„Зошто ме разочара Миконос и нема да се вратам таму никогаш повторно?“

„Јас можам да си дозволам да си платам квалитетна храна и пијалаци, но тоа не значи дека сакам некој да ме соголи со цените, претерано е“, коментира Кристина Форд (63) од Лондон за Миконос.

zoshto-me-razochara-mikonos-i-nema-da-se-vratam-nikogash-povtorno-01.jpg

Кристина Форд (63) е писател и влогер од Канада, а живее во Лондон. Таа неодамна го посети грчкиот остров Миконос и открива зошто никогаш не би се вратила на ова место.

zoshto-me-razochara-mikonos-i-nema-da-se-vratam-nikogash-povtorno-02.jpg

Главната причина вели дека е екстремно високата сметка во хотелот, персоналот кој ја притискал да даде екстра бакшиш, покрај бакшишот кој веќе го дала.

„Ова е лудо. Миконос, јас не знам што се случува со тебе“.

zoshto-me-razochara-mikonos-i-nema-da-se-vratam-nikogash-povtorno-05.jpg

Кристина вели дека на сметката ѝ напишале разни даноци, бакшиш и што уште не.

За три ноќевања платила околу 700 евра.

„Во сите години минати во патувања никогаш не сум видела вакво нешто. Исто така, верувам дека ако бев Гркинка, а не Канаѓанка, често погрешно перципирана како Американка, нема да ми бараа толку бакшиш“.

zoshto-me-razochara-mikonos-i-nema-da-se-vratam-nikogash-povtorno-06.jpg

Потоа, таа се пожали дека сакала да седне во некој бар и да гледа зајдисонце и иако барот бил третина празен персоналот ѝ рекол дека не може да седне освен ако не планира да направи минимум консумација од 100 евра.

Во друг бар, кој бил речиси празен и рекле дека мора задолжително да има резервација, а проблемот бил тој што е соло патник и би им држела цела маса сама, наместо да седнат повеќе луѓе, кои би направиле поголема сметка.

Кристина ова го смета за дискриминација.

zoshto-me-razochara-mikonos-i-nema-da-se-vratam-nikogash-povtorno-03.jpg

Исто така за цените вели: „Јас можам да си дозволам да си платам квалитетна храна и пијалаци, но тоа не значи дека сакам некој да ме соголи со цените, претерано е“.

zoshto-me-razochara-mikonos-i-nema-da-se-vratam-nikogash-povtorno-04_copy.jpg

„Ако сакате вино од 180 евра на просечна плажа на која веќе плаќате 110 евра за лежалка, тогаш повелете, но светот е полн со многу подобри места кои можете да ги видите и искусите.

Севиља во Шпанија на пример е прекрасно место за соло патници или пак Италија, каде сите ве третираат како да сте им навистина блиска личност“.

Нејзините видеа каде коментира за Миконос:

@insearchofmrdarcy

Don’t go to Mykonos if you are travelling by yourself. Here’s why .#travel #traveltips #mykonos #solotravel #ripoff #womenwhotravel

♬ original sound - Christina|Author|Bad-Ass

@insearchofmrdarcy

Never have I ever had this happen travelling. Mykonos, you are taking advantage of your visitors #travel #traveltips #mykonos #solotravel #ripoff #womenwhotravel

♬ original sound - Christina|Author|Bad-Ass

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прво видео од Кејт Мидлтон откако исчезна - Јавноста верува дека е нејзина двојничка „Објавија и лажно видео од Кејт? Значи никогаш повеќе нема да ја видиме“, е еден...
Бурниот љубовен живот на Ивана, поранешната сопруга на Доналд Трамп: Брак за државјанство, 23 години... Доналд Трамп е само еден од четирите сопрузи на Ивана Трамп. Таа беше во брак со...
„Никогаш веќе нема да учествувам во Secret Santa на работа – купив скап подарок, а добив кутија чоко... „Знам дека е Божиќ, некои луѓе можеби нема да добијат ниту еден друг подарок, па...
Потресни сведоштва за ураганот Милтон во Флорида: „Кога ќе се вратам дома – се ќе биде уништено“ „Од претходниот ураган месецов, изгубив скоро сè, вклучувајќи го и мојот автомоб...
„Камбаните на Нотр Дам повторно бијат“: Свечено отворање на катедралата во Париз, стоечки овации за ... Меѓу присутните беа Салма Хајек и нејзиниот сопруг кој донира 100 милиони долари...
„Бев сексуално малтретиран на 8-годишна возраст“: Братот на принцезата Дијана со потресно сведоштво „Директорот на училиштето во коешто ме испратија беше садистички педофил, а јас ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg