Девојка од Шкотска, која стана милионерка на 17 години: „Посакувам никогаш да не добиев на лото“
- Детали
- среда, 11 јануари 2023
„Мислев дека со добивката животот ќе ми се подобри 10 пати, но стана 10 пати полош. Во поголемиот дел од деновите посакувам да не ги добиев тие пари. Си велам дека животот ќе ми беше многу полесен ако не добиев на лото“, вели Џејн Парк (27) oд Шкотска, најмладата добитничка на британската лотарија.
Џејн Парк (27) oд Шкотска на само 17 години доби на лото 1 милион фунти, откако го купила првото ливче во животот. Со тоа стана најмладиот добитник на британската лотарија „EuroMillions“.
Во тоа време таа живеела во двособен стан со нејзината мајка Линда во Единбург.
Животот ѝ се променил комплетно во 2013 година кога стана добитник, но на полошо, вели таа.
Џејн во медиумите многупати говореше колку е стресно да се биде милионер.
„Имам материјални работи, но освен тоа мојот живот е празен. Која е смислата на мојот живот?
Мислев дека со добивката животот ќе ми се подобри 10 пати, но стана 10 пати полош. Во поголемиот дел од деновите посакувам да не ги добиев тие пари. Си велам дека животот ќе ми беше многу полесен ако не добиев на лото.“
Џејн парите ги троши на автомобили, одмори, облека и многу пластични операции. Од операции на гради, па до процедура за подигнување на задникот во Турција, поради која за малку ќе настрадала од сепса, таа постојано прави процедури за разубавување.
Во најавата на шоуто „The Curse of the Lottery“ неодамна таа повторно изјави дека не му посакува никому да добие на лото.
Особено дека ова важи за млади луѓе како неа.
Џејн се жали дека сите ја гледаат од корист, а не знае дури и момците дали се со неа од љубов или поради парите.
Се разбира, ова не значи дека лото добивка вака би се одразила врз животот секому, Џејн се жали само на своето искуство.
Како изгледа нејзиниот животен стил:
С. С. | Црнобело