Адам и Ева

Term Main definition
Адам и Ева

Ако ги сонувате - голема радост. Ако зборувате со нив - сè уште нема да ви се исполни некоја голема желба. Ако ја видите само Ева - зли луѓе ви посакуваат срамота и зло.

Што значи да ги сонувате Адам и Ева?

Адам во сон симболизира вистина, но и искушение, додека Ева претставува невиност, но и сексуалност. Ако ги сонувате заедно, симболизира рамнотежа помеѓу два пориви, односно импулси и начин на кој ние ги контролираме.

Доколку вие претставувате Адам и Ева во сонот, значи дека сте во дилема дали да и пријдете на личноста која долго време ве привлекува, или да почекате тој/таа да го направи следниот чекор. Од една страна ве кочи стравот од одбивање, а од друга страна чувствувате дека и тој/таа покажува слични симпатии кон вас.

Голи или облечени Адам и Ева

Постои разлика во толкувањето на сонот доколку во него Адам и Ева се облечени или голи. Ако во вашиот сон Адам и Ева се облечени, тогаш сонот има позитивно значење. Ова укажува дека во блиска иднина ќе запознаете нова личност или ќе добиете добра понуда за работа.

Доколку пак Адам и Ева се голи во вашиот сон, тоа значи дека ненамерно ќе нанесете неправда на некој ваш пријател, познаник или колега, и дека поради тоа ќе ве гриже совеста.

Алтернативно толкување кога во сон ќе ги видите Адам и Ева е дека ве очекува голема радост. Конечно во вашиот живот коцките ќе се поклопат и работите ќе тргнат на подобро. Ќе почувствувате олеснување бидејќи конечно ќе можете да се посветите на остварување на вашите цели. Ќе бидете полни со позитивна енергија, така што сите ќе посакаат да бидат во вашето друштво. Имате можност да одите на патување за кое одамна сонувате.

Ако се запознавате со Адам и Ева

Ако во сонот се запознавате со Адам и Ева, очекувајте посета од некој роднина или пријател кој долго не сте го виделе. Ќе ви биде пријатно друштвото со ваши блиски луѓе.

Ако разговарате со Ева

Ако сонувате дека разговарате со Ева, тоа имплицира дека сè уште нема да ви се исполни некоја голема желба. Многу сте нестрпливи и сакате на сила да ги постигнете зацртаните цели. Ако е во прашање напредување на работното место, мора да вложите многу труд за да се усовршите.

Претпоставените гледаат дека сте способни, но ништо не може да направите преку ноќ. Преголемата желба за успех ве прави нереални и премногу критични кон секој чекор што го правите.

Ако сте пријател со Адам

Ако сонувате дека Адам ви е пријател, ќе ви се случи позитивна промена на работен план. Сепак, бидете свесни дека тоа бара многу работа и труд од ваша страна. Иако ви се чини дека во моментот вашиот труд никој не го препознава и не го цени, морате да бидете трпеливи, бидејќи вашето време доаѓа допрва.

Ако сте пријател со Ева

Кога на сон сте пријатели со Ева, тоа е предупредување дека некој ви посакува зло. Опкружени сте со зависни луѓе кои се радуваат само кога имате проблеми. Овие луѓе често ги извртуваат вашите зборови и уживаат да ви создаваат неприлики. Таа ситуација ве прави несреќни, но немате избор. Свесни сте дека мора да поднесете многу неправди бидејќи се работи за луѓе на кои не можете да им кажете не.

Ако се расправате со Адам и Ева

Иако сте свесни дека не можете да го наметнете вашиот начин на размислување на никого, потрудете се со добра намера да му помогнете на вашиот пријател или партнер. Бидете претпазливи бидејќи другата страна може да ги протолкува вашите совети на погрешен начин. Препознајте го моментот кога треба да се повлечете од таков вид на разговор, за другата страна да не ги доживее вашите совети како паметување.

Ако се бакнувате со Адам или Ева

Ако сте женско и сонувате бакнеж со Адам, значи дека пред вас е мирен период, а ако сонувате како се бакнувате со Ева, ве очекува паричен добиток. Во друг случај, ако сте машко и го бакнувате Адам, значи дека чувате некоја тајна и се плашите да не ја откриете некому ненамерно. Ако сте машко и сонувате како ја бакнувате Ева, тоа е знак дека на работа ве очекуваат благи турбуленции кои нема долго да траат.

Ако Адам и Ева јадат јаболко

Религиската приказна за тоа како забранетото овошје ги протерало Адам и Ева од рајската градина има јасна порака. Меѓутоа ако ја сонувате оваа приказна постои голема шанса да направите добар и успешен бизнис.

Ако Адам и Ева водат љубов

Овој сон симболизира поттисната сексуална фантазија. Најверојатно се чувствувате осамени или ви недостасува страста која некогаш сте ја чувствувале кон партнерот. Ве оддалечува недостатокот на комуникација, а тоа резултира со се поретка потреба за сексуален однос.

Време е да престанете да ги туркате работите под тепих и да превземете нешто по тоа прашање. Искрен разговор со партнерот ќе ви помогне да сфатите дали тоа што ви се случува е само минлива фаза или е време да пресечете и да завртите нов лист.

Ако ги сонувате Адам и Ева во вашиот дом

Ако сонувате дека Адам и Ева се во вашиот дом, односно не ги сонувате во контекст во кој тие се наоѓаат во приказната, тогаш сонот има негативно значење. Ве очекуват некои немили настани, и затоа водете сметка за себе, партнерот и членовите на семејството.

Ако ја сонувате рајската градина

Ако ја сонувате рајската градина, тоа укажува на разрешување на вашите дилеми. Ќе сфатите што сакате и сè ќе ви биде полесно и поедноставно. Ќе тргнете огромен товар од својот грб и тоа ќе ви донесе мир, но и подобрување на односите на работа, во семеството и со љубовниот партнер, како и полесна комуникација со околината.

Ако ја палите или уништувате рајската градина

Иако сонот е прилично деструктивен, не се толкува негативно и зависи од контекстот во кој се наоѓате. Ако сонувате дека ја палите рајската градина во налет на бес, значи дека ќе си признаете самите на себе дека сте погрешиле, но и дека не е доцна да ги поправите работите.

Ако уживате додека ја уништувате рајската градина, значи дека во иднина со задоволство ќе решите некој проблем кој долго време ве измачувал и ве кочел да продолжите понатаму.

Ако некој друг ја уништува рајската градина

Ако сонувате како некој друг ја уништува рајската градина, можно е да имате впечаток дека некој се меша во вашиот живот, но свесност дека тоа го прави со добра намера ве спречува да му кажете да престане да го прави тоа.

Доколку неодамна сте читале за Адам и Ева или ако сте гледале филм на таа тема, можно е сонот да е резулат само на впечатокот кој ви го оставила таа приказна.

Дефиниција на Адам и Ева

Адам и Ева се првите маж и жена кои ги создал Бог. Тие се протерани од рајот поради гревот на Ева.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg