате врската со таа личност да остане предмет на вашата фантазија, направете го првиот чекор. Ако работите на аеродром
Ако на сон работите на аеродром, а тоа не е вашето занимање, значи дека ќе бидете на вистинско место во вистинско време за да спречите некоја голема неволја. Некој ваш пријател ќе се најде во неволја, и вие ќе треба да реагирате на вистински начин. Можеби нема да ви е пријатно, но свесни сте дека треба да се оддолжите за се што сторил за вас. Ако чекате на аеродром
Ако сонувате како чекате некого на аеродром, значи дека остварувањето на вашите желби зависи единствено од вас. Ако ги преиспитате постапките што сте ги направиле во животот до сега, ќе сфатите дека за секој ваш успех сте морале многу напорно да работите. Полн аеродромАко сонувате многу патници на аеродром ве очекува одличен период на љубовен план. Дополнително, ако сте возбудени, ќе ви се случат неочекувани и прекрасни работи во полето на љубовта – ќе запознаете нова личност која ќе го промени вашиот живот. Ако сте во брак, партерот ќе ви приреди големо изненадување. Ова ќе го подобри вашиот однос, бидејќи во последно време навистина не ви цветаа рози. Прифатете го предлогот на вашиот партнер и посветете повеќе време на вас. Празен аеродром
Ако сонувате празен аеродром можеби ќе ве разочара саканата личност. Ќе дознаете нешто што нема да ви се допадне, но не треба да донесете заклучок само врз основа на вашата перцепција, туку послушајте ја и нивната страна на приказната. Разговарајте отворено со саканата личност ако навистина сакате да ги поправите работите меѓу вас, но ако сметате дека не заслужува втора шанса, тогаш свртете нов лист. Ако чекате да се качите во авион
Ако сонувате како чекате во редица да се качите во авион, потсвесно очекувате некоја вест од ваш роднина, пријател или познаник. Сепак, не се надевајте премногу, бидејќи тоа што ќе го слушнете можеби нема да оди во ваш прилог. Меѓутоа, вестите кои ги чекате нема многу да влијаат на вас, ниту на ситуацијата во која се наоѓате. Шетање по аеродром
Ако се шетате по аеродром, ве очекуваат многу нови и возбудливи искуства. Очекувајте успех на љубовен и професионален план. Можно е неочекувано да добиете парична добивка. Дефиниција за аеродром
Аеродром е површина на која се наоѓаат писти за полетување, слетување, сместување и возење. |