„Откако останав парализирана, 1-годишната ќерка ми беше мотивација – заедно учевме да одиме“

Млада Американка останала парализирана откако паднала од 5 метри височина. Додека лекарите не прогнозирале многу да се подобри, таа била мотивирана од нејзината ќерка која штотуку проодувала и повторно застанала на нозе.

majchinskata-ljubov-i-dala-sila-po-teshka-operacija-majka-uchi-povtorno-da-odi-ovoj-pat-zaedno-so-nejzinata-kjerka-01.jpg

5 ноември 2023 година е ден кој 24-годишната Вејхер ќе го памети засекогаш. Тогаш младата Американка паднала од речиси 5 метри височина, од падот почнала да се вкочанува, а во тие моменти мислела дека умира.

Откако со брза помош била пренесена во локална болница, лекарите ѝ соопштиле дека имала скршен прешлен. Таа избрала да биде оперирана, бидејќи тоа била нејзината единствена надеж дека ќе може повторно да оди.

По седумчасовна операција, Вејхер поминала осум дена во болнички кревет и повеќе од еден месец во болница за рехабилитација, каде што секојдневно имала најмалку три часа интензивна терапија за да научи повторно да оди.

majchinskata-ljubov-i-dala-sila-po-teshka-operacija-majka-uchi-povtorno-da-odi-ovoj-pat-zaedno-so-nejzinata-kjerka-02.jpg

Она што ја одржувало во живот во тие моменти, не знаејќи што ѝ носи иднината, била нејзината ќерка која штотуку учела да оди сама.

„Лејкен беше мојата мотивација, таа беше мојата причина.

Најверојатно втората најтешка работа околу сета оваа ситуација беше чувството дека повеќе не можам да бидам мајка, како да не давав сè од себе и како да ја изневерувам на кој било начин“, вели Вејхер.

Најпрво, кога се вратила дома таа била во инвалидска количка, а по амбулантската физикална терапија, полека добивала сила да застане сама, а потоа да направи неколку чекори.

Откако во јануари го прославиле првиот роденден на Лејкен, Вајхер рекла дека добила дополнителна мотивација да оди и да биде во чекор со нејзината ќерка.

majchinskata-ljubov-i-dala-sila-po-teshka-operacija-majka-uchi-povtorno-da-odi-ovoj-pat-zaedno-so-nejzinata-kjerka-03.jpg

Кога на почетокот на месец март Лејкен ги направила своите први чекори, и Вајхер почнала повторно да оди.

„Во тој момент, можев да ја ставам едната нога пред другата, и тоа навистина бавно, и да направам само неколку чекори.

Сега сум подобро и можам да одам подалеку“, вели Вајхер.

majchinskata-ljubov-i-dala-sila-po-teshka-operacija-majka-uchi-povtorno-da-odi-ovoj-pat-zaedno-so-nejzinata-kjerka-04_copy.jpg

„Беше прекрасно да го делиме тоа искуство со ќерка ми“, додава таа.

Според физиотерапевтите, Вајхер е многу подалеку отколку што очекувале, и тоа благодарение на нејзината ќерка како мотивација.

majchinskata-ljubov-i-dala-sila-po-teshka-operacija-majka-uchi-povtorno-da-odi-ovoj-pat-zaedno-so-nejzinata-kjerka-05.jpg

„Не сум сигурна дали би работела толку напорно ако ја немав Лејкен.

Би рекла дека на почетокот имаше повеќе лоши денови отколку добри, и таа е единственото нешто на кое мислев за да не се откажам“, раскажува Вајхер.

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg