Абортус
Term | Main definition |
---|---|
Абортус | Ако сонувате дека се врши врз вас или врз некоја друга личност: грижи, озборувања, љубомора, страв. Што значи да сонувате абортус?Ако вршите абортусАко медицината ви е животен повик, или пак, сте студент на медицински факултет, овој сон не е предмет на толкување. Сонот не треба да се толкува во случај неодамна да сте биле во болница или доколку сте посетиле лекар. Во спротивно, постои шанса од некоја причина да се чувствувате поразено. Тешко сте го поднеле поразот и истиот значително ви ја нарушил самодовербата. Имате впечаток дека сте го изневериле семејството или пријателите, дека не сте ги исполниле нивните очекувања. Сепак, не треба да дозволите тоа да влијае на нашите понатамошни планови. Ако правите абортус кога не сте бремениКога сонувате како абортусот се врши врз вас, тоа може да се протолкува како љубомора и страв. Ако имате проблеми во врската или бракот, веројатно стравувате дека вашиот партнер ќе ве изневери. Веројатно сте слушнале приказни кои ви го одземаат мирот. Немате конкретни докази и не знаете како да се однесувате. Партнерот гледа дека нешто не е во ред, со што дополнително се создаваат несогласувања меѓу вас. Вашата голема гордост не ви дозволува да признаете што ве мачи. Постои можност да ве загрижува фактот дека сè уште не сакате да имате дете. Ако долго време сте во врска или брак, средината ви врши притисок да го направите чекорот. Сакате да бидете целосно сигурни дека донесувате правилна одлука. Семејството ве оптоварува, бидејќи ви наметнува нивни вредности и сака да го обликувате вашиот живот според нивните желби. Ако сонувате за абортус кога сте бремениАко сте бремени и сонувате за абортус, тоа е знак дека чувствувате анксиозност и страв. Сепак, нема простор за загриженост, бидејќи без разлика на тоа колку делувал вознемирувачки, сонот со абортус нема негативна конотација. Вообичаено се толкува како радост поради пристигнување на бебето. Затоа, фокусирајте се на позитивни мисли и бидете среќни поради убавите моменти кои следат. Кога маж сонува за абортусАко сте маж и сонувате за абортус, тоа обично значи дека се чувствувате виновни поради некоја причина или, пак, имате чувство дека ќе доживеете пораз на деловен или на љубовен план. Може да се однесува на некој конкретен проект на кој што работите во моментот, па се плашите да не се случи нешто што би ви го загрозиле успехот и уништило сè она што сте го постигнале досега. Се чувствувате немоќни да завршите нешто што сте започнале, а од исклучителна важност ви е истото да се реализира. Приморани сте да донесете одлука поради која ќе мора да се откажете од многу нешта за да постинете успех. Ако сте маж и сонувате дека сте имале абортусПотсвеста ви вели дека сте си натовариле многу обврски и ве фаќа паника, бидејќи не сте сигурни како да ги завршите. Морате да си дадете оддишка и да одредите приеритети. Тоа не значи дека треба да се откажете, туку дека треба подобро да ги организирате нештата за да не си го загрозите здравјето. Ако сонувате дека некој друг има абортусАко абортус се врши врз некоја друга личност во ваш сон, постои веројатност некој ваш близок да се наоѓа пред тешка одлука, како на пример, развод или раскинување. Личноста најчесто ви се исповеда вам, што ве прави одговорни за кој совет кој и го пружате. Ситуацијата во која се наоѓа ве преотоварува, но цврсто сте решени да истраете, бидејќи сте свесни дека вашата поддршка ѝ /му е премногу значајна. Значењето на сонот може да се протолкува на поедноставен начин. Доволно е да сте виделе на телевизија и слушнале за абортус, па тоа врз вас оставило силен впечаток. Дефиниција за абортусАбортус е прекин на бременоста кој настанува спонтано или намерно. |